Прејди на содржината

Љубица Глигиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија

Љубица Стоилкова Глигиќ (10 мај 1928 во Проевце — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Како симпатизер учествувала во заднината па НОД во селото од мај 1943 година. Собирала храна и муниција. Водела просветна група. На 10 мај 1944 година стапува во единиците на НОВ, во Кумановскиот партизански одред, а наскоро била префрлена во Единаесеттата македонска ударна бригада. По расформирањето на истата била борец во Седумнаесеттата македонска ударна бригада. Учествувала во сите акции на овие единици. Со група борци била прекомандувана во 42-та македонска ударна дивизија и заедно со неа заминала на Сремскиот фронт, во составот на медицинскиот баталјон и во истиот останала до февруари 1946 година.[1]

  1. 1 2 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 1029.