Љубе Серафимовски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Љубе Ѓошев Серафимовски ( 1921 во Шопско Рударе, Кратовско16 април 1945 во Винковци, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Во раното детство останал без родители ѝ за него се грижеле неговите постари браќа. Имал тешко детство, во кое уште од осмата година станал овчар на семејното стадо, а подоцна бил ценуван да работи на туѓи имоти. За време на окупацијата бил мобилизиран во бугарската окупаторска војска. По извесно време со уште неколку другари дезертирал и се приклучил кон народноослободителната војска, во редовите на Треттата македонска ударна бригада. Земал учество во ослободувањето на Куманово, Скопје и други места. По ослободувањето на Македонија заминал на Сремскиот фронт. Учествувал во борбите на Шид, Винковци и други места. Посебна храброст покажал при пробивањето на непријателската одбранбена позиција крај Шид. Крај Винковци јуришајќи на непријателска позиција бил погоден од рафал на непријателски митралез на 16 април 1945 година.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Нивната борба за слобода, наш патоказ за иднината. Кратово: Општински одбор на СЗБ НОВ Кратово. 1985. стр. 50–51.