Љубе Ефремовски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Љубе Ефремовски ( 1925 во Скопје7 октомври 1944 во Долно Соње, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Произлегува од сиромашно работничко семејство. Завршил само основно училиште. Поради материјални тешкотии уште како млад станал општ работник. Стапил во редовите на Дванаесеттата македонска ударна бригада. Бил борец на третиот баталјон. Се одликувал со непосредност, поради што бил сакан меѓу другарите. Бил учесник во сите борби што бригадата ги водела против балистите, на Китка - Водно, за ослободување на селата на овој терен, со што била создадена можност за поуспешно и непречено навлегување во правецот кон Скопје. Храбро загинал на 7 октомври 1944 година, во една жестока борба во близина на Долно Соње.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 190. На |first= му недостасува |last= (help)