Љубиша Никодиновски - Биш

Од Википедија — слободната енциклопедија

Љубиша Никодиновски - Биш (1949- 10 август 2022)[1] — македонски театролог, есеист и новинар.

Творештво[уреди | уреди извор]

Творештвото на Љубиша Никодиновски – Биш е богато: покрај со театарска критика и есеистика, тој работел и како театарски глумец и продуцент, а бил и раководител на театри и фестивали. Како тетарски глумец, работел во театарот "Кај Свети Никита Голтарот" и тетарската работилница "ФФ (Зелена гуска)". Исто така, тој има објавено голем број статии и студии од областа на театарот, а во 2009 година, во издание на "Магор" излегла од печат и неговата книга "Алтернативниот театар во Македонија".

Љубиша Никодиновски – Биш извршувал повеќе раководни функции во областа на театарот: така, тој работел во "Македонскиот народен театар" како продуцент и раководител на театарот "Центар"; во МКЦ бил помошник на директорот за драмската програма; бил еден од основачите и продуцент на "Театарската работилница ФФ (Зелена гуска)"; во 1976 година бил еден од основачите на фестивалот "Млад отворен театар", а во 2010 година бил прогласен за негов почесен претседател; бил еден од основачите и генерален секретар на Македонскиот центар на ИТИ-Унеско итн.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Објава за смртта
  2. 37. Млад отворен театар – Нешто е гнило..., Скопје: Младински културен центар, 2012.