Јувентус-Калјари (Серија А 2013-14)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Серија А сезона 2013-14
Датум18 мај 2014
СтадионСтадион Јувентус, Торино, Италија
СудијаМауро Бергонци
Гледачи39,334

Натпреварот помеѓу екипите на Јувентус и Калјари за сезоната 2013-14 се одиграл во рамките на последното 38-мо коло од Серија А.[1] Натпреварот немал некое големо бодовно значење бидејќи домаќините математички веќе ја освоиле титулата на три кола пред крајот, а гостите пак веќе обезбедиле опстанок. Сепак, нешто поголем мотив за победа имала домашната екипа кој со победа или нерешено би дошле до бројката од 100 поени (или 102 во случај на победа), што во историјата на Серија А не и успеало на ниту една екипа претходно. Јувентус веќе поставил нов рекорд за најмногу освоени бодови (99) пред почетокот на овој натпревар,[2] надминувајќи го рекордот на Интер од сезоната 2006-07 кога освоиле 97 бода.[3]

Преглед на натпреварот[уреди | уреди извор]

Првата шанса на натпреварот ја имале гостите преку Ибарбо, но неговиот удар од косо го одбранил Буфон. Во 8-мата минута паднал првиот гол на натпреварот; по слободниот удар на Пирло топката завршила во пречката, а потоа од грбот на голманот на Калјари Силвестри се одбила во мрежата, 1-0 за Јувентус. Во 15-тата минута Јуве дошол во водство со 2-0, а стрелец бил Љоренте. Пирло извел корнер од десната страна, шпанскиот напаѓач на домаќините бил најснаодлив во шеснаесетникот и ја зголемил предноста. Малку потоа Десена пропуштил голема шанса за Калјари, излегол сам пред Буфон, но овој му го одбранил ударот. Во 40-тата минута конечниот резултат го поставил Маркизио. Во второт полувреме немало големи возбудувања и домаќините успеале да го сочуваат водството и својата мрежа празна. Македонскиот репрезентативец Агим Ибраими влегол во игра во 66-тата минута.

По завршувањето на натпреварот домашните навивачи имале причини за славје бидејќи покрај рекордот и освојувањето на 102 бода, уследило и доделувањето на медалите и трофејот.[4][5]

Детаљи од натпреварот[уреди | уреди извор]

18 мај 2014
15:00 Средноевропско време
Јувентус Јувентус 3 – 0 Каљари Каљари Стадион Јувентус, Торино
Гледачи: 39,334
Судија: Мауро Бергонци
Силвестри гол 8' (а.г.)
Љоренте гол 15'
Маркизио гол 40'
Јувентус
Калјари


ЈУВЕНТУС:
GK 1 Италија Џанлуиџи Буфон (к) заменет 53'
RB 4 Уругвај Мартин Касерес
CB 19 Италија Леонардо Бонучи
LB 5 Италија Анџело Огбона
MF 26 Швајцарија Стефан Лихтштајнер
MF 8 Италија Клаудио Маркизио
MF 21 Италија Андреа Пирло заменет 79'
MF 6 Франција Пол Погба
MF 22 Гана Квадво Асамоа
CF 10 Аргентина Карлос Тевез
CF 14 Шпанија Фернандо Љоренте заменет 59'
Резерви:
GK 34 Бразил Рубињо влегол во игра 53'
FW 18 Италија Пабло Освалдо влегол во игра 59'
MF 7 Италија Симоне Пепе влегол во игра 79'
FW 9 Црна Гора Мирко Вучиниќ
FW 12 Италија Себастијан Џовинко
DF 13 Италија Федерико Пелузо
DF 15 Италија Андреа Барцалји
MF 20 Италија Симоне Падоин
FW 27 Италија Фабио Кваљарела
GK 30 Италија Марко Сторари
MF 33 Чиле Маурисио Исла
Тренер:
Италија Антонио Конте
КАЛЈАРИ:
GK 1 Италија Марко Силвестри
RB 24 Италија Габриеле Перико
CB 15 Италија Лука Росетини
CB 13 Италија Давиде Астори заменет 46'
LB 8 Бразил Данило Авелар
DM 5 Италија Даниеле Конти (к)
RM 4 Италија Андреа Табанели
LM 21 Италија Даниеле Десена
AM 7 Италија Андреа Косу заменет 66'
CF 23 Колумбија Виктор Ибарбо заменет 86'
CF 51 Чиле Маурисио Пинила
Резерви:
DF 3 Италија Алесандро Бастрини влегол во игра 46'
CF 9 Италија Марко Сау
MF 10 Македонија Агим Ибраими влегол во игра 66'
MF 16 Шведска Себастијан Ериксон
DF 19 Грција Мариос Оиконому
FW 26 Италија Антонио Лои влегол во игра 86'
GK 28 Италија Валтер Карбони
Тренер:
Италија Иво Пулга

Судии на мечот

  • Асистенти судии:
    • Масимилијано Грили
    • Маурицио Либерти
  • Четврти судија: Емануеле Де Лука

Правила на мечот

  • 90 минути.
  • Може да заврши нерешено.
  • Три максимум замени.

Најмногу поени во домашната лига[уреди | уреди извор]

Со освојувањето на 102 бода Јувентус е сега втор во Европа по бројот на освоени бодови во една сезона со бод помалку од шкотскиот Селтик, кој во сезоната 2001-02 освоил 103. Истотака подобрен е рекордот во петте најквалитетни лиги во Европа (Англија, Италија, Германија, Шпанија и Франција), кој го држеле Реал Мадрид и Барселона со 100 бодови како и личниот рекорд на клубот, кој изнесувал 87 бода.

Еве како изгледа листата на клубови кој освоиле најмногу бодови во домашната лига:

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Juventus vs. Cagliari 3 - 0
  2. Петар Кузманоски. „Јувентус е новиот рекордер во Серија А“, sportski.mk, 12 мај 2014 (посет. 25 октомври 2014 г).
  3. Интер рекордно, Киево во Серија Б“, утрински весник, 28 мај 2007 (посет. 25 октомври 2014 г).
  4. Јувентус со рекордни 102 бода ја заврши сезоната“, http://a1on.mk, 18 мај 2014 (посет. 25 октомври 2014 г).
  5. Juventus set European record of 102 points