Љубовта се случува

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Љубовта се случува (Love Happens)“
Официјален постер
РежисерБрендон Камп
ПродуцентСкот Стубер
Мајк Томпсон
СценаристБрендон Камп
Мајк Томпсон
Главни улогиЏенифер Анистон
Арон Екхарт
Мартин Шин
Жанрдрама комедија
МузикаКристофер Јанг
ДистрибутерUniversal Pictures
Премиера18 септември 2009
Времетраење109 мин.
Земја САД
Јазиканглиски
Буџет$18,000,000

Љубовта се случува (англиски: Love Happens) — американски драма комедија филм од 2009 год. Овој филм е првенче на режисерот Брендон Камп кој филмската тема ја замислил откако и самиот поминал низ период на тага по смртта на неговата мајка: “Беше тоа тежок период за мене. Процесот на тага е многу комплексна работа. Оттогаш почнав да ја мислам содржината за овој филм.“. Во главната женска улога во филмот се појавува познатата глумица Џенифер Анистон.

Критичарите не го сакаа премногу филмот, дури еден гледач на интернет остави порака која гласи дека филмот „Љубовта се случува“ може да се промени и во наслов наречен „Ништо не се случува“. Една критичарка истакнала да се прашуваат многумина зошто Џенифер Анистон “продолжува да бира проекти за слободните девојки кои се несреќни во љубовта“. Заклучно е дека и филмот започна ветувачки, но кон крајот докажува дека не е ништо повеќе од една сапуница. Washington Post објави позитивна критика во која го оценува филмот како “подобар отколку што ветува очајниот анслов“, и го нарекува “редок романтичен филм во кој чувствата се многу поважни од љубовта на прв поглед“.

Кратка содржина[уреди | уреди извор]

Бурк Рајан изгледа ги има сите одговори. Но, само ако прашате милиони негови обожаватели кои измамено ги читаат неговите книги и поминуваат семинари за преовладување на стравот и оптимизам. Во реалноста, тој не е толку сигурен во советите кои им ги дава на другите бидејќи смртта на неговата сопруга го потресила и променила навистина. Но, кога ја запознава цвеќарката Елоис, за првпат останува без текст... Прашањето е дали Бурк ќе допушти ново заљубување и ќе ја згрози својата кариера? А Елоис? Дали после серијата разочарувања конечно го најде вистинскиот?

Глумечка екипа[уреди | уреди извор]

Глумци Ликови
Џенифер Анистон Елоис
Арон Екхарт Бурк Рајан
Џуди Грир Марти
Ден Фоглер Лејн
Џо Андерсон Тајлер

Надворешни врски[уреди | уреди извор]