Југоисточно македонско наречје

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Југоисточно наречје)

Југоисточномакедонско наречје — едно од трите наречја на македонскиот јазик. Наречјето се зборува на територијата на источна Македонија, Пиринска Македонија и Беломорска Македонија. Поголем дел од дијалектите на ова наречје денес се зборуваат надвор од границите на Република Македонија. Ова наречје се дели на три подгрупи: источна група, југозападна група и југоисточна група.

Југоисточното наречје ги зафаќа областите Тиквеш, Мариово, Раец, Витачево, Бошава, Штипско, Кочанско Поле, Осоговија, Струмичко-радовишката Котлина, Радовишки Шоплук, Лакавичко, Бојмија, Дојранско Поле, Малешевија и Пијанец во Република Македонија, потоа Горноџумајско, Разлошко, Петричко, Светиврачко и Неврокоп во Пиринска Македонија и во Вардарија, Кукушко, Серско, Драмско, Лагадинско, Ениџевардарско, Воденско, Мегленско, Кајларско, Леринско и Костурско (Пополе, Корешта, Костенарија и Нестрамско) во Егејска Македонија.

Фонетско-фонолошки особености :[уреди | уреди извор]

  • Главна особеност која е диференцијална во однос на западното наречје е карактерот на акцентот кој овде е неопределен или разносложен. Тоа значи дека тој може да стои на кој било слог: на последниот отворен слог: женá, дојдé, на последниот затворен слог: дебéл, ширóк, на вториот слог од крајот на зборот: невéста, оризáрник. Има примери и на третиот слог: расóлница, а има примери и на четвртиот слог: лáпавица. Значи, акцентот овде не образува акцентски целости од западномакедонски тип. Кај овие говори акцентот има поголем интензитет и тоа условува неакцентираните самогласки да се реализираат пократко.
  • Интензитетот на акцентот е особено силен во југоисточните и јужните говори поради што самогласките е, а, о кога не се акцентирани освен квантитативни претрпеле и творбени (квалитативни) промени. Самогласкаите е и о кога не се под акцент и кога не се на крај на зборот се артикулираат повисоко од акцентираните, значи добиваме средни гласови меѓу е и и, односно меѓу о и у. Пример, недела > неидéл’a, мéсец > мéсеиц, волóве > воулóве или вулóве. Крајниот резултат наместо е и у и наместо о се забележува во појужните говори каде редукцијата е посилно изразена, на пример, во воденскиот говор. Со процесот на редукција е опфатен и самогласката а, кој во зависност од фонетската окруженост и од тоа колку е оддалечен од акцентот се изговара со повисока творба, па се добива глас среден меѓу а и ă, а во средината на зборот може да помине во ă, особено покрај р: рăбóта. Може и сосема да се елидира, да исчезне особено во членуваната форма женатажента, крушатакрушта, убавоубво.
  • Во согласниот систем треба да се спомене присуството на х во фонолошкиот систем на овие говори, со исклучок на тиквешко-мариовскиот говор. Гласот х најдобро се чува на крај на зборот, на пример, бех, дојдéх, на цело подрачје освен во тиквешко-мариовскиот говор и западниот дел на штипското подрачје. Во ограничен број примери гласот х се заменува со ј од нихно има нијно, од чехли има чејли.
  • Онаму каде фонемата х добро се чува, а така е во појужниот и поисточниот дел по струјните гласови с и з (ш и ж) пред африкатите џ и ч се добило ново неетимолошко х кај деминутивните форми обрасчеобрахче, носченохче, прстпрхче. Обратно во појасот што граничи со западното наречје овие гласови или се асимилирале во ш и ж: обрашче или пак останале неизменети: носче, прсче. Преминот на х во в или ф познат во западното наречје овде не се забележува.
  • Отсуство на мешање на носовките познато за западното наречје го земаме со изговор етрва, ечмен, език, а тоа се примери во кои старото Ѩ се развило нормално во е за разлика од западното наречје каде јен преминало во јон, а потоа сме добиле рефлекс во зависност од тоа каков е развојот на ѫ, о, а, у или ă.
  • Старата група цѣ се изменила во ца-, а не во це- : цадам наместо цедам, цапеница место цепеница и др.
  • Групите свь и цвь во ова нареје за разлика од западното каде преминало во су, ѕу, се измениле во сав, сам или сăв, сăм или цав, цам, цăв, цăм: сăмне, осăмне, сáвне, цафти, цăвти и др.
  • На цело источно подрачје пред првично ѫ како протетички глас се јавува в, а не ј: важе, вадица. Протетичкиот глас в во западното наречје се јавува во лексемите визба, вистина, а во источното наречје не се среќава и истите зборови се јавуваат со почетно и.
  • Редуплицирана употреба на предлогот со кој овде се јавува или како сос или како сăс во североисточните говори, а во југоситочните има сус. Стариот предлот бил съ, во северните говори под влијание на јужните српски говори малиот и големиот ер се изедначиле и дале еден глас меѓу а и ă. Нема преминување на голем ер во о како во другите западни говори. Със дало сос а со редукција на неакцентираните о дало у. Има примери и каде отпаѓа почетното с.
  • Удвоен се јавува и предлогот во особено во крајните источни говори и се јавува во Малешевијата со формата воф, а во гевгелискиот отпаѓа в и се добива уф.

Морфолошки одлики[уреди | уреди извор]

  • Повеќе едносложни именки од машки род множина се образуваат со наставката -ове: столове, ножове, крстове.
  • Избројаната множина со наставката е жива категорија во овие говори, често се употребува, а се јавува и со големи броеви: пејсе војника, сто човека.
  • Личните имиња како и роднинските се јавуваат само со една номинативна форма: Видóх го Стојáн. Во јужните и југоисточните говори може да се јави и со на: Видох го на Стојан – пример за акузативна конструкција. Исто со една номинативна форма се јавува дативна конструкција: Рекох му на Стојáн, рекох му на брат ми.
  • При определување на општите именки се јавува само членската морфема от, а отсуствуваат ов и он.
  • Кај личните заменки за трето лице се јавува постарата форма он, а исклучок се крајните источни говори каде може да се сретне и тој, односно тове.
  • Остатоци од падежните форми среќаваме само во формата за директен објект: мене ме, тебе те, него го. За датив ја среќаваме истата оваа форма со предлогот на: на мене ми рече, на него му даде, а не како во западното наречје нему му.
  • Со партикулите зе и ка се засилуваат акцентираните заменски форми, а може да се употребуваат заедно и двете партикули: јасјазејазека, титизетизека, наснасканазека.
  • Кратката заменска форма од личната заменка она се јавува со формата ја или а: неа ја видох или а виде, додека во датив се јавува без партикулата зи: на неа ѝ рекох, а не нејзе.
  • Кратката акузативна форма од они гласи ги: нив ги видех.
  • Кај демонстративните заменски форми отсуствува третиот член, има само тај у вој или вај (овај) и тај и онај.
  • Во трето лице множина кај сите глаголи се обопштило : викат, сечат, носат.
  • Формите за аорист од имперфективните глаголи во источните говори се многу обични што не е случај со западните говори. Трчах, носих, сечех.
  • Ретко се присутни конструкции од типот има / нема + глаголска придавка.
  • Посложените конструкции од типот: беше имал дојдено, ќе беше имал дојдено, беше бил дојден или ќе беше бил дојден воопшто не се познати во источното наречје
  • Употреба на глаголската л-форма од типот: речел, влезел, а поретко рекол.
  • На голем простор од источното наречје префискираните глаголи од носи л-форма образуваат од коренската морфема нел: однел, донел.
  • Во трето лице множина помошниот глагол сум се јавува со формата са или се: тие са дома.
  • Во формите на минато определено време во трето лице еднина и множина се чува помошниот глагол е во еднина и са за множина: Он е работил, е трчал, е бил, они са работиле, дојдоле, биле.
  • Меѓу важните црти на источното наречје без југоисточните говори, постпозитивна употреба на заменските клитики во однос на глаголот: испратих ги, докарах го, скријаа се. Не е возможно речениците да почнуваат со кратка заменска форма.
  • Употреба на предлогот врз, а во малешевските говори врез. Наместо овој предлог во западното наречје се среќава на.

Дијалекти на југоисточномакедонското наречје[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]