Југово Езеро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Југово Езеро
Borilovacko (Jugovo) jezero.jpg
Место  Босна и Херцеговина
 Република Српска


Југово Езеро е вештачко езеро на планината Зеленгора, во Националниот парк Сутјеска, Република Српска, Босна и Херцеговина. Ова е единственото езеро на Зеленгора кое настанало по вештачки пат. Името на езерото потекнува од создавачот Југ, кој пак бил вработен како ловочувар во Националниот парк. Езерото настанало како акумулација со преградување на потокот кој денес се влива во езерото. Површината на езерото е 2.5 хектари и има длабочина од 5 метри. Должината на езерото е 250 метри, а ширината е околу 100 метри. Езерото е планинско и се наоѓа на 1.450 метри надморска височина.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • „“. Мала енциклопедија Просвета (3). (1985). Београд: Просвета.
  • Марковић, Јован Ђ. (1990). Енциклопедијски географски лексикон Југославије. Сарајево: Свјетлост. ISBN 978-86-01-02651-3.