Јохан (изборен кнез од Саксонија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јохан
Lucas Cranach the Elder - Portrait of Johann the Steadfast 1509.jpg
Изборен кнез на Саксонија
На престол 5 мај 1525 – 16 август 1532
Претходник Фридрих III
Наследник Јохан Фридрих I
Сопружник Софија Мекленбург
Маргарита од Анхалт
Деца
Јохан Фридрих
Марија
Јохан Ернест
Династија Ветинци
Татко Ернест
Мајка Елизабета
Роден(а) 30 јуни 1468(1468-06-30)
Мајсен
Починал(а) 16 август 1532(1532-08-16) (воз. 64 г.)
Швајниц
Почивалиште Витенберг
Вероисповед Лутеранство

Јохан (германски: Johann der Beständige, роден во 30 јуни 1468 во Мајсен - починал на 16 август 1532 во Швајниц) — владетел од династијата Ветинци како изборен кнез од Саксонија во периодот од 1525 до 1532 година.

Рани години[уреди | уреди извор]

Јохан бил четвртиот син на изборниот кнез Ернест од Саксонија (1441-1486) и неговата сопруга Елизабета (1443-1484), ќерка на баварскиот војвода Албрехт III.

Управување[уреди | уреди извор]

Тој го наследил неговиот татко во 1486 година и управувал со Војводство Саксонија-Витенберг и Изборно Кнежевство Саксонија заедно со својот брат Фридрих III. Другите негови браќа Ернест и Адалберт станале духовници.

По неговата втора женидба, тој и неговиот брат си ги поделиле териториите. Јохан како седиште му припаднал Вајмар и од таму управувал со Тирингија. Во 1525 година ги наследил териториите на својот брат бидејќи Фридрих немал деца.

Јохан имал позитивен став кон реформацијата. Мартин Лутер живеел во неговота територија. Во 1527 година Јохан ја основал Евангелско-лутеранската државна црква и како изборен кнез станал и нејзин прв епископ.

Јохан управувал 40 години и починал во 1532 година. Тој бил погребан во палатската црква на Витенберг. Протестантската црква неговиот ден го слави на 16 август. Јохан бил наследен од страна на неговиот син Јохан Фридрих.

Семејство[уреди | уреди извор]

Јохан се оженил на 1 март 1500 година во Торгау за Софија Мекленбург (1481 - 1503), ќерка на војводата Магнус II од Мекленбург. Двајцата имале еден син:

На 13 ноември 1513 година Јохан се оженил во Торгау по втор пат за Маргарита од Анхалт (1494 - 1521), ќерка на кнезот Валдемар VI од Анхалт. Тие имале четири деца:

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


Јохан (изборен кнез од Саксонија)
Роден(а): 30 јуни 1468 Починал(а): 16 август 1532
Претходник
Фридрих III
Изборен кнез на Саксонија
1525–1532
Наследник
Јохан Фридрих