Прејди на содржината

Љубиша Николовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Љубиша Николовски
Роден(а)1 јануари 1958(1958-01-01)(67 г.)
Скопје, Македонија Македонија
Занимањеновинар
Активен период1980 - сè уште
Страница
www.racin.mk
www.frontline.mk

Љубиша Николовски (р. 1 јануари 1958, Скопје) — македонски новинар и аналитичар. Вработен бил во Слободен печат и Клан ТВ, каде бил водител на емисијата "Дебата" и пишува за порталот Рацин.мк.

Николовски, својата кариера ја започнува во Македонското радио, а потоа во Македонската радио телевизија. Одреден период е вработен во А1-телевизија. Потоа во весникот "Ден", а потоа во Радио Слободна Македонија. Во 2017 година, се вработува во Нова ТВ, каде е главен и одговотен уредник. Работи како дописник на германска државна телевизија АРД. Во 2019 година, се вработува во Слободен печат, каде беше дел од "Утрински брифинг" а потоа утринската на Слободна ТВ, каде останува до 2024 година, во соработка со Цивил Медиа. Во 2024 година, се вработува во Клан ТВ, каде е автор и водител на емисијата "Дебата" до 2025 година.

Тој е вработен во порталот Рацин.мк, каде пишува и прави анализи од Македонија и светот. Одреден период пишувал и бил водител на порталот Фронтлајн.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]