Прејди на содржината

Јуда Галилеецот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јуда Галилеецот
Роден I век пр. н. е.
Гамла
Починал Галилеја, Северен Округ, Израел
Занимање револуционер
Деца Менахем бен Јехуда

Јуда Галилеецот, во некои преводи Јуда Галилејски — галилејски востаник, основач на „филозофската школа“, роден во градот Гамла (Гамала).[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Јуда Галилеецот бил син на Езекија (други варијации: Хизкија, бен Хизкија). Неговиот татко бил водач на бунтовници и бил погубен по заповед на Ирод Велики. По смртта на Ирод Велики и поради отстранувањето на неговиот син и наследник Архелај од власт во Јудеја од страна на Римјаните, Јуда, во 6 г. од нашата ера, собрал толпа и го зазел царскиот арсенал во градот Сепфорис (Јосиф Флавиј, „Јудејски древности“, кн. 17, гл. 10:5). Подоцна, тој добил поддршка од месните фарисеи, предводени од Садук, кои протестирале против пописот спроведен од римскиот управител Квириниј. Востанието било задушено, а самиот Јуда бил убиен.

Синовите на Јуда Галилејски — Јаков и Симон — биле распнати од страна на Тибериј Александар во 46 г. Друг син, Менахем бен Јехуда, станал водач на Сикариите и за кратко време го зазел Ерусалим за време на Еврејската војна.

Според една хипотеза на Робер Амбелен, Исус Христос бил најстариот син на Јуда Галилеецот.[2]

Внукот на Јуда, Елазар бен Јаир, ја предводел одбраната на Масада.

Библиски спомнувања

[уреди | уреди извор]

Во новозаветната книга „Дела на светите апостоли“, Јуда Галилеецот бил спомнат од фарисејот и учител на законот Гамалиил:[3]

... за време на пописот, се појави Јуда Галилеецот и привлече многу народ по себе. И тој загина, па сите негови следбеници се разбегаа.

—Дела 5:37

  1. ↑ The myth of a Gentile Galilee. New York : Cambridge University Press. 2004. ISBN 978-0-521-81487-4.
  2. ↑ „Иисус, или Смертельная тайна тамплиеров“ (руски). 2017-12-31. Архивирано од изворникот на 2017-12-31. Посетено на 2025-04-04.
  3. ↑ „Дела 5:37“. www.biblegateway.com. Посетено на 2025-04-04.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]