Прејди на содржината

Јулијана Вуксановиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија

Јулијана Вуксановиќ - Меденица (28 септември 1926 во Пеќ) — учесник во НОВ на Македонија и носител на Партизанска споменица од 1941 година.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]
Јулијана Вуксановиќ е носител на Партизанската споменица 1941.

Во јуни 1941 година била примена за член на СКОЈ, а од септември и за член на скоевското јадро во реонот каде живеела во Пеќ. Во 1942 година била затворена и од затворот во Пеќ, во април 1943 година, била интернирана во логорот Порта Романо, во Албанија, а подоцна била префрлена во логорот Бурел. Со капитулацијата на Италија, септември 1943 година, била ослободена од албанските партизани и заминала на слободната територија во западна Македонија. На 2 ноември 1943 година станала борец во Првата македонска ударна бригада, а потоа во Првата косовско-метохиска ударна бригада. Носител е на Партизанска споменица од 1941 година и повеќе други одликувања.[1]

  1. 1 2 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 1018–1019.