Југословенството меѓу траумата и идентитетот

Од Википедија — слободната енциклопедија

Југословенството меѓу траумата и идентитетот - книга на хрватскиот философ и социолог Златко Крамариќ.

Содржина[уреди | уреди извор]

Во книгата, авторот поаѓа од идејата дека југословенството во голем степен ги има обележано културните идентитети на овие простори. Впуштајќи се во реконтрукцијата на оваа идеја, тој е свесен за проблемите на веродостојноста при нејзиното осмислување. Притоа, тој ги преиспитува влијанијата на дискурзивните конструкции на идејата за југословенството или нејзината другост. Со својот заводлив есеистички стил, Крамариќ предупредува на погубните последици од одложувањето на критичкото промислување на идејата за југословенството.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 24.