Јохан Јулиус Валбаум
Јохан Јулиус Валбаум Johann Julius Walbaum | |
---|---|
Валбаум | |
Роден(а) | 30 јуни 1724 Волфенбител |
Починал(а) | 21 август 1799 Либек | (возр. 75)
Занимање | германски природонаучник |
Јохан Јулиус Валбаум (германски: Johann Julius Walbaum; 30 јуни 1724, Волфенбител – 21 август 1799, Либек) — германски лекар, природонаучник и таксоном на животинскиот свет.
Дела
[уреди | уреди извор]Како ихтиолог прв открил и опишал многу видови риби од далечните краишта на светот како што се големата баракуда (Sphyraena barracuda), кучешкиот лосос (Oncorhynchus keta) од реката Камчатка и усест пастрмкокрап или „куримата пасу“ (Prochilodus marggravii) од реката Сао Франциско во Бразил.
Бил првиот кој напишал за употребата на ракавици во хирургијата за да се спречат инфекции. Во 1758 г. забележал ракавици направнеи овчо слепо црево (гумата сè уште не била откриена).
Оставнина
[уреди | уреди извор]Природонаучниот музеј во Либек (отворен во 1893 г.) — составен врз големата научна збирка на Валбаум, која е изгубена за време на Втората светска војна.
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Јохан Јулиус Валбаум“ на Ризницата ? |
- Литература од и за Јохан Јулиус Валбаум — Германска национална библиотека (германски)
- Дела од и за Јохан Јулиус Валбаум Архивирано на 2 јули 2016 г. — Германска дигитална библиотека (германски)
Оваа биографска статија за личност од Германија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|