Љубица Донска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Љубица Донска
Родена Љубица Донска
1 септември 1931(1931-09-01)(92 г.)
Штип, Кралство Југославија
Националност Македонка
Занимање сликарка

Љубица Донска (р. Накова; 1 септември 1931 во Штип) — прва повоена македонска сликарка од Источна Македонија. Била акварелист и пејзажист.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Завршила ликовна насока на Вишата педагошка школа во класата на В. Коџоман.[1]

Целиот работен век го поминала како средношколски наставник по ликовно воспитание и директор на основно училиште.[1]

Основна преокупација во сликарството ѝ е акварелот, со мотиви од македонското поднебје, како што е старата градска архитектура и идилични пејзажи.[1]

Првата самостојна изложба ја организирала во 1957 година, а во текот на 50-годишниот активен сликарски период има приредено над 30 самостојни изложби во Македонија, но и во другите поранешни југословенски републики.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Доневски“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 482. Text "series " ignored (help)