Јохан Фридрих I (изборен кнез од Саксонија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јохан Фридрих I
Lucas Cranach d. Ä. 044.jpg
Изборен кнез од Саксонија
На престол 16 август 1532 – 24 април 1547
Претходник Јохан
Наследник Морис
Војвода од Саксонија
На престол 24 април 1547 – 3 март 1554
Претходник Морис
Наследник Јохан Фридрих II
Ландгроф од Тирингија
На престол 16 август 1532 – 24 април 1547
Претходник Јохан
Наследник Јохан Ернест
Сопружник Сибилија
Деца
Јохан Фридрих II
Јохан Вилхелм I
Јохан Фридрих III
Династија Ветинци
Татко Јохан
Мајка Софија
Роден(а) 30 јуни 1503(1503-06-30)
Торгау
Починал(а) 3 март 1554(1554-03-03) (воз. 50 г.)
Вајмар
Почивалиште Вајмар
Вероисповед Лутеранство

Јохан Фридрих I (германски: Johann Friedrich I, роден во 30 јуни 1503 во Торгау - починал на 3 март 1554 во Вајмар) — владетел од династијата Ветинци како изборен кнез од Саксонија во периодот од 1532 до 1547 година и војвода од Саксонија во периодот од 1547 до 1554 година.

Рани години[уреди | уреди извор]

Јохан Фридрих I бил најстариот син на саксонскиот изборен кнез Јохан (1468-1532) и неговата прва сопруга Софија (1481-1503), ќерка на војводата Магнус II од Мекленбург.

Јохан Фридрих се оженил во февруари 1527 година во Торгау за Сибилја (1512-1554), ќерка на Војводата Јохан III од Јулих-Клеве-Берг.

Јохан Фридрих бил заробен во битката кај Милберг на 24 април 1547 година од страна на царската војска и на 10 мај осуден на смрт, но по молба на влијателни кнезови казната била заменета со доживотен затвор.

Тој ја изгубил титулата изборен кнез и голем дел од своите територии. Од затворот тој дал наредба за изградба на дворец и високо училиште во Јена, кое училиште во 1558 година станало универзитет. По пет години тој бил ослободен на 1 септември 1552 година. Последните години ги поминал во Вајмар и бил наследен од својот брат Јохан Ернест.

Јохан Фридрих бил погребан до сопругата Сибилја во градската црква на Вајмар. Протестантската црква неговиот ден го слави на 3 март.

Семејство[уреди | уреди извор]

Јохан Фридрих со Сибилја имале 4 деца:

Литература[уреди | уреди извор]

  • Joachim Bauer und Birgitt Hellmann, Verlust und Gewinn. Johann Friedrich I., Kurfürst von Sachsen; Bausteine zur Jenaer Stadtgeschichte, 8; Weimar, Jena 2003; ISBN 3-89807-058-1
  • Frank-Lothar Kroll, Die Herrscher Sachsens: Markgrafen, Kurfürsten, Könige 1089- 1918, Verlag C. H. Beck 2004, S. 70 ff. (Digitalisat)
  • Heinrich Theodor Flathe, Johann Friedrich (Kurfürst von Sachsen). Allgemeine Deutsche Biographie (ADB). 14. Duncker & Humblot, Leipzig 1881, S. 326–330.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Јохан Фридрих I (изборен кнез од Саксонија)
Роден(а): 30 јуни 1503 Починал(а): 3 март 1554
Претходник
Јохан
Изборен кнез од Саксонија
1532–1547
Наследник
Морис
Претходник
Морис
Војвода од Саксонија
1547–1554
Наследник
Јохан Фридрих II