Јоханес Видман
Јоханес Видман | |
---|---|
Прва употреба на знаците за плус (+) и минус (-) во печатени дела | |
Роден(а) | ~1460 Егер, Свето Римско Царство |
Починал(а) | по 1498 Лајпциг |
Националност | Германец |
Полиња | Математика |
Установи | Лајпцишки универзитет |
Образование | Лајпцишки универзитет |
Познат по | знаците за плус (+) и минус (-), прво предавање на универзитет за алгебра |
Јоханес Видман или Јован Видман[1] (герм. Johannes Widmann, ~ 1460 - по 1498) бил германски математичар - изумител на знаците за собирање (+) и одземање (-).
Роден е во Егер (денешен Хеб), Чешка. Во 1480-тите студирал на Лајпцишкиот универзитет. Во 1482 година се здобил со диплома од Лајпцишкиот универзитет, а во 1485 година со докторатот од истиот универзитет. 1489 во Лајпциг го објавил делото „Behende und hubsche Rechenung auff allen Kauffmanschafft“ („Вешта и убава пресметка за сите занаети“) каде за првпат ги воведува знаците.[2] Наредните изданија биле издадени во Пфорцхајм во 1509, Агно (Хагенау) во 1519 и Аугсбург во 1526. Оваа книга е ран пример на печатена книга од областа на аритметиката која содржи повеќе примери од претходните книги на таа тема. Делото било многу популарно токму поради тоа. По 1526 година неговата популарност е надмината од делото од областа на аритметиката на Адам Ризе. Книгата содржи три делови: првиот е за броење цели броеви, вториот е за пропорции, третиот е за геометрија.
Околу 1495 Видман ги објавил следниве дела на латински јазик: Algorithmus integrorum cum probis annexis, Algorithmus linealis, Algorithmus minutiarum phisicarum, Algorithmus minutiarum vulgarium, Regula falsi apud philosophantes augmenti et decrementi appellata и Tractatus proportionum plusquam aureus.
Рачно напишаните страници во колекција која е зачувана до денешно време покажуваат дека по здобивањето со докторатот, Видман објавил дека ќе држи предавања по алгебра. Има докази дека предавањето по алгебра се случило во 1486 година,[3] со што истото станува прво одржано предавање по алгебра на универзитет. Тој на универзитетот предавал основи на аритметика, пресметка со абакус и алгебра.
Починал во Лајпциг по 1498 година.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Андреевски, Венцислав П (2007). „12 јануари Познати математичари“. Прирачник за математички поими и формули. Скопје: Винсент графика. стр. 404. ISBN 978-9989-2474-4-6.
- ↑ 1859-1930, Cajori, Florian ([2007]). A history of mathematical notations. New York, NY: Cosimo Classics. ISBN 9781602066847. OCLC 707100737. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link) - ↑ Coulston, Gillispie, Charles; Societies, American Council of Learned ([1970-1980]). Dictionary of scientific biography. New York: Scribner. ISBN 0684101149. OCLC 89822. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)
Извори
[уреди | уреди извор]- Barbara Gärtner, Johannes Widmanns „Behende und hübsche Rechenung“. Die Textsorte „Rechenbuch“ in der Frühen Neuzeit, Tübingen 2000. (Germanistische Linguistik. 222.)
- M. Cantor, Vorlesungen über Geschichte der Mathematik II (Leipzig, 1913), 228-.
- K. Fogel, Merchants' aids in practical arithmetic from the Middle Ages (Russian), Istor.-Mat. Issled. No. 23 (1978), 235-249; 359.
- W. Kaunzner and H. Wussing (eds.), Adam Ries, Coss (B G Teubner Verlagsgesellschaft mbH, Stuttgart, 1992).
- Karl Röttel, Johannes Widmann – Am Wendepunkt der Mathematikgeschichte. In: Schatzkammer der Rechenkunst. Annaberg-Buchholz 2008.
- K. Vogel, Biography in Dictionary of Scientific Biography (New York 1970-1990).
- Franz Xaver Wilhelm, Zur Biographie des Mathematikers Johann Widmann von Eger. In: Mitteilungen des Vereins für Geschichte der Deutschen in Böhmen, Volume 45 (1907), pp. 429–430.
Оваа биографска статија за личност од Германија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Оваа статија за математичар е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|