Јохан Агрел
Јохан (Јоаким) Агрел (Johann Joachim Agrel; 1701-1765) - шведски и германски виолинист, пијанист, диригент и композитор.
Биографија
[уреди | уреди извор]Јохан Агрел е роден на 1 февруари 1701 година во Лете (Источен Готланд). Се школувал во Упсала, а потоа отпатувал во Англија, Франција, Италија и други земји.
Од 1723 до 1746 година бил дворски виолинист во Касел, каде што се прославил како пијанист. Од 1746 година бил Капелмајстор во Нирнберг.
Тој поседувал голем број солидни дела (симфонии, концерти, сонати, итн.), чија збирка била објавена во Нирнберг; многу други се сведени во ракописи. Во младоста, музиката на Агрел била под силно влијание на современата италијанска музика, особено на Антонио Вивалди.
Јохан Агрел починал на 19 јануари 1765 година во градот Нирнберг.
Користена литература
[уреди | уреди извор]- Агрел, Јохан // Allgemeine Deutsche Biographie (германски)
- Литература од или за Јохан Агрел во каталогот на Германската национална библиотека (германски)