Јулија Дмитриевна Белјаева
Изглед
Јулија Дмитриевна Белјаева | ||
Родена | 8 мај 1927 Москва, СССР | |
---|---|---|
Националност | Русинка | |
Занимање | славист, македонист |
Јулија Дмитриевна Белјаева (руски: Юлия Дмитриевна Беляева; р. 8 мај 1927 во Москва) — руска славистска и македонистка.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]По завршувањето на Филолошкиот факултет на МДУ „Ломоносов“ (1950) и одбраната на кандидатската дисертација по филолошките науки (1963) се специјализирала по историјата на јужнословенските литератури. Работела во Институтот за славистика и балканистика на АН на СССР во Москва, првин како научен соработник (1954–1977), а потоа како виш научен соработник (1977– 1990). Откако самостојно го научила македонскиот јазик, се занимавала со македонистика (од 1964) и објавила повеќе прикази (во руски, македонски и српски изданија) и избори, антологии и преводи од македонски автори на руски јазик.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Белјаева“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 140. Text "series " ignored (help)