Љубов во офсајд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Љубов во офсајд
Жанрдрама, теленовела
Создадена одЗоран Будак, Бранко Иванда
УлогиФилип Јуричиќ
Ива Вискович
Ксенија Пајиќ
Ненад Стојменовиќ
Јелена Велјача
Земја на потеклоХрватска
Првичен јазиксрпскохрватски
Бр. на епизоди175
Производство
Извршен продуцент(и)Роман Мајетиќ, Ива Грахор
МестоположбаЗагреб
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаХрватска радиотелевизија
Надворешни врски
Мрежна страницаava.hr/ljubav/

Љубов во Офсајд е втората хрватска теленовела снимена во продукција на Ава Продукција. Ава започна со подготовките за оваа серија во јануари 2005 година ( во текот на снимањето на Вила Марија ) . Серијата е снимана во 175 епизоди, и имаше огромен успех на Балканот.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Серијата започнува 25 години подоцна, кога сите се во Загреб. Главната приказна се одвива помеѓу двајца млади, фудбалерот Марко Марушиќ и сликарката Нина Радиќ, чија прва средба беше кавга. Нина Радиќ доаѓа од богата фамилија, ќерка на стопанственикот Франко Фишер и главна уредничка на магазинот Stars, Ксенија Фишер. Дистанцирана од својата фамилија, таа живее во мал и убав стан со својот дечко Тео, кој работи како диџеј. Марко Марушиќ е пак познат фудбалер од загребски фудбалски клуб, чија девојка е манекенка и џет сетерка, препотентната Маја Жупан. Марко во детството останал без татко, кој загинал во собраќајна несреќа, со што ја оставил неговата мајка Марија, вдовица. Наскоро, во клубот доаѓа нов тренер, Петар Малек, кој е многу поврзан со Марко, и несреќата на неговиот татко, како и Франко Фишер и Владо Цукиќ, татко на најголемиот соперник на Марко, фудбалерот Огнен. Наскоро, Марко почнува да чувствува спрема Нина нешто поголемо... но, ќе го промени ли мислењето кога ќе дознае дека таткото на Нина е еден од осомничените за смртта на неговиот татко?

Улоги[уреди | уреди извор]

Глумци Ликови
Филип Јуричиќ Марко Марушиќ
Ива Висковиќ Нина Радиќ
Јелена Велјача Маја Жупан
Ненад Стојменовиќ Огнен Цукиќ (Цуки)
Ксенија Пајиќ Ксенија Фишер
Зијад Грачиќ Франко Фишер (Френки)

Љубов во Офсајд на Балканот[уреди | уреди извор]

Македонија: Канал 5 Телевизија
Србија: Пинк Телевизија
Босна и Херцеговина: Пинк БХ
Хрватска: ХРТ
Црна Гора: Пинк М

Надворешни врски[уреди | уреди извор]