Јустеро

Координати: 59°31′33″N 18°37′25″E / 59.52583° СГШ; 18.62361° ИГД / 59.52583; 18.62361
Од Википедија — слободната енциклопедија
Јустеро
The island of Ljusterö.
Географија
Координати59°31′33″N 18°37′25″E / 59.52583° СГШ; 18.62361° ИГД / 59.52583; 18.62361
Површина62,05 км2
Управување
ОкругСтокхолм
ОпштинаЈостерокер
Демографија
Население1591
Местоположба на островот Јустеро во Стокхолмскиот Архипелаг

Јустеро е остров на Стокхолмскиот Архипелаг во Шведска.

Тој се наоѓа на северниот дел од Стокхолмскиот Архипелаг и припаѓа на општината Остеркерк на Стокхолмскиот округ. Се наоѓа околу 65 км северно од центарот на Стокхолм.

Овој остров е со површина од 62 км2 и е седумнаесетти по величина остров во Шведска.

Островот има пристап до копното преку редовна фериботска линија од Остана, и бродска линија од центарот на Стокхолм.

Има приближно околу 1500 постојани жители, а во тек на летната сезона бројот на жители расте и до 25.000 - 30.000 луѓе.

Административни историја[уреди | уреди извор]

Јустеро имал своја општина сѐ до 1967 година, кога станал дел од општината Остерокер. Во 1974 година, сите делови на општината Остерокер станале дел од општината Ваксхолм, но од 1983 година, Јустеро е дел од новата општината Остерокер.[1][2]

Проектот за обновлива енергија на Јустеро[уреди | уреди извор]

Ветерна турбина на островот Јустеро (2014 година)

Овој остров е место за предложениот проект за инсталирање на голем број на ветерни турбини, кои би генерирале обновлива енергија. Според проектот била планирана изградба на 23 ветерници, секоја со по два мегавати создадена електрична енергија. Биле изградени две ветерни турбини, една во 2006 година со јачина од 0,8 мегавати, а потоа уште една, која во 2009 година била надоградена до 2 мегавати. Изградбата на другите планирани турбини сѐ уште не е одобрена од општината. Проектот бил критикуван од голем број жители, и постојаните и викендашите, со забелешка дека премногу се засегнува средината на архипелагот, правејќи го да изгледа како индустриска електрана. Постојат и негативни ефекти од проектот како на пр. создавање на нискочестотна бука и паѓање на вредноста на недвижнините на островот.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Harlén, Hans; Harlén, Eivy (2003). Sverige från A till Ö : geografisk-historisk uppslagsbok. Stockholm: Kommentus. ISBN 9789173451390.
  2. „Församlingar“. Statistiska Centralbyrån (шведски). Посетено на 2018-12-15.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]