Љубе Крстевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Љубе Крстевски
Роден 1926 година
Раштак, Скопско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 3 мај, 1945 година
Славонска Пожега, Хрватска
Почивалиште Раштак, Скопско, Македонија
Националност Македонец

Љубе Митрев Крстевски ( 1926 во Раштак, Скопско3 мај 1945 во Славонска Пожега, Хрватска) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Основно училиште завршил во селото. Се занимавал со земјоделство, а чувал и добиток. Во септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонака ударна бригада со која учествувал во борбите против балистите и Германците за ослободување на својот роден крај и Скопје. На 12 април 1945 година учествувал во пробивот на Сремскиот фронт, потоа и во борбите за ослободувањето на Војводина и Хрватска. Загинал на 3 мај 1945 година, во времето кога била постигната големата победа на Петнаесеттиот македонски корпус кај Славонска Пожега. Посмртните останки му биле пренесени на гробиштата во родното село Раштак.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 81. На |first= му недостасува |last= (help)