Љубовна приказна (филм од 1970)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Љубовна приказна (англиски: Love Story) – американски филм од 1970 година, во режија на Артур Хилер. Сценариото го напишал Ерих Сегал. Главните улоги ги толкуваат: Рајан О'Нил, Али Мекгро, Реј Миланд, Џон Марли, Кетрин Балфур и Томи Ли Џонс.

Содржина[уреди | уреди извор]

Оливер Барет (го игра О'Нил), кој потекнува од угледно и богато семејство, студира право на Универзитетот Харвард. Тој се вљубува во интелигентната девојка Џени (ја игра Мекгро), која доаѓа од средната класа, но на таа врска се спротивставува конзервативниот татко на Оливер (го игра Миланд). Сепак, Оливер не ја напушта девојката со која набргу се венчава, по што живеат среќен, идиличен живот. Одненадеж, младиот брачен пар се соочува со страшна вистина: Џени е заболена од смртоносна болест, а лекарите предвидуваат дека таа ќе живее уште малку време.[1]

За филмот[уреди | уреди извор]

Филмот постигнал голем комерцијален успех и до ден-денес претставува една од најпознатите љубовни приказни прикажани на филмското платно, а главните јунаци на филмот веднаш станале големи филмски ѕвезди. Филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ во повеќе категории, а победил само во категоријата за најдобра музика. Сепак, филмот освоил четири награди „Златен глобус“ (за најдобар филм, режија, сценарио и музика). За своите улоги, О'Нил и Мекгро ја добиле италијанската награда „Давид“, а Мекгро ја добила и наградата „Златен глобус“.

Наводи[уреди | уреди извор]