Јохана (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Јохана (унгарски: Johanna) - унгарски филм од 2005 година, во режија на Корнел Мундручо (Kornél Mundruczó), според сценариото на Мундручо и Викторија Петрањи (Viktória Petrányi). Главните улоги ги играат: Орсоља Тот (Orsolya Tóth), Естер Вирдл (Eszter Wierdl) и Золт Трил (Zsolt Trill). Филмот претставува модерна музичка верзија на филмот „Страдањето на Јована Орлеанка“.[1]

Орсолија Тот

Синопсис[уреди | уреди извор]

Во една сообраќајна несреќа, Јохана (ја игра Тот) паѓа во кома, но лекарите успеваат, иако делува дека за неа нема надеж. Таа е зависна од морфиум и затоа краде од болничката аптека. Откако ќе ја почувствува божјата милост врз себе, Јохана станува медицинска сестра во болницата и почнува да ги лечи пациентите така што има сексуални односи со нив, а тие навистина оздравуваат по контактот со неа. Навреден поради тоа што таа го одбива, еден млад лекар (го игра Трил) се здружува со останатиот болнички персонал, кој исто така е огорчен поради нејзиното неморално однесување. Тие започнуваат вистинска војна проти внеа, но благодарниет пациенти се здружуваат за да ја одбранат.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]