Љубовна препрека

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Љубовна препрека
Жанрдрама, теленовела
Создадена одЛилијана Абуд
УлогиЈадира Кариљо
Серхио Рејносо
Алексис Ајала
Шантал Андер
Арон Диаз
Воведна тема"Barrera de Amor" , Ноелија
Земја на потеклоМексико
Првичен јазикШпански
Бр. на епизоди200
Продукција
Извршен продуцент(и)Ернесто Алонсо
МестоположбаАгваскалиентес Канада Мексико Сити
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаКанал2
Надворешни врски
Мрежна страницаesmas.com/barreradeamor/

Љубовна препрека (шпански: Barrera de Amor), е романтична мексиканска теленовела. Серијата е снимена во Мексико во текот на 2005 година, со 200 епизоди . Серијата во Мексико имаше задоволувачки успех, додека во светот не беше толку популарна.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Марија Тереза Галван (Мајте) живее во Санта Марија, мал град близу мексиканската држава Агваскалиентес. Таа е во врска со Луис Антонио Ромео, стар вдовец чии две деца ја обожаваат Мајте. Луис Антонио е ветеринар на хациендата Валадолид и планира да се венча со Мајте, но неговата среќа е нарушена кога Адолфо Валадолид, кој се претставува како негов пријател, брутално ја силува Мајте. Воден од бес, Луис Антонио го претепува Адолфо и е пратен во затвор, од страна на мајка му на Адолфо, Г-ѓа Хасинта. Мајте, за жал, не може да му помогне, а набргу дознава дека е бремена. Таа се плаши за животот на Луис Антонио и го моли Аолдфо да ја повлече тужбата против него. Адолфо одлучува да го пушти него, само по еден услов, ако Мајте се венча за него. Кога Луис Антонио е пуштен на слобода, уверен е дека Мајте се венча за Адолфо само поради неговите пари. Очаен, го напушта градот и се сели во северно Мексико. Ремедиос Гомез е слугинка во фамилијата Валадолид. Таа живее со синот Федерико на имотот, кој е дволичен и злобен, а воедно е и полубрат на Адолфо. Федерико е опседнат со Манола Линарес, свршеничката на Адолфо, посесивна жена, која не го сака Адолфо, туку неговото богатство. Откако дознава дека Адолфо планира да се венча со Мајте, од инает Манола стапува во брак со Адолфо Замора. Адолфо и Хасинта се обидуваат да ја одвојат Мајте од нејзината ќерка Валерија, мислејќи дека таа нема правилно да ја одгледа. Мајте се обидува да побегне со ќерка и, но Федерико ја наоѓа. Хасинта одлучува да ја сопре Мајте, ја обвинува за малтретирање на сопругот и ја брка од хациендата. Погодена, Мајте заминува во Мексико, каде почнува да работи како готвачка во мал ресторан. Набргу после тоа, Хасинта ја праќа Валерија во интернат во Канада. Луис Антонио, сега живее во Долна Калифорнија, со синовите Андрес и Даниела и имаат ветеринарска амбуланта. Годините поминуваат, но Луис Антонио не ја заборавил Мајте. Мајте се обидувала да ја поврати нејзината ќерка со помош на Виктор, газдата на ресторанот, но не може да ја пронајде. Во Мексико, Мајте налетува на Магдалена, која ја запознала во Санта Марија. Магдалена била бивша девојка на Адолфо, но Хасинта не допуштила тој да се венча со неа. Сега работи во бордел како проститутка и има ќерка Вероника, чиј татко е Адолфо. Откако Магдалена умира, Мајте почнува да се грижи за Вероника и неуморно работи за да и ја плати школарината и да ја прати во интернат во Канада. Во интернатот, Вероника и Валерија, стануваат добри пријателки, без да знаат дека се сестри. Во Агваскалиентес, девојките ги запознаваат Андрес и Даниел. Двајцата им помагаат на татко им во работата, но Андрес сонува за работа како тореадор. Луис Антонио не го одбрува тоа, и Андрес вежба во тајност. Вероника има психички проблеми и има подвоена личност. Хасинта ја уверила Валерија како нејзината мајка е курва која го оставила нејзиниот татко поради друг маж. Истата љубов која пред многу години ги зближи Луис Антонио и Мајте, сега ги зближува Андрес и Валерија. Но, злобата, зависта и љубомората се нивните љубовни препреки.

Улоги[уреди | уреди извор]

Глумци Ликови
Јадира Кариљо Марија Тереза Галван (Мајте)
Серхио Рејносо Луис Антонио
Арон Диаз Андрес
Шантал Андере Манола Линарес
Норма Херера Ремедиос Гомез
Алексис Ајала Федерико

Надворешни врски[уреди | уреди извор]