Јулиј Цезар (драма)

Трагедијата на Јулие Цезар (англиски наслов од првото фолио: The Tragedie of Ivlivs Cæsar) е историска драма и трагедија од Вилијам Шекспир за прв пат изведена во 1599 година.
Во драмата, Брут се придружува на заговорот предводен од Касие за да го убие Јулие Цезар, за да го спречи да стане тиранин. Десната рака на Цезар, Антоние, предизвикува непријателство против заговорниците и во Рим избувнува драматична граѓанска војна.
Лица[уреди | уреди извор]
- Јулие Цезар
- Октавијан Цезар, Марко Антоние, М. Емилиј Лепид (Триумвири по смртта на Цезар)
- Цицерон, Публие, Попилие Лена (сенатори)
- Марко Брут, Касие, Каска, Требоние, Лигарие, Метел Цимбел, Цина (заговорници против Цезар)
- Флавие и Марул (трибуни)
- Артемидор, софист од Книд
- Пророк
- Цина, поет
- Друг поет
- Луцилие, Титиние, Месала, Младиот Катон, Волумние (пријатели на Брут и Касие)
- Варо, Клит, Клаудие, Стратон, Луцие, Дардание (слуги или офицери на Брут)
- Пиндар, слуга на Касие
- Кондураџија, Дрводелец, и други Плебејци
- Слуга на Цезар; на Антоние; на Октавијан
- Калпурнија, жена на Цезар
- Порција, жена на Брут
- Духот на Цезар
- Сенатори, Стражари, Придружба и др.
Место на дејството: главно во Рим; потоа близу Сард и близу Филипи
Дејство[уреди | уреди извор]
Драмата започнува со два трибуна кои на публиката ѝ откриваат дека обичните жители на Рим го слават триумфалното враќање на Јулие Цезар откако ги поразил синовите на неговиот воен непријател, Помпеј. Трибуните, ја навредуваат толпата зошто ја променила страната (прво биле за Помпеј, а потоа преминале на страната од Цезар), и се обидуваат да ја прекинат веселбата и да ги растераат плебејците, кои ги возвраќаат на навредите. За време на Луперкал, Цезар одржува победничка парада и пророк го предупредува да „се чува од мартовските иди“, а Цезар го игнорира. Во меѓувреме, Касие се обидува да го убеди Брут да му се придружи на неговиот заговор за да го убие Цезар. Иако Брут е пријателски настроен кон Цезар и се двоуми дали да го убие, тој се согласува дека Цезар може ја злоупотреби својата моќ. Потоа од Каска дознаваат дека Марк Антоние три пати му ја понудил римската круна на Цезар. Каска им кажува дека секогаш кога Цезар го одбивал предлогот, се надевал дека толпата ќе почне да инсистира да ја прифати круната. Тој опишува како толпата му аплаудирала на Цезар за негирање на круната и како тоа го вознемирило Цезар. Пред самиот почеток на месец март, се среќаваат заговорниците и откриваат дека фалсификувале писма во кои се искажува поддршката од римскиот народ со цел да го примамат на Брут да им се приклучи во заговорот. Брут ги чита писмата и, по длабоко морално размислување, одлучува да се приклучи на заговорот; смета дека треба да го убијат Цезар за да го спречат да направи нешто против народот на Рим, доколку биде крунисан.

Откако го игнорирал пророкот и претчувствата на неговата сопруга Калпурнија, Цезар оди во Сенатот. Му приоѓаат заговорниците со лажна петиција во име на протераниот брат од Метел Цимбел. Додека Цезар, како и што се очекувало, ја отфрла петицијата, Каска и другите заговоници одеднаш му забиваат нож; Брут е последен. Во тој момент, Цезар ја изговара познатата реплика „Зар и ти, Бруте?“[1] ("Et tu, Brute?"), и завршува со "Тогаш падни, Цезаре!"

Заговорниците се изјаснуваат дека ова убиство го извршиле за доброто на Рим, за да спречат автократ. Тоа го докажуваат со тоа што не се обиделе да побегнат од местото на настанот. Брут одржува говор во кој ги брани сопствените постапки, а народот во тој момент е на негова страна. Но, Антоние одржува суптилен и елоквентен говор над телото од Цезар, почнувајќи со многу цитираната реплика „Пријатели, Римјани, сонародници, позајмете ми ги вашите уши! [2] Така, тој манипулирајќи со емоциите на обичниот народ, вешто го врти јавното мислење против атентаторите (за разлика од рационалниот тон на говорот на Брут): тој ги потсетува на добрите дела кои Цезар ги направил за Рим, неговото сочувство кон сиромашните и неговото одбивање на круната за време на Луперкал, со што се доведува во прашање тврдењето на Брут дека Цезар имал таква амбиција; на толпата ѝ го покажува крвавото, безживотно тело на Цезар за да леат солзи и да стекнат симпатии кон нивниот паднат херој; потоа го чита тестаментот на Цезар, во кој секој римски граѓанин ќе добие 75 драхми. Антоние, иако истакнува дека нема таква намера, ја поттикнува толпата да ги протера заговорниците од Рим. Во гужвата која ќе настане, невиниот поет, Цина, бива помешан со заговорникот Луцие Цина. Толпата го фаќа и го убива „престап“ какви што биле неговите лоши стихови.
Брут потоа го напаѓа Касие затоа што наводно примил мито и со тоа го извалкал на благородниот чин на регицид. Двајцата се смируваат, особено откако Брут ќе открие дека неговата сакана сопруга извршила самоубиство поради стресот од неговото отсуство од Рим; тие се подготвуваат за граѓанска војна против Антоние и посвоениот син на Цезар, Октавие, кои со Лепид во Рим формирале триумвират. Истата ноќ, на Брут му се појавува духот на Цезар и го предупредува дека ќе бидат поразени. (Тој му вика на Брут: „Ќе ме видиш во Филипи.“) [3]

Во битката, Касие и Брут, знаејќи дека веројатно и двајцата ќе умрат, за последен пат се насмевнуваат еден на друг и се држат за раце. За време на битката, Касие откако ќе разбере дека го фатиле неговиот најдобар пријател, Титиние, од својот слуга бара да го убие. Откако Титиние, кој всушност не бил заробен, ќе го види трупот на Касие, се самоубива. Брут победува во таа фаза од битката, но неговата победа не е решавачка. Со тешко срце, Брут се бори и следниот ден. Тој од пријателите бара да го убијат, но тие одбиваат. Тој ја губи битката и се самоубива така што трчајќи се наденува на сопствениот меч, кој го држи негов лојален војник.

Драмата завршува со оддавањето почит на Антоние кон Брут, кој истакнува дека Брут останал „најблагородниот Римјанин од сите нив“ [4] затоа што бил единствениот заговорник кој дејствувал со сопствен ум и за доброто на Рим. Потоа, има мало навестување за несогласувањата меѓу Антоние и Октавие која што е претставена во друга Шекспирова римска драма, Антоние и Клеопатра .

Наводи[уреди | уреди извор]
|