Љубинка Маленкова
Изглед
| Љубинка Маленкова | ||
| Родена | 13 ноември 1927
Охрид, Кралство Југославија | |
|---|---|---|
| Занимање | архитект | |
Љубинка Маленкова (13 ноември 1927 во Охрид) — македонска архитектка.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Дипломирала на Архитектонскиот факултет на Техничката велика школа во Белград (1951). Како проектант работела во проектантското претпријатие „Проектант“ и во ГП „Пелагонија“ во Скопје. Проектирала и реализирала разновидни објекти - станбени, општествени, здравствени и туристичко-угостителски. Се занимавала и со урбанистичко планирање. Позначајни реализации: освен бројните станбени објекти, поштите во Прилеп (1973), во Тетово (1977), во Куманово (1978), во Струмица (1981), во Кочани (1982); хотели во Кочани (1957), во Ново Село, во Штип (1955), во Дојран (1959); Театарот на народностите во Скопје (1974) и Урбанистичко решение за центарот на Кочани.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Малевски“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 902. Text "series " ignored (help)