Јулијана Величковска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јулијана Величковска.jpg
Роден Јулијана Величковска
1982
Скопје, Македонија
Занимање македонски писател, преведувач, издавач.


Јулијана Величковска (родена во 1982 година во Скопје) — македонски писател, преведувач и издавач.

Биографија[уреди | уреди извор]

Величковска дипломирала на катедрата за Македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

Автор е на книгите: монографија „Дваесет години Поетска ноќ во Велестово“ (2009, ПНВ), поетската збирка „Комарци“ (2010, ПНВ) https://www.goodreads.com/book/show/1..., романот „Годишни времиња“ (2014, ПНВ Публикации) [1] и стихозбирката „Отворена книга“ [2] (2017, ПНВ Публикации)


Второто издание на романот било објавено во 2015 година. Нејзиниот роман „Годишни времиња“ во април 2017 г. бил објавен и на бугарски јазик од страна на издавачот „Ерго“ од Софија.

Јулијана Величковска ги има преведено следните наслови:

  • „Ќерката на надреалистот“ од Кристиина Ехин, раскази (од англиски јазик) – ПНВ Публикации, 2012 г.
  • „Мртво море меѓу нас“ од Жељко Миловиќ, поезија (од црногорски јазик) – ПНВ Публикации, 2013 г.
  • „Со други очи“ од Одвиг Клив, поезија (од англиски јазик) - ПНВ Публикации, 2013 г.
  • „Никој не знае“ од Патрик Котер, поезија од англиски јазик) - ПНВ Публикации, 2014 г.
  • „Талкање пред зори“ од Сејди Марфи и Илмар Лехтпере, поезија (од англиски јазик) - ПНВ Публикации, 2014 г.
  • „Единаесет ирски поети“ Избор од современата ирска поезија (од англиски јазик) - ПНВ Публикации, 2016 г.

Нејзините песни се препеани и објавени на неколку јазици, меѓу кои: кинески, англиски, српски, хрватски, словенечки, холандски, албански, чешки, италијански, бугарски и арапски јазик.

Учествувала на бројни поетски читања низ Македонија и Европа.

  • Струшки вечери на поезијата – 2009, 2010, 2011, 2012 и 2013 г.
  • „Песнило“ – Младински културен центар – 2011 г.
  • Cork Spring Literary Festival – Ирска, 2011 г.
  • XV Биенале на млади уметници од Европа и Медитеранот во Рим, 2011 г.
  • Бела ноќ – Скопје, 2013 г. и 2014 г.
  • Астални проекции – Менада, 2014 г. и 2016 г.
  • Денови на младата македонска проза - Софија, 2015 г.
  • Барски летопис, самостојна книжевна вечер, Бар, 2015 г.
  • СУР - Стих у регији, Загреб, 2015 г.
  • Самостојна книжевна вечер во Американскиот универзитет во Благоевград, Бугарија, 2016 г.
  • Софија: Поетики 2018 - Софија, Бугарија, 2018 г.

Застапена е во неколку антологии на македонската современа поезија издадени во Македонија, Србија, Чешка и Италија, а застапена е и во една антологија на светската современа поезија издадена во Кина.

Таа е член на организациониот одбор на поетската манифестација „Поетска ноќ во Велестово“ – Охрид. Член е на Друштвото на писатели на Македонија. Основач е на издавачката куќа ПНВ Публикации од Скопје.

  1. Годишни времиња. 
  2. Отворена книга.