Јужноуралски природен резерват

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јужноуралски природен резерват
руски: Южно-Уральский заповедник
Лес вокруг г.Ямантау.jpg
Врвот Јамантау, највисоката точка на Јужноуралските планини
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 408: Malformed coordinates value
МестоБашкортостан и Чељабинска област
Најблизок градБелорецк
Координати54°20′48″N 57°53′9″E / 54.34667° N; 57.88583° E / 54.34667; 57.88583Координати: 54°20′48″N 57°53′9″E / 54.34667° N; 57.88583° E / 54.34667; 57.88583
Површина252,800 hectares (624,682 acres; 976 ми)
Воспоставен(а)1979 (1979)
Управно телоМинистерство за природни ресурси и животна средина (Русија)
Мрежна страницаhttp://www.south-ural-reserve.ru/

Јужноуралски природен резерватруски резерват на природата (заповедник), кој има за цел заштита на планинските тајга екосистеми во највисокиот дел на Јужен Урал. Низ оваа територија поминуваат неколку палнински венци: Машак, Зигалга, Нара, Кумандак и Јамантау. Планината Јамантау има 1640 метри надморска височина и е највисоката планина во Јужен Урал. Најголема површина на резерватот (околу 90%) се наоѓа во областа Белорецки во Башкортостан, а другиот дел е во Чељабинската област. Регионалниот град Уфа се наоѓа околу 200 километри северозападно.

Топографија[уреди | уреди извор]

Теренот на Јужноуралскиот резерват е планински и се состои од неколку планински сртови (Машак, Зигалга, Нара, Кумандак и Јамантау), кои се протегаат паралелно од југозапад до североисток, со широки меѓупланински долини, кои така ги пресекуваат планинските ланци да создаваат топографска конфигурација слична на решетка. Иако пределот не бил целосно прекриен со лед, постојат докази за локални ледници (морински депозити) на планините и висорамнините. Сите реки во оваа област се класифицирани како мали реки и потоци. Најдолга е реката Мали Инзе, која е долга 93 километри и со целата своја должина се протега низ резерватот. Потоците имаат брзи струи и каменето дно. Во резерватот има и неколку мали блата. Резерватот Јужен Урал од сите страни е обиколен со шумски појаси.[1][2]

Оваа област била силно погодена од неколкуте последователни бранови на засилена индустријализација. Во периодот меѓу 1700 – 1800 година, во регионот масовно се граделе леарници за железо со печки на јаглен, поради што имало екстензивно сечење на шумите и загадување на реките. Во почетокот на 1900-тите години, нагло пораснало комерцијалното сечење на шумите, а за време на војната биле изградени депортирачки логори, заедно со железница на тесен колосек. Во 1970-тите години, низ деловите на оваа област биле изградени патишта, далеководи и гасоводи. Во 1979 година бил основан природниот резерват за да се обнови и заштити големиот дел од репрезентативните јужноуралски шуми.[2]

Клима и екорегија[уреди | уреди извор]

Резарватот на природата Јужен Урал се наоѓа во уралските планински шуми, а зафаќа и екорегион на тундрите. Овој екорегион го опфаќа уралскиот планински масив, кој како преграда е граница меѓу запад-исток и ја одвојува европска Русија од азиска Русија.[3]

Климата на Јужен Урал е умереноконтинентална, со ладни лета според Кепеновата климатска класификација. Климата се карактеризира со големи варијации во температурата, и дневни и сезонски, со умерени до ладни лета и снежни зими. Во Јужноуралскиот природен резерват просечните годишни врнежи се 667 mm; периодот без мраз просечно трае околу 107 дена и трае од крајот на месец мај до средината на септември. Периодот со врнежи трае просечно 168 дена. На поголемите надморски височини количината на врнежи се зголемува до 1100 mm, а периодот без мраз се скратува и до 60 дена.[2]

Флора и фауна[уреди | уреди извор]

Шумите покриваат околу 90% од теренот и се мешавина од светли четинари, застапени со четири најчести вида и листопадни шуми, застапени со 10 најчести вида, вклучувајќи ја и брезата и јасиката. Над 1200 метри надморска височина е зоната на тундри, изградена од грмушести растенија. Во резерватот се класифицирани 700 вида на васкуларни растенија.

Реката Мал Инзер, во југозападниот дел од Јужноуралскиот резерват.
Поглед на реката Инзер од височина.

Од животинските видови застапени се шумските видови на цицачи, како што се лосот и црната мечка. Постоењето на 13 вида разни предатори, вклучувајќи ги волците како постојани жители, укажува дека постои значителен плен од кои најмногу има елени и вапити. Постојат 50 разни видови на цицачи, 168 вида на птици, од кои 132 се гнездат во регионот.[4]

Екоедукација и пристап[уреди | уреди извор]

Како природен резерват од затворен тип, Јужноуралскиот резерват е во голема мера затворен за општата јавност, но научниците и екологистите можат во договор со менаџментот на паркот да го посетуваат. Одговорната канцеларија на резерватот е со седиште во градот Белорецк, оддалечен 90 км од паркот.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Южно-Уральский государственный природный заповедник , официальный сайт“. www.south-ural-reserve.ru. Посетено на 2019-03-25.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Южно-Уральский государственный природный заповедник ● Каталог ООПТ ● Особо Охраняемые Природные Территории (ООПТ)“. www.zapoved.ru. Посетено на 2019-03-25.
  3. „Global Species : Ecoregion : Ural montane forests and tundra“. globalspecies.org. Посетено на 2019-03-25.
  4. „Южно-Уральский государственный природный заповедник ● Каталог ООПТ ● Особо Охраняемые Природные Территории (ООПТ)“. www.zapoved.ru. Посетено на 2019-03-25.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]