Љубов и мода
„Љубов и мода“ (српски: Љубав и мода) — филм на режисерот Љубомир Радичевиќ од 1960 година. Главните улоги ги играат: Беба Лончар, Мија Алексиќ, Миодраг Петровиќ Чкаља, Милош Жутиќ, Миќа Татиќ, Властимир Ѓуза Стојиљковиќ. Филмот ја прославил Беба Лончар која набргу заминала во странство, а исто така, во филмот се појавуваат и Иво Робиќ, Габи Новак и Арсен Дедиќ. Музиката од филмот стекнала култен статус, особено песната „Девојко мала“ која ја исполнува Стојиљковиќ.[1]
Синопсис
[уреди | уреди извор]За да заработат пари потребни за одржување на аеро-смотра, неколку студенти организираат модна ревија за претпријатието „Југошик“ при што се служат со ситни измами. Ревијата е успешна и никој не трпи штета, а на крајот, студентката Соња (ја игра Лончар) и модниот творец Бора ги решаваат своите несогласувања...
Наводи
[уреди | уреди извор]- Српски филмови
- Музички филмови
- Југословенски филмови
- Филмови на Авала филм
- Филмови на српски јазик
- Филмови на српскохрватски јазик
- Филмови од 1960 година
- Филмови на Љубомир Радичевиќ
- Филмови со Властимир Ѓуза Стојиљковиќ
- Филмови со Милош Жутиќ
- Филмови со Миќа Татиќ
- Филмови со Миодраг Петровиќ-Чкаља
- Филмови со Мија Алексиќ
- Филмови со Јанез Врховец
- Филмови со Јелена Жигон
- Филмови со Беба Лончар