Јужна покраина (Руанда)
Изглед
| Јужна покраина | |
|---|---|
| покраина | |
Пејзаж во близина на границата | |
| Држава | Руанда |
| Гл. град | Њанза |
| Окрузи | |
| Управа | |
| • Гувернер | Фидел Ндајисаба |
| Површина | |
| • Вкупна | 5.963 км2 (2,302 ми2) |
| Население (попис 2012) | |
| • Вкупно | 2.589.975 |
| • Густина | 430/км2 (1,100/ми2) |
| Нас. места | Бутаре, Гиконгоро, Руханго |
Јужна покраина (Intara y'Amajyepfo[1]; Province du Sud[2]) — една од покраините во Руанда. Покраината била создадена во јануари 2006 година како дел од проектот на децентрализацијата на владата на Републиката.
Јужната покраина е составена од поранешните покраини Гиконгото, Гитарама и Бутаре. Денес покраината е поделена на следниве окрузи: Бутаре, Гатагара, Гиконгоро, Гисагара, Гитарама, Камоњи, Њанза и Њарунгуру. Главен град на покраината е Њанза.