Љубанска Река

Од Википедија — слободната енциклопедија
Љубанска Река
Местоположба
Физички особености
УстиеСерава
Должина21
Особености на сливот

Љубанска Река — река во северниот дел на Македонија, која извира на планината Скопска Црна Гора и тече низ селото Љубанци, под кое како изворишна челенка или речен ракав го составува извориштето на главниот тек на реката Серава. Изворишето на реката е сочинето од неколку мали карпести водопади - слапови кои се наоѓаат високо на гребенот на Скопска Црна Гора над селото Љубанци. Изворишните води на Љубанска Река се образуваат од браздите Вуча Рупа и Црнокаменичка[1]. Главното течение на Љубанската Река настанува од 2 рекички: Коренска Река и Песчинска Река кои се соединуваат ¾ час над селото[1]. Првата извира од Волјча Рупа, а втората од Цагаревец[1]. Љубанскиот поток на ¼ час под селото Љубанци во себе ја прима Јазирската Река која во летно време речиси пресушува, уште ¼ час подолу ја прима Бродечката Река која е еднаква и слична на неа во секој однос, а 10 минути над с.Радишани таа се соединува со Побошка Река и тече надолу под името Радишка Река[1], односно Серава. Долината на Љубанската Река како и падините на ридовите се покриени со градини од овошни дрвја најмногу црешови и оревови, а по падините има и красти[1]. Во горното течение над селото Љубанци водите на реката, преку голем број на мали бразди се користат за наводнување на многубројните бавчи посадени со градинарски производи како пипер, патлиџан, кромид, краставица, лук, бостан, како и за напојување на добиток, пред сè кози, коњи и крави. Порано по горното течение имало доста воденици и само по Љубанската Река се сметало дека има околу 50 воденици[1]. Средното течение минува низ самото село Љубанци делејќи го на два дела, а на самиот крај под селото во долното течение на реката има рибник со ресторан.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски (уред.). Материјали по изучувањето на Македонија (2016. изд.). Скопје: Единствена Македонија. стр. 191–192. ISBN 978-608-245-113-8.