Југословенски терор врз Велешани

Дискусија и прашањата се состојат во следнот:
1. Зошто нија во Југославија не го поставуваме прашањето за на присоединување Македонија Егејска и Пиринска, али во прв ред се мисли на Егејска Македонија, а кога беше проблемот за Трст тогај чак бевме на се спремни.
2. Зошто нија Македонците мораме обавезно да учиме во школите српски јазик, а Србите не учат македонски јазик.
По ова се фатиле за еден случај што една ученичка Србинка не одговарала на секој пат на македонски и преку тоа наставниците поминувале, од другите по српско-хрватски до танчина да одговараат припосно и др.
3. Се дискутирало зошто ние добиваме весници „Борба“, „Политика“ и др. на српско-хрватски јазик, а „Нова Македонија“ не се праќа и не се чита во другите републики.
4. Се поставило прашање на час, а и меѓусобно по тоа се дискутирало зошто Венко Марковски е затворен, осудуван кога он е „најјакиот македонски поет“, и кога на ова му се одговорило да тој политички не чини тој што го поставил прашањето рекол: „Ако сега не чини по касно ќе чини“.
По Втората светска војна и сѐ до крајот на Периодот на Инфорбирото Југословенската власт вршела терор врз Велешаните кои се противставиле со новите одлуки на комунистичкиот режим. За време на теророт македонски националисти, србофили, бугарофили и претставници на албанскиот национализам биле интернирани, уапсани, стрелани и чувани под надзор. Во 10 ноември 1944 година, после Битката за Велес, нова комунистичка власт била основана под раководство на Дончо Мирчев. Во јануари 1945 година почнале репресиите со велешкиот масакр. Голем дел од жртвите биле поранешни соработници на бугаскиот фашистички режим. Во истата година се појавиле протести во Богомила, Долно Каласлари од турското малцинство и Иванковци од муслиманското население.
Меѓу 1946 и 1948 година различни групи и организации никнале низ самиот град, овие групи биле верни кон старата идеалогија на МРО — независна обединета македонска држава. Нивните ставови биле противречни со тогашните југословенски гледишта и поради тоа биле укинати. Во југословенски досија тие биле обележани како „ВМ“ организации или „ванчомихајловисти“. Во 1946 година почнале судските процеси против велешките гимназијалци каде што националистички ученици биле прогонети во Идризово. Некои пак успеале да ги избегнат обвините.
Во 1948 година почнало Периодот на Информбирото каде што се влошиле односите меѓу Југославија и СССР. Подржувачи на Резолуцијата на Информбирото биле уапсани, осудени и прогонети во Голи Оток. Сѐ вкупно 95 жители од Велес и Велешко биле прогонети во островот. Различни значајни Велешани страдале под новите одлуки како Панко Брашнаров, Бане Андреев и Дончо Мирчев. Други биле сместени под надзор. Во 1955 година со Белградската спогодба меѓу Тито и Хрушчов Периодот на Инфорбирото завршил, заедно со велешките репресии.
Покрај тоа, југословенската власт продолжила да ги чува противници под надзор. Во еден извештај од околискиот одбор во 1963 година 160 биле под надзор како „лица кои сѐ уште тешко се корегираат“. Некои од жртвите се преселиле надвор од државата или градот. Велешани кои страдале од теророт биле прогласени како државни непријатели. После распадот на Југославија и независноста на Македонија, некои од жртвите биле рехабилитирани во Македонската историографија и повторно проучени.
Вовед
[уреди | уреди извор]
На 2 август 1944 година било оддржано Првото заседание на АСНОМ, во седницата присуствувале делегати од Вардарска, Егејска и Пиринска Македонија. Во тоа време Македонија страдала под сурова фашистичка окупација од Царството Бугарија и Третиот Рајх. Основните темели на нова македонска држава биле прогласени во манастирот Св. Прохор Пчински, денес под склоп на Србија. Новата македонска држава била еден од шестте држави во новата Федеративна Народна Република Југославија.[1] Во септември 1944 година се зајакнила Народноослободителната војна поради повлекувањето на Бугарската војска од Вардарска Македонија под наредба од Татковинскиот фронт.[2]
Со наредби од Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија се зголемиле активностите во велешкиот крај. Истовремено се основала Осмата македонска ударна бригада, значајна воена единица во ослободувањето на градот. Во првата половина на ноември Третиот Рајх, кои се повлекле од Егејска Македонија и Тесалија, се сместиле во Велес и Скопје. Поради тоа Михајло Апостолски и останатите единици во Народноослободителната војска организирале план да го ослободат градот. Во 9 ноември тој се остварил со Битката за ослободувањето на Велес.[3] На 10 ноември, се основала првата повоена власт на денешна Општина Велес која била со следниот состав:
| Име | Функција |
|---|---|
| Дончо Мирчев | Претседател |
| Благој Васков | Секретар |
| Сокол Таневски | Одговорен за општинските финансии |
| Орце Вилар | Одговорен за општинската трговија, индустрија и исхрана |
| Филимон Доцкин | Одговорен со управување |
| Тоде Боцев | Одговорен за социјални грижи и здраство |
| Јовче Поп Стефанов | Одговорен за општинското образование и училишна програма |
Хронолошки настани
[уреди | уреди извор]
Велешки масакр
[уреди | уреди извор]Во втората половина на октомври и сѐ до почетокот на декември 1944 година се развиле Завршните операции за ослободувањето на Вардарска Македонија. После ослободувањето на Скопје се организирало Второто заседание на АСНОМ. За време на седницата биле поставени темелите на македонскиот правосуден систем со Законот за заштита на македонската национална чест. Истовремено се основало комисија против внатрешните непријатели, отпрвин под раководство на Методија Андонов Ченто. На 10 јануари 1945 година, без негово сознание, раководство било префрлено кон Лазар Колишевски со поттик од Едвард Кардељ.[4] Колишевски не бил задоволен со досегашните членови и наведил дека „пронашле малку лица“. Поради тоа нов состав бил предложен и усвоен.[5]
Во јануари 1945 година биле организирани судски процеси во Штип, Скопје, Прилеп и Велес против внатрешните непријатели. Во Бугарската историографија тие го добиле прекарот „Крвава коледа“. Ноќта меѓу 15 и 16 јануари, под наредба од ОЗНА, стражари ги повлекле затворениците од градскиот затвор во периферијата, денес меѓу атарот на селата Летевци, Рудник и Ветерско.[6] Затворениците ги префрлиле со камионот на Хаџи Тонев, кој исто така носел со него токмак.[7] Отпрвин било предложено да ги стрелат, но не можеле поради тоа што околиските селани би ги откриле. Поради тоа со токмаците на Хаџи Тонев ги скршиле черепите на затворениците. Сѐ вкупно загинале 52 затвореници. Посмртно биле осудени на 6 февруари 1945 година од велешкото подрачје на народниот воен суд. Подоцна во истиот месец нивните имоти биле одземени.[8]
Голем дел од убиените затвореници биле бугарофили, предавници на македонското национално движење кои претежно служеле како шпиони или борци во Велешката контрачета. Сепак некои од жртвите се делумно рехабилитирани, според некои истражувања Богдан Поп Ѓорчев, еден од жртвите, ја поддржувал Народноослободителната војна и им помогал на Македонските партизани. Но поради неговите промакедонски ставови бил ликвидиран од Југословенската власт. Покрај нивното предавство тие нехумано биле убиени без судење. Во еден извештај издаден од ЦК на КПМ тие признале дека нивно едиствено испишание било дека не го искористиле за политички добивки.[9]
Според извештајот на велешкото подрачје на народниот воен суд, следните лица биле ликвидирани:
| № | Име и презиме | Датум на раѓање | Место на раѓање | Забелешка |
|---|---|---|---|---|
| 1 | Богдан Поп Ѓорчев | 25 мај 1904 | Велес | Еден од основачите на ММТРО. |
| 2 | Благој Ѓорчев | 1912 | Велес | Соработувал со бугарските фашисти. |
| 3 | Ѓорѓи Црвенов | 1903 | Велес | Познат по псевдонимот Војводата, предавник на Мирче Ацев и Страшо Пинџур. |
| 4 | Лазар Крепиев | 1884 | Велес | Значаен градски трговец, претседател на велешкиот оддел на БЦАК. |
| 5 | Димко Нацев | 1885 | Велес | Поранешен деец на ВМРО (Обединета). |
| 6 | Раде Радев | н/п | Управител на Свети Николе за време на окупацијата. | |
| 7 | Левко Симеонов | н/п | Соработник на Радев, малтретирал поддржувачи на НОВ. | |
| 8 | Цветко Мутавчиев | н/п | Враца, Бугарија | Странски шпион и полициски агент. |
| 9 | Мијалчо Димитров | н/п | Кочани | Полициски агент и соработник. |
| 10 | Петар Торопанов | 1894 | Велес | Во 9 ноември 1943 година се приклучил во Велешката контрачета. |
| 11 | Ратко Торопанов | н/п | Син на Петар. Дејствувал заедно со неговиот татко. | |
| 12 | Петре Дрндаров | 1892 | Велес | Таен полициски агент во служба на тогашната фашистичка власт. |
| 13 | Асен Варналиев | 1910 | Велес | Неговата куќа била употребена за средби меѓу бугарските генерали. |
| 14 | Ганчо Вишин | н/п | Башино Село | Дел од ФК „Балкан“ во 1930-тите со Сокол Таневски. |
| 15 | Панче Караколев | 1905 | Велес | Воденичар, таен агент кој шпионирал на ПО „Димитар Влахов“. |
| 16 | Мирко Божинов | н/п | Составил список со имиња на борци од НОБ. | |
| 17 | Тодор Порецов | 1882 | Велес | Неговиот помал брат станал евангелист во Софија. |
| 18 | Тасе Костадинов | н/п | Дел од Велешката контрачета. | |
| 19 | Дачо Игев | н/п | Убил татко и син во село Горно Врановци, контрачетник. | |
| 20 | Камче Ацев | н/п | Крвав убиец и контрачетник, учесник во масакарот во Долно Јаболчиште. | |
| 21 | Георги Унев | 1904 | Велес | Дел од Велешката контрачета. |
| 22 | Тодор Јорданов | н/п | Предавник и убиец. | |
| 23 | Ангел Здравков | н/п | Предавник на Благој Ѓорев. | |
| 24 | Александар Костадинов | н/п | Контрачетник, учесник во Бабунската акција. | |
| 25 | Али Асанов | н/п | Ковач, агент и предавник. | |
| 26 | Јордан Несторов | н/п | Предавник и фашист, го предадол Киро Попадичето и Депа Депинова. | |
| 27 | Стефан Филипов | 1912 | Велес | Ги предадол последните борци на ПО „Димитар Влахов“, почнувајќи ја Битката кај Речани. |
| 28 | Јован Лажпетков | н/п | Учесник во блокадата против партизаните во Битката кај Речани. | |
| 29 | Гано Гинов | н/п | Организатор и борец во контрачетата. | |
| 30 | Тодор Мирчев | н/п | Крајници | Ги предадол борците во Војница, почнувајќи ја Битката кај Војничка Пештера. |
| 31 | Владо Темелков | 15 април 1914 | Еловец | Контрачетник, малтерирал симпазитери на НОВ. |
| 32 | Сејфедин Фајазит | н/п | Соработник со бугарските фашисти, го предадол Ќамуран Тахир. | |
| 33 | Димко Крепиев | 1882 | Велес | Член на велешкиот оддел на БЦАК. |
| 34 | Герасим Иванов | н/п | Организатор на велешката контрачета. | |
| 35 | Ристо Мајсторов | н/п | Поранешен полицаец во Отоманското Царство кои соработувал со фашистите. | |
| 36 | Пано Манев | 25 март 1894 | Ветерско | Значаен фашист во Велешко, главен на Велешката контрачета. |
| 37 | Диме Сребров | 1881 | Велес | Поранешен деец на МРО и ВМРО (Автономистичка), заменик водач на контрачетата. |
| 38 | Георги Петров | н/п | Дел од контрачетата, предадол повеќе од 44 личности (повеќето од нив биле мажи). | |
| 39 | Лазар Арсов | 1891 | С'лп | Дел од велешката контрачета. |
| 40 | Димитар Манасев | н/п | Дел од велешката контрачета. Предавник на партизаните од ПО „Димитар Влахов“. | |
| 41 | Петар Тончов | 1901 | Велес | Борец во велешката контрачета од 1943 г. |
| 42 | Петар Костов | н/п | Дел од контрачетата, отстранет поради неговиот терор врз селани и пијаница. | |
| 43 | Дачо Трајчев | н/п | Убил селани од село Горно Врановци и вршел терор врз селаните во Велешко. | |
| 44 | Иван Теов | 21 јули 1889 | Голозинци | Дел од контрачетата, учесник во Битката кај Речани. |
| 45 | Атанас Иванов | 21 јануари 1891 | Велес | Еден од првите членови на Велешката контрачета. |
| 46 | Ангел Бадников | н/п | Убиецот на Тодор Јанев и го повредил Љубе Зафиров. | |
| 47 | Јордан Бошков | 1914 | н/п | Полицаец и предавник, учесник во Февруарскиот поход. |
| 48 | Славе Ивановски | н/п | Учесник во Битката кај Војничка Пештера, личен убиец на Нада Бутникошарева. | |
| 49 | Илија Николов | н/п | Раковец | Меѓу најуспешните агенти во Велешко за време на Народноослободителната борба. |
| 50 | Милан Костов | н/п | Поранешен полицаец во Кралството Југославија кој соработувал со фашистите. | |
| 51 | Илија Темелков | н/п | Негорци | Убил Англичанец во Габровник. |
| 52 | Стојан Ангелов | н/п | Голозинци | Соработувал со контрачетата и извршил убиства во Теово. |
Отпор против новосоздадената македонска држава
[уреди | уреди извор]Новата македонска држава по идеологија била комунистичка. Поради тоа во првите повоени години се извршило национализација и колективизација меѓу селаните. Првите позајмени имоти биле најавени на 3 мај 1945 година од Комунистичката партија на Македонија. Во тоа спаѓало рудници со германско инвестирање за време на Втората светска војна и сите електрични централи, далноводи и дистрибутивни мрежи кои служеле за општа употреба.[11] Истовремено биле воведени аграрни реформи во Македонија меѓу 1945 и 1948 година. Велешките селани, како најбројните учесници во Народноослободителната борба во Велес и Велешко не биле задоволени со решенијата на АВНОЈ, употребувајќи ја паролата „земјата припаѓа на оној кој ја обработува“.[12] Сепак во јануари 1946 година аграрната комисија во Велес почнала да дејствува во велешкиот крај. Со реформите младата македонска држава имала политичка дилема — малоимотните и сиромашните селани вршеле притисок на комитетот да ги спроведе реформите колку можно побрзо додека на друга страна тие со повеќе имот сакале да бидат поштедени. Во зимата меѓу 1945-46 година поимотни селани од Градско, Рудник, Бусилци и Мамутчево организирале протести, некои биле уапсани и пратени во Идризово.[13]
Додека во селата Богомила, Сојаклари и С'лп се забележало зголемената преселба на безимотни и странски селани со намера да ги наследат имотите на побогатите селани. Додека во Поменово, Ветерско и Бистрица селаните нејќеле да ги примат манастирските имоти поради нивниот вероисповед. Друг спор било тоа што дејци на КПМ имале прироритет во аграрните реформи и наследиле повеќе земјиште отколку непартилските селани, поради тоа со реформите КПМ го зголемило нејзиното влијание во Еловец, Раштани и Мамутчево кои претходно биле целосно непартиски.[14] Со реформите некои партиски селани имале прироритет, 4 партиски семејства се населиле во Владиловци, 12 во Чашка, 1 во Кумарино, 11 во Чолошево, 1 во Голозинци, 1 во Лугунци, 5 во Долно Врановци, 5 во Велес, 21 во Отовица и 7 во Долно Оризари и 11 во Извор.[15]
Како остатоци од стариот југословенски режим, во 1945 година србофили во тогашната Општина Богомила организирале протест против Комунистичката партија на Македонија. Некои од учесниците во протестот не биле србофили, туку селани незадоволени со новите реформи. Освен протести имало и манифестации. Турското население во Долно Каласлари организирале протест, незадоволни со собирањето на нивното жито. Слични манифестации никнале во Иванковци од муслиманското население. Во некои села со албанско мнозинство имало протести со желба да се создаде Голема Албанија. Некои од учесниците биле албански колонисти доселени во Велешко за време на италијанската окупација на Западна Македонија меѓу 1941 и 1943 година. Додека пак некои биле верни членови во Комунистичката партија на Албанија кои протестирале под наредба од Енвер Хоџа.[16]
Репресија на македонски националисти
[уреди | уреди извор]
Меѓу 1946 и 1948 година во Велес и велешкиот крај биле основани македонски националистички групи кои биле верни кон старата идеалогија на МРО — Обединета Македонија. Овие групи не биле само присутни во Велес туку низ цела Македонија, прв пат документирани во 1945 година во Струмица од ОЗНА. Овие активисти биле противници на Лазар Колишевски, наведувајќи дека тој бил предавник, србофил и агент на Југославија. Популарно гесло меѓу нив било „ќуркот на Гоце Делчев го носите, но делата не му ги следете“. Во полициските досија на НР Македонија овие групи биле обележани под називот „ВМ“ т.е. ванчомихајловисти. Првата македонска националистичка група во Велес била основана околу 1946 година од страна на Крум Чушков и Саздо Трајковски, со поттик од Благој Џајков. Голем дел од членовите на групата биле велешките гимназијалци. Нивното седиште било с. Чалошево и црквата Св. Спас. Други членови биле Кирил Ќирков, Богдан Хаџи Петрушев и Светлана Боцева.[17]
Кога ги откриле, велешкиот народен суд ги осудиле гимназијалците Чушков, Трајковски, Џајков и многу други кои биле прогонети во Идризово под сурови услови. Според сеќавањето на еден затвореник: „Сум лежел у турски, бугарски и српски затвори сѐ поради Македонија. Ама не верував дека за Македонија ќе бидам затворен и од Македонци.“ Во текот на 1947 година друга националистичка група била основана под раководство на Киро Мазнев, велешанец по професија продавач. Некои од членовите во неговата група биле поранешни дејци од групата на Чушков. Меѓу членовите бил и Тодор Стојанов, македонски партизан и учесник во бунтот на Скопско кале. Во истата година под раководство на Александар Патраклиевски, по потекло штипјанец, нова националистичка група била основана во Велес.[18]
Истата година била основана националистичка група под раководство на Ацо Бочев, претходно член во групата на Патраклиевски и Чушков. Во неговата група спаѓал претходноспомнатиот Кирил Ќирков кој со помош од Бочев основал своја националистичка група. Кога ги откриле Ќирков страдал пет години во Идризово додека Бочев се преселил во САД. Покрај крајот на 1947 година во село Подлес Коле Ценевски основал националистичка група со членовите: Геле Николов, Славе Крстевски и Александар Чингиров од Градско. Најголемата група била на Ангел Мишев со 80 членови. Поради нејзината големина Мишев како водач бил ликвидиран заедно со Живко Илиев од Ваташа, Бошко Живанчевиќ од Војводина и братот на Ангел — Стефан Мишев.[19]
Меѓу 1947-48 година во Ореше дејствувала националистичка група основана од Борис Стојановски која имала значајно влијание во велешкиот крај, некои од членовите биле од Бистрица, Горно и Долно Чичево, Вевчани и Горно Врановци. Дел од торбешкото население во околијата го поддржиле. После судските процеси дел од торбешите се преселиле во Турција за нивна безбедност.[20]
Период на Информбирото
[уреди | уреди извор]Меѓу 1948 и 1949 година односи меѓу Југославија и СССР се вложиле. Поради тоа Информбирото, под силно влијание од СССР, во Унгарија ја прогласиле Комунистичката партија на Југославија за фашисти и предавници на комунистичката цел. Судирот се случил во крајно неповолни услови за Социјалистичка Македонија. Секојдневието на политичкиот живот на Македонија меѓу 1948 и 1956 година биле полни со општа несигурност, страв и сомнение меѓу претставници на владата. Лазар Колишевски, Лазар Мојсов, Страхил Гигов и останатите македонски комунисти од поновата генерација на револуционери биле верни кон Југославија и комунистичката партија. Додека пак, постарите револуционери како Димитар Влахов, Александар Мартулков, Панко Брашнаров и Павел Шатев го сметале обединувањето на Македонија како едиствено решение на македонското прашање. Сѐ вкупно биле прогонети 76 велешани во Голи Оток поради Информбирото,[21] тие се:
| Број | Име | Казна | Забелешка |
|---|---|---|---|
| 1 | Георги Митрев Трајковски | 2 години | |
| 2 | Богдан Јованов Атанасовски | 12 месеци | |
| 3 | Борис Панзов Гонев | 2 години | Секретар на велешкиот одбор на КПЈ околу почетокот на НОБ. Се обидол да ја убие Маца Карбева.[22] |
| 4 | Трајко Орданов Мишковски | 2 години | Учесник во Шпанската граѓанска војна и судија. |
| 5 | Страхил Ангелов Бегинов | 2 години | Роден во Велес, 1918 г., секретар на околискиот комитет на Битола за време на НОБ.[23] |
| 6 | Лазар Јорданов Јаксиковски | 12 месеци | |
| 7 | Јордан Илиев Лазаровски | 18 месеци | |
| 8 | Славко Дамев Николовски | непознато[24] | Близок пријател на Кочо Рацин, напишал неколку статии за него после војната.[25] |
| 9 | Ангел Живков Димов | непознато[24] | Неговиот судски случај бил објавен на Нова Македонија на 2 јуни 1945 година.[26] |
| 10 | Ѓорѓи Јорданов Трифуновски | 2 години | |
| 11 | Кирил Ангелов Гочков | 2 години | Пријател на Венко Марковски.[27] |
| 12 | Ѓорѓи Николов Крстевски | 2 години | |
| 13 | Георги Илиев Андовски | 5 години | |
| 14 | Лазар Настев Стојанов | 2 години | Роден во Велес, 1910 г.[28] |
| 15 | Тодор Илиев Босински | 2 години | Роден во Велес, 1912 г.[28] |
| 16 | Димко Миланов Страчков | непознато[29] | Снабдувач за време на НОБ,[30] поранешен член на Бугарскиот акционен комитет.[31] |
| 17 | Никола Ристов Бабунски | 2 години | Секретар на месниот комитет на Велес. |
| 18 | Борис Михајлов Андов | 12 месеци | Заменик секретар на велешкиот округ.[32] |
| 19 | Ѓорѓи Димев Солев | непознато[24] | Внук на Кочо Рацин, најверојатно син на Димко Солев. |
| 20 | Ангеле Јорданов Бачевски | непознато[24] | |
| 21 | Бранко Јованов Темелковски | 2 години | |
| 22 | Ангел Дончев Мирчев | 20 месеци | Син на Дончо Мирчев, интерниран истовремено со неговиот татко. |
| 23 | Ангел Николов Јанчевски | 18 месеци | |
| 24 | Ане Николов Ѓоргов | 2 години | Син на Рахилка Фирфова. Значителен трговец и градешник.[33] |
| 25 | Јордан Петров Кочовски | непознато | По потекло од Лисиче. |
| 26 | Киро Петров Попадиче | 2 години | Воен комесар на Велес,[34] некои го сметат за главен организатор на велешкиот масакр.[35] |
| 27 | Ѓоко Трајков Петровски | непознато[24] | |
| 28 | Ванчо Андреев Андреевски | непознато[29] | Зет за братучед со Мате Бошкоски, борец и добитник на Илинденската пензија.[36] |
| 29 | Владо Трајков Пармаков | 20 месеци | |
| 30 | Никола Ангелов Пројчевски | 20 месеци | Активен во КПЈ и ВМРО (Обединета).[37] |
| 31 | Трајко Тодоров Гулевски | непознато[24] | Еден од основачите на Осмата македонска ударна бригада. |
| 32 | Ристо Алексов Јорданов | непознато | По потекло од Башино Село. |
| 33 | Владо Миланов Андоновски | 2 години | |
| 34 | Лазо Петров Стојанов | 24 месеци | |
| 35 | Христо Иѓатов Димовски | 18 месеци | Роден во Велес, 1913 г.[38] |
| 36 | Христо Лазаров Христовски | непознато[29] | Роден во Велес, 1908 г.[38] |
| 37 | Орце Арсов Виларов | непознато[29] | Првиот прочелник за мобилизација на Велес. Домаќин на велешката окружна болница меѓу 1945 и 1946 г.[39] |
| 38 | Панче Иванов Медаров | непознато[24] | Кмет на Страцин меѓу 1941 и 1942 г.,[40] втор претседател на велешкиот околиски суд меѓу 1946 и 1948 г.[41] |
| 39 | Јордан Димев Бунибаровски | непознато[29] | Еден од првите членови на скопската комунистичка ќелија на КПЈ.[42] |
| 40 | Димко Трајков Алчевски | непознато[29] | Роден во Велес, 1919 г.[38] |
| 41 | Борис Кузманов Трајковски | непознато[29] | |
| 42 | Дончо Јованов Мирчевски | непознато[29] | Првиот градоначалник на Велес после нејзиното ослободување. |
| 43 | Ѓорѓи Трајков Кремчев | непознато[29] | По потекло од Башино Село. |
| 44 | Ангел Тодоров Чучуков | непознато[29] | |
| 45 | Благоја Ѓошев Сребров | непознато[29] | Роднина на Диме Сребров, еден од жртвите во велешкиот масакр. |
| 46 | Филиман Миланов Боцкиновски | непознато[29] | |
| 47 | Илија Николов Коцев | непознато[29] | |
| 48 | Лазо Андов Илиевски | непознато[29] | По потекло од иселеното село Крушје |
| 49 | Илија Јорданов Смилевски | непознато[29] | Изгубил легитимација за снабдување во 1946 г.[43] |
| 50 | Богдан Павлов Видовски | непознато[29] | По потекло од Војница, дел од втората чета на велешкиот одред „Димитар Влахов“.[44][45] |
| 51 | Борче Ангелов Ончевски | непознато[29] | Дел од првиот скопски партизански одред. Соработувал со Невена Георгиева.[46] |
| 52 | Димче Темов Нешовски | непознато[29] | |
| 53 | Богдан Миланов Илчевски | непознато[29] | |
| 54 | Славчо Миланов Брашнаров | непознато[29] | Роднина на Панко Брашнаров, откако се вратил од Голи Оток се вработил во велешкиот народен театар.[47] |
| 55 | Миодраг Јованов Бузалковски | непознато[29] | По потекло од Новачани, после независноста на Македонија станал секретар на УКИМ.[48] |
| 56 | Ристо Дуков Бошковски | 18 месеци | По потекло од Владимирово. |
| 57 | Јордан Ѓошев Сребров | 2 години | Брат на Благоја Сребров, пријател на Страхил Гигов.[49] |
| 58 | Коце Андреев Ќамилов | 2 години | Деец во Институтот за фолклор и учесник во Шпанската граѓанска војна. |
| 59 | Тодор Андреев Зафировски | 2 години | |
| 60 | Дамо Спиров Гочев | 18 месеци | Роден во Велес, 1920 г.[50] |
| 61 | Александар Данчев Јовановски | 20 месеци | Роден во Нежилово, 1922 г.[50] |
| 62 | Панко Тодоров Брашнаров | 2 години | Значаен македонски револуционер, најстариот член во Президиумот на АСНОМ. |
| 63 | Јанко Јорданов Јанковски | 2 години | |
| 64 | Лазо Панов Алчевски | 15 месеци | |
| 65 | Методија Димчев Џундев | 15 месеци | Борец во Втората македонска ударна бригада.[51] |
| 66 | Јордан Јованов Каниковски | 2 години | Роден во Велес, 1908 г. |
| 67 | Јордан Иванов Мецановски | 18 месеци | Професор по историја во велешката гимназија откако бил ослободен, починал во 2013 г.[52] |
| 68 | Михајло Јорданов Станински | 2 години | |
| 69 | Љубе Вангелов Деловски | 12 месеци | |
| 70 | Грозда Петрова Симитчиева | 2 години | Иницијаторка за формирање на првото училиште за акушерки во Југославија.[53] |
| 71 | Ризо Костов Ризов | непознато[24] | Значаен деец во ВМРО (Обединета), најверојатно починал од болест пред да бил интерниран во Голи Оток. |
| 72 | Борис Дамев Таневски | 4 години | По потекло од Винце. Именуван во југословенски документи со псевдонимот Димо.[54] |
| 73 | Перо Симов Симатовиќ | непознато[24] | По потекло Хрват од Дубровник кој бил граѓанин на Велес за време на репресиите.[55] |
| 74 | Лазо Николов Петровски | непознато[24] | По потекло од Раштани. |
| 75 | Апостол Игњатов Ставровски | непознато[24] | По потекло од Богомила. Дел од втората чета на велешкиот одред „Димитар Влахов“.[44] Кога се вратил станал претседател на ликвидационен суд на Општина Богомила.[56] |
| 76 | Тодор Лефков Јовановски | непознато | Осуден во Југословенската народна армија. |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ачкоска 2013, стр. 15-16.
- ↑ Ачкоска 2013, стр. 19.
- 1 2 Ачкоска 2013, стр. 34.
- ↑ Ачкоска 2013, стр. 208.
- ↑ Јанакиевски 2020, стр. 116.
- ↑ Јанакиевски 2020, стр. 117.
- ↑ Ачкоска 2013, стр. 209.
- 1 2 Ачкоска 2013, стр. 210.
- ↑ Ачкоска 2013, стр. 214.
- ↑ Јанакиевски 2020, стр. 118-119.
- ↑ Ачкоска 2013, стр. 93-94.
- ↑ Ачкоска 2013, стр. 104-105.
- ↑ Ачкоска 2013, стр. 108-110.
- ↑ Ачкоска 2013, стр. 110-111.
- ↑ Ачкоска 2013, стр. 112.
- ↑ Ачкоска 2013, стр. 220-222.
- ↑ Ачкоска 2013, стр. 222-228.
- ↑ Ачкоска 2013, стр. 228-229.
- ↑ Ачкоска 2013, стр. 229-230.
- ↑ Ачкоска 2013, стр. 230-232.
- ↑ Ачкоска 2013, стр. 235-237.
- ↑ Апостолски, Михајло (1983). Извори за ослободителната војна и револуција во Македонија 1941-1945, дел 1. Документ на Покраинскиот комитет 1941-1942. Институт за национална историја. стр. 182.
- ↑ Танушевски, Марјан (11 март 2024). „Битолски Евреи - учениците родени во иста година, животот го изгубија во ист ден“. Миа.
- 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 Во документот пишува: „бил во затвор и ослободен“
- ↑ Димитровски, Тодор (1982). Од Пејчиновиќ до Рацин. Култура. стр. 300.
- ↑ Маријана (24 јули 2017). „Колко е броят на жертвите на комунизма в Македония?“. Еурочикаго.
- ↑ Арнаудова, Анка (2005). Osobnost Venka Markovskeho v Macedonskej literature (PDF). Прага: Карлов универзитет. стр. 61.
- 1 2 Џиков, Ставре (1993). Македонија во комунстичкиот триаголник. Ѓурѓа. стр. 227.
- 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 Во документот пишува: „казна општествено корисна работа“
- ↑ Зографски, Данчо (1969). Велес и Велешко во народно ослободителна војна 1942. Opštinski odbor na Sojuzot na Združenijata na borcite od NOV. стр. 58.
- ↑ ПРОТОКОЛ ЗА СЪЗДАВАНЕ НА МЕСТЕН БЪЛГАРСКИ АКЦИОНЕН КОМИТЕТ В ГРАД ВЕЛЕС (1941) од БЦАК
- ↑ Службен весник на Народна Република Македонија (1946) год. II, бр. 25
- ↑ Андреевски, Стоилко (4 јуни 2018). „Ѓоргови – образовано, чесно и имотно старо велешко семејство“. Дума.
- ↑ Апостолски, Михајло (1983). Извори за ослободителната војна и револуција во Македонија 1941-1945, дел 1. Документ на Покраинскиот комитет 1941-1942. Институт за национална историја. стр. 479.
- ↑ Македонизмът и съпротивата на Македония срещу него —Кланетата в Прилеп, Велес, Куманово и в други селища (1992) од Коста Црнушанов
- ↑ Дамјановска, Јасминка (2016). Илинденски сведоштва. 1. Скопје: Државен архив на Република Македонија. стр. 28.
- ↑ Зографски, Димче (1974). Komunistička partija Jugoslavije i Vnatresna makedonska revolucionerna organizacija (Obedinata) vo Vardarska Makedonija vo periodot 1920-1930. Скопје: Институт за национална историја. стр. 271.
- 1 2 3 Џиков, Ставре (1993). Македонија во комунстичкиот триаголник. Ѓурѓа. стр. 241–242.
- ↑ Службен весник на Народна Република Македонија (1946) год. II, бр. 4
- ↑ Пеловски (2022). Списък на кметовете на градските и селски общини в присъединените към Царството земи през 1941-1944 година (PDF). Софија: Библиотека Струмски. стр. 20.
- ↑ Андреевски, Стоилко (23 јули 2017). „Сите досегашни Претседатели на Судот во Велес“. Дума.
- ↑ Инадевски, Митре (1974). Hronologija na Skopje, rabotničkoto i narodnoosloboditelnoto dviženje 1939-1945. Архив на Македонија. стр. 22.
- ↑ Службен весник на Народна Република Македонија (1946) год. II бр. 23
- 1 2 Данов, Љупчо (9 септември 2018). „Потсетување на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов"“. Дума.мк.
- ↑ Џиков, Ставре (1993). Македонија во комунстичкиот триаголник. Ѓурѓа. стр. 233.
- ↑ Инфомакс (25 јули 2022). „97 години од раѓањето на првата партизанка Невена Георгиева – Дуња“. Infomax.
- ↑ Данов, Љупчо (28 март 2020). „Театарски живот: Велес го заслужува театарот бидејќи живее и пулсира со него“. Дума.
- ↑ Универзитет "Кирил и Методиј"--Скопје (1991). Преглед на предавањата. УКИМ. стр. 83.
- ↑ Гигов, Страхил (1975). Сеќавања. Скопје: Наша книга. стр. 195.
- 1 2 Џиков, Ставре (1993). Македонија во комунстичкиот триаголник. Ѓурѓа. стр. 248–249.
- ↑ Георгиевски, Љубен (1970). Огнени врвици, Втора македонска народноослободителна ударна бригада. Народна армија. стр. 238.
- ↑ Печков, Петар (28 април 2013). „Почина професорот Мецанов“. ТиРековМиРече.
- ↑ Симитчиева, Грозда Петрова (2009) од Македонската енциклопедија — уредена од Блаже Ристовски.
- ↑ Апостолски, Михајло (1983). Извори за ослободителната војна и револуција во Македонија 1941-1945, дел 1. Документ на Покраинскиот комитет 1941-1942. Институт за национална историја. стр. 136.
- ↑ Џиков, Ставре (1993). Македонија во комунстичкиот триаголник. Ѓурѓа. стр. 251.
- ↑ Службен весник на Социјалистичка Република Македонија (1964) год. XX, бр. 6
Библиографија
[уреди | уреди извор]- Ачкоска, Виолета (2013). Велес и Велешко: 1944-1991. Скопје: Макавеј. ISBN 978-608-205-233-5.
- Јанакиевски, Павле (2020). Идеи, платформи и концепти за создавање на независна македонска држава (1941-1949). Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.
Забелешки
[уреди | уреди извор]- ^ Блажевска, Катерина (6 јануари 2022). „Вратени сеќавањата на „Крвавото коледе"“. Дојче Веле.
- ^ Гигов, Страхил (1976). Сеќавања. Скопје: Наша книга. стр. 177.
- ^ Хаџи Кимов, Васил (1941). „Дописка отъ Велесъ“ (PDF). Македонија.
- ^ Николов, Јован (18 февруари 2024). „Нема да кажам, се убиваат, а немаат мир ни убиени“. Трибуна.
- ^ Малковски, Ѓорѓи (2019). Организациона поставеност и дејствувањето на Контрачетниците во Велешко во Втората светска војна (1942-1944) (PDF). Скопје: Институт за национална историја. стр. 67.
- ^ Апостолски, Михајло (1969). Велес и Велешко во народно ослободителна војна 1942. Општински одбор на Сојузот на Здруженијата на борците од НОВ. стр. 205.
- ^ Данов, Љупчо (7 октомври 2019). „Фудбалските клубови, со театарски и музички секции,биле најпопуларни во Велес, помеѓу 1919 и 1930 година“. Дума.мк.
- ^ Институт за българска протестантска история (23 август 2019). „Баптизмът по Българските земи (Средата на XIX в. - началото на XX в.)“. Протестанството.
- ^ Малковски, Ѓорѓи (15 јануари 2020). „Речани – последната битка за слободна Македонија“. Нова Македонија.
- ^ Малковски, Ѓорѓи (2019). Организациона поставеност и дејствувањето на Контрачетниците во Велешко во Втората светска војна (1942-1944) (PDF). Скопје: Институт за национална историја. стр. 70.
- ^ Јошевски, Александар (2024). Илинденската организация и дейността и чествания и тържества по време на Втората световна война (PDF). Софија: Софиски универзитет. стр. 82.
- ^ Ачкоска, Виолета (2011). „Жртви на комунизмот — Осудени за ВМРО“. МРТ.
| Статијата Југословенски терор врз Велешани е добра статија. Таа исполнува одредени критериуми за квалитет и е дел од инкубаторот на Википедија. |