Прејди на содржината

Љубица Петровска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Љубица Петровска
Родена 14 ноември 1927(1927-11-14)(96 г.)
Крива Паланка, Кралство Југославија
Националност Македонка
Занимање универзитетска професорка

Љубица Петровска (14 ноември 1927 во Крива Паланка) — македонска универзитетска професорка на Природно-математичкиот факултет во Скопје по предметот систематика и филогенија на нижите растенија.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Докторирала во 1961 година во Скопје, под менторство на познатиот алголог Иво Певалек од Загреб. Била на специјализација во Белград и Загреб и на четиримесечен студиски престој во Ботаничкиот институт во Виена, кај еминентниот алголог Лотар Гајтлер. Има објавено голем број трудови од областа на алгологијата и е одличен познавач и монограф на групата модрозелени алги. Автор е на монографијата „Модрозелени алги (Cyanophyta) на Република Македонија“ (1997), во издание на МАНУ.

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Петровденски“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1148. Text "series " ignored (help)