Љубомир Иванов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Љубомир Иванов
Lyubomir-Ivanov-2.jpg
бугарски научник
Роден7 октомври 1952
Софија, Народна Република Бугарија
ЖивеалиштеБугарија
Полињаматематика, географија, лингвистика
УстановиБугарска академија на науките
ОбразованиеСофиски универзитет

Љубомир Лалов Иванов (бугарски: Любомир Лалов Иванов, Софија, 7 октомври 1952) - бугарски математичар, географ, лингвист и политичар.

Претседател на секцијата „Математичка логика“ на Институтот за математика и информатика на Бугарската академија на науките (1990-2011). Претседател на бугарската Комисија за антарктички топоними од 1994 година,[1] и национален претставник во Меѓународниот комитет на антарктичка географска информација.[2] Претседател на фондацијата Манфред Вернер од 1994 година, претседател на Атлантскиот клуб во Бугарија (2001-2009 ).[3]

Биографија[уреди | уреди извор]

Љубомир Иванов е роден на 7 октомври 1952 година во Софија. Во периодот 1986-1988 година тој организира успешна дисидентска кампања против кандидатурата на Софија за спроведување на Зимските олимписки игри во 1992 и 1994 година во градот и на планината Витоша.[4][5][6][7][8][9][10][11] Бил активист на Независната асоцијација Екогласност во 1989 година. Автор на Повелбата '89 за зачувување на бугарската природно наследство.[12] Соосновач на здружението Природен фонд[13] и на Партијата на зелените, 1989 година. Учесник во Националната тркалезна маса, 1990.[14] Член на Националниот координативен одбор на Сојузот на демократските сили (1990-1991).[15] Пратеник во VII Големо народно собрание.[16] Тој е автор на научни трудови од областа на математиката, лингвистиката и топонимијата[17], кои се применуваат особено во процесот на дизајнирање на Упростениот систем за романизацијата на бугарскиот јазик.[9] Иванов сугерира користење на неговиот пристап кон транслитерација да се користи и за други кирилични азбуки, вклучувајќи ги руската и македонската.[18][19] Учесник во неколку антарктички експедиции[20][21][22] и автор на првите бугарски топографски карти на Антарктикот. Лидер на топографското истражување Тангра 2004/05, наведено од страна на Дискавери ченел (Discovery Channel) како хронолошки настан во истражувањето на Антарктикот.[23]

Награди[уреди | уреди извор]

Во 1987 година, Иванов ја добил наградата „Никола Обрешков“ – највисоката бугарска награда за достигнувања во областа на математиката[24][25] за неговата монографиjа „Алгебарска рекурзивна теорија“.[26] Награда од УНХЦР за неговиот придонес во студиите за бегалци.[27][28][29][30]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Antarctic Place-names Commission of Bulgaria (англиски)
  2. Standing Committee on Antarctic Geographic Information (англиски)
  3. The Atlantic Club of Bulgaria (англиски)
  4. Bistrishko Branishte vandalized – once again. Letter of appeal about environment. Sofia, January 1989. 1 p. (англиски)
  5. Olympics vs conservation. Grasduinen Maandblad, Haarlem. May 1988. 3 pp. (Excerpts) (англиски)
  6. On Sofia's candidacy for the 1994 Winter Olympics. Analytical report. Sofia, January 1988. 4 pp. (бугарски)
  7. Who cares about Vitosha? Analytical report. Sofia, January 1988. 3 pp. (англиски)
  8. To whomever it may concern (1994 Winter Olympics). Letter of appeal about environment. Sofia, January 1988. 2 pp. (англиски)
  9. Let's preserve Bistrishko Branishte. Pogled Weekly, 30 June 1986. p. 8 (бугарски)
  10. What to do with Vitosha? Narodna Kultura Weekly, 25 July 1986. p. 1 (бугарски)
  11. Winter Olympics. The Times (London, England), 15 October 1986. p. 17. Issue 62589. ISSN 0140-0460 (англиски)
  12. Charter ’89 for Preservation of the Bulgarian Nature Heritage (англиски)
  13. Wilderness Fund (англиски)
  14. Кръглата маса (3.01.1990 – 14.05.1990) Пълна стенограма (бугарски)
  15. Списък на членовете на Координационния съвет на СДС. Вестник „Демокрация“, 27 април 1990. (бугарски)
  16. България в ЕС: Решение на ВНС 1990] (бугарски)
  17. Л. Иванов. Български имена в Антарктика. София: Фондация Манфред Вьорнер, 2019. 525 с. ISBN: 978-619-90008-4-7
  18. Streamlined Romanization of Russian Cyrillic. Contrastive Linguistics. XLII (2017) No. 2. pp. 66-73. (англиски)
  19. Romanization of Macedonian: The 2003 Streamlined System (англиски)
  20. Bulgarian Antarctic Institute: Expeditions (англиски)
  21. Livingston Island: Tangra Mountains, Komini Peak, west slope new rock route; Lyaskovets Peak, first ascent; Zograf Peak, first ascent; Vidin Heights, Melnik Peak, Melnik Ridge, first ascent. The American Alpine Journal, 2005. (англиски)
  22. Антарктика: Природа, история, усвояване, географски имена и българско участие. София: Фондация Манфред Вьорнер, 2014. 411 с. (бугарски)
  23. 14 November 2004: Tangra. Discovering Antarctica Timeline. Discovery Channel UK website, 2012. (англиски)
  24. Lyubomir Ivanov. Institute of Mathematics and Informatics. (англиски)
  25. Диплома на наградата Акад. Никола Обрешков за 1987 (бугарски)
  26. Algebraic Recursion Theory. Chichester, West Sussex: Ellis Horwood; and New York: John Wiley & Sons, 1986. 256 pp. (англиски)
  27. Ivanov, L. The role of immigration for the demographic and national development of Bulgaria in the 21st century, in: Towards New Immigration Policies for Bulgaria. Sofia: Manfred Wörner Foundation, 2006. 54 pp. (бугарски), резиме на (англиски)
  28. Ivanov, L. Demographic priorities and goals of the Government Program 2017–2021. Presentation at the round table Demographic Policies and Labour Mobility organized by the Ministry of Labour and Social Policy, and the State Agency for the Bulgarians Abroad. Sofia, 19 September 2017. 4 pp. (бугарски) и (англиски)
  29. Л. Иванов. Мерки за решаване на демографските проблеми. Списание Бизнес Клуб. № 11 (2017). с. 18-20. ISSN 2367-623X (бугарски) и (англиски)
  30. UNHCR Award in Recognition of Innovative Contributions to the Academic Refugee Studies Initiative in Bulgaria (ARSIB), bestowed in 2002 (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]