Љубивоје Ршумовиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ljubivoje Ršumović 2013.jpg
Роден 3 јули 1939
Љубиш
Националност Србин
Познат поет


Љубивоје Ршумовиќ (Љубиш, 3 јули 1939) е српски поет. Познат е по својата поезија за деца.

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е 1939 година во Љубиш на Златибор во семејството на Милесе и Михаила Ршумовиќ. Подалечни предци му се Окиљевиќи од Гацко.[1] Се школувал во Љубиш, Чајетина, Ужице и Белград. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Белград, на Одсекот за компаративна книжевност.

Во Београд го запознал Душко Радовиќ, под чие влијание почнал да пишува песни за деца. Работел на Радио Белград Радио Београд, потоа на Радио-телевизија Србија, каде бил автор на емисијите за деца „Хиљаду зашто“, „Хајде да растемо“ и „Фазони и форе“. Управниот одбор на Здружението на книжевници на Србија 30 март 2012 го предложило за дописен член на Српската академија на науките и уметностите.[2]. Данес живее во Белград. Бил е директор на театарот „Бошко Буха“, а сега е претседател на Културно-просветната заедница Србије.[3]

Претседател е на советот на Меѓународниот фестивал на театри за деца кој се одржува во Суботица.[4]

Од 38 години работен стаж 18 ги поминал во Радио-телевизија Белград, потоа 4 години во издавачкта куќа „Книжевен весник” (српски „Књижевне новине”) и 16 години во театарот „Бошко Буха”.[5]

Награди[уреди | уреди извор]

Добитник е на голем број на книжевни награди и признанија:

Добитник е и на меѓународната награда за животно дело "Мали принц" (2006), која Меѓународниот фестивал на театри за деца во Суботица ја доделува за исклучителен допринос во развојот на културата и сценската уметност за деца.[7]

Дела[уреди | уреди извор]

Книги[уреди | уреди извор]

Најпознати книги му се:

  • Ма што ми кажа (српски Ма шта ми рече),
  • Уште само али ни фалат (српски Још нам само але фале),
  • Татковина се брани со убавина (српски Домовина се брани лепотом),
  • Ујдурми и зврчки од античка Грција (српски Ујдурме и зврчке из античке Грчке)
  • Сончање на месечината (српски Сунчање на месечини)
  • Три чвора на трепката (српски Три чвора на трепавици)
  • Заувари

Песни за деца кои ги пее детскиот хор „Колибри“[уреди | уреди извор]

  • Лесно и е на прачката (српски Лако је пруту)
  • Глушец (српски Миш)
  • Волку, волку, бубачко мрзлива (српски Вуче, вуче, бубо лења)
  • Ја нема земјата дембелија (српски Нема земље дембелије)
  • Секој ден сонцето се раѓа (српски Сваки дан се сунце рађа)
  • Браќата не ги донесува штрк (српски Браћу не доносе роде)
  • Воз за Чачак (српски Воз за Чачак)
  • Мечокот Брундо (српски Медвед Брундо)
  • Другарство (српски Другарство)
  • Љубов е тоа (српски Љубав је то)

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]