Јоси Бенајун
| Јоси Бенајун | |||
|---|---|---|---|
|
| |||
| Лични податоци | |||
| Полно име | Јоси Шаи Бенајун[1] | ||
| Роден на | 5 мај 1980[2] | ||
| Роден во | Димона, Израел | ||
| Држава |
| ||
| Висина | 1,73 м[3] | ||
| Играчки податоци | |||
| Позиција | среден ред | ||
| Повлекување | 2019 (39 г.) | ||
| Младинска кариера | |||
| 1989–1992 |
| ||
| 1992–1995 |
| ||
| 1995–1996 |
| ||
| 1996–1997 |
| ||
| Кариера* | |||
| Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
| 1997–1998 |
| 25 | (15) |
| 1998–2002 |
| 130 | (55) |
| 2002–2005 |
| 101 | (20) |
| 2005–2007 |
| 63 | (8) |
| 2007–2010 |
| 92 | (18) |
| 2010–2013 |
| 14 | (1) |
| 2011–2012 |
→ | 19 | (4) |
| 2012 |
→ | 6 | (0) |
| 2013-2014 |
| 16 | (3) |
| 2014–2016 |
| 55 | (11) |
| 2016–2017 |
| 27 | (1) |
| 2017–2018 |
| 14 | (3) |
| 2018–2019 |
| 22 | (7) |
| 2019 |
| 15 | (0) |
| Репрезентација | |||
| 1995 |
| 30 | (6) |
| 1996–1997 |
| 8 | (12) |
| 1998–2001 |
| 11 | (5) |
| 1998–2017 |
| 102 | (24) |
Јоси Шаи Бенајун (роден на 5 мај 1980 година, во Димона) — израелски поранешен фудбалер, играч од средниот ред.
Роден во Димона, во текот на својата кариера бил познат по прекарот „Дијамантот од Димона“ во Израел и се смета за еден од најголемите израелски фудбалери на сите времиња. Поголемиот дел од својата кариера, тој го поминал играјќи во Израел и Англија и бил капитен на израелската репрезентација, чиј е рекордер по бројот на настапи (102) во моментов.
Од 2023 година, работи како спортски директор на израелската репрезентација.[4]
Биографија
[уреди | уреди извор]Бенајун е роден во Димона, Израел, во семејство од мароканско сефардско-еврејско потекло.[5][6] Неговиот татко, Дуду Бенајун, исто така бил фудбалер.[7][8]
Технички карактеристики
[уреди | уреди извор]Како напаѓачки настроен играч од средниот ред, тој можел да игра и како офанзивен играч од средниот ред и како лево крило. Поради неговата брзина и дриблинг, тој бил често споредуван со Кака.
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Почетоци
[уреди | уреди извор]Бенајун ја започнал својата фудбалска кариера на возраст од 9 години, во екипата на Хапоел Димона. На 11-годишна возраст бил етикетиран како гениј, а на 13-годишна возраст неговото лице почнало да се појавува во израелските списанија. Во 1992 година, се преселил во Хапоел Бершева, каде за да може да присуствува на тренинг, тој стопирал 60 км во двата правци заедно со својот татко.[9]
Кога имал 15 години, Ајакс го поканил Бенајун и неговото семејство во Холандија. До својот 16-ти роденден, тој бил најдобар стрелец и најдобар играч во младинскиот тим на Ајакс, па клубот му понудил четиригодишен професионален договор.[10] Сепак, на Бенајун и неговото семејство им било тешко да се прилагодат на Амстердам и се вратиле во Израел по осум месеци.
Хапоел Бершева
[уреди | уреди извор]На 16-годишна возраст, тој бил промовиран во сениорскиот тим на Хапоел Бершева за Лига Леумит 1997–1998, но не можел да спречи клубот да испадне во втората лига на Израел. Во последниот натпревар од сезоната против Макаби Хаифа, Бенајун изборил пенал во 90-тата минута. Голманот на Хаифа, Нир Давидович, го одбранил ударот од белата точка, но Бенајун ја сместил одбиената топка во мрежата одбиениот со што му донел победа на својот тим. Сепак, бидејќи нивниот конкурент за опстанок го добил натпреварот, тоа значело дека неговиот тим сепак ќе испадне од лигата. Неколку секунди по постигнувањето на голот, додека ја славел победата и она што го сметал за гол за опстанок во лигата, Бенајун дознал дека неговиот тим ќе испадне и се расплакал.[11] Бенајун завршил како четврти најдобар стрелец во израелското првенство за таа сезона, со 15 гола во 25 настапи.
Макаби Хаифа
[уреди | уреди извор]По завршувањето на сезоната 1997-1998, Бенајун се преселил во Макаби Хаифа во договор потпишан од Јаков Шахар (претседател на Макаби Хаифа) и Ели Зино (поранешен претседател на Бершева), и било договорено двата клуба да ја поделат заработката од продажбата на Бенајун во некој европски клуб.
Во 1998 година, под водство на Душан Ухрин и Даниел Браиловски, Бенајун и Хаифа стигнале до четвртфиналето на Купот на победниците на куповите, а тој постигнал доцен израмнувачки гол против Париз Сен Жермен, а и исто така и против Рид во победата од 4–1. Тој, исто така, постигнал 16 гола на 29 натпревари за Хаифа во првенството.
Во 1999 година, тој се соочил со својот менаџер Ели Коен, кога Бенајун наводно одбил да биде заменет за време на натпревар. Овој инцидент, плус лошиот месец за клубот, на крајот предизвикал оставка на Коен. Во сезоната 1999–2000, првата сезона на новоформираната Премиер лига на Израел, Бенајун постигнал 19 гола на 38 натпревари за Макаби Хаифа и бил трет најдобар стрелец во првенството.
Во сезоната 2000–2001 под водство на Аврам Грант, Бенајун ја предводел Хаифа до првата првенствена титула по седум години и бил избран за најдобар играч на сезоната, откако постигнал 13 гола на 37 натпревари.
Во следната сезона, Бенајун му помогнал на Макаби Хаифа да освои уште едно првенство, и покрај тоа што се повредил на почетокот на сезоната. Кога се вратил во акција, тој бил еден од клучните играчи и соработувал одлично во нападот со Џовани Росо, Рајмондас Жутаутас и Јакубу Ајегбени давајќи значаен придонес за освојувањето на првенството. Во својата последна сезона со Макаби Хаифа, Бенајун постигнал 7 гола во 28 натпревари.
Бенајун одиграл вкупно 130 натпревари во дресот на Макаби Хаифа, постигнувајќи 55 гола.
Расинг Сантандер
[уреди | уреди извор]Во април 2002 година, Бенајун потпишал петгодишен договор со шпанскиот клуб од Примера Дивисион, Расинг Сантандер, кој стапил на сила во летото истата година.[12] Своето деби за клубот го направил во натпреварот од првото коло на првенството против Реал Ваљадолид загубен на домашен терен со 0-1. Својте први голови (постигнал два) во дресот на Расинг ги постигнал на 15 декември 2002, во победата со 3-0 над Селта Виго на Ел Сардинеро.
Во Расинг Сантандер, Бенајун поминал три сезони забележувајќи вкупно 101 настап и 21 постигнат гол. Тој бил редовен стартер во најголемиот дел од својот престој во клубот и имал значител придонес во секоја сезона помагајќи му на клубот кој главно се борел за опстанок да избегне испаѓање во секоја од неговите три сезони во клубот. Во неговата последна сезона, тој постигнал 9 гола во првенството, вклучувајќи го и хет-трикот во победа со 1-4 против Депортиво Ла Коруња.[13]
По завршувањето на сезоната 2004-2005, Сантандер одлучил да профитира од Бенајун продавајќи го на неговите агенти Пини Захави и Ронен Кацав за 3,5 милиони евра. Бенајун одбил трансфер од 5 милиони евра во ЦСКА Москва, претпочитајќи преселба во Англија или останување во Шпанија. Ова предизвикало голем интерес за играчот, а како најверојатни кандидати за неговиот потпис се сметале Њукасл Јунајтед, Тотенхем Хотспар, Ливерпул, Болтон Вондерерс, Реал Сосиедад и Депортиво Ла Коруња.[14]
Вест Хем Јунајтед
[уреди | уреди извор]Во јули 2005 година, новопромовираниот тим во Премиер лигата на Англија, Вест Хем Јунајтед, го комплетирале трансферот на Бенајун за надомест од 2,5 милиони фунти; играчот потпишал четиригодишен договор.[15] Менаџерот Алан Пардју го поздравил потпишувањето, наведувајќи ја способноста на Бенајун да „отвора врата кога тимовите се во тешка ситуација“, додека Бенајун открил дека е возбуден од можноста да игра за Вест Хем и во Премиер лигата..[16]
Тој го имал своето деби во Премиер лигата за Вест Хем во првото коло од сезоната 2005–2006, на 13 август 2005 година, во победата со 3-1 над Блекбурн Роверс.[17] Тој го постигнал својот прв гол во Премиер лигата во победата од 4–0 на домашен терен над Астон Вила на 12 септември 2005 година.[18]
Во мај 2006 година, Бенајун играл во финалето на ФА купот за Вест Хем против Ливерпул во Кардиф, каде што Вест Хем загубиле по изведување на пенали откако натпреварот завршил со нерешен резултат 3–3.[19] Бенајун постигнал пет гола во 34 првенствени натпревари во својата прва сезона во Вест Хем и три гола во 29 настапи во својата втора сезона. Неговиот последен натпревар за Вест Хем бил во победата од 1–0 против Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд на 13 мај 2007 година, натпревар во кој Вест Хем избегнале испаѓање благодарение на победничкиот гол кој го постигнал Карлос Тевес.[20][21]
Ливерпул
[уреди | уреди извор]Во летото 2007 година, Бенајун се преселил во Ливерпул под контроверзни околности. Тој усно се согласил на нов четиригодишен договор со Вест Хем во мај 2007 година, само за да се откаже од истиот во обид да се пресели во Ливерпул.[22] Контроверзноста се заострила на 10 јули кога израелските медиуми објавиле дека агентот на Бенајун, Ронен Кацав, се согласил на договор со Ливерпул, што би значело дека Бенајун ќе прима пониска плата од 50.000 фунти неделно што ја понудил Вест Хем во мај.[23] На 12 јули, Ливерпул објавил на својата официјална веб-страница дека потпишувањето на Бенајун е завршено, трансфер вреден 5 милиони фунти, при што тој потпишал четиригодишен договор.[24][25]
Бенајун бил претставен како играч на Ливерпул заедно со Рајан Бабел на 13 јули, и му бил даден дресот со број 11. Своето деби за „црвените“ го имал на 15 август против Тулуза во првиот натпревар од третото квалификациско коло за Лигата на шампионите. На своето деби во првенството, Бенајун појавувајќи се од клупата забележал асистенција за голот на Чаби Алонсо во победата со 6-0 над Дарби Каунти. Неговиот прв гол за Ливерпул дошол на 25 септември 2007 година, кога постигнал гол против Рединг во победата со 2-4 во третото коло на Лига купот. На 7 ноември 2007 година, во натпревар на домашен терен од Лигата на шампионите против Бешикташ во групната фаза, Бенајун постигнал хет-трик во победата на Ливерпул од 8–0 против тимот од Истанбул. Кон крајот на јануари, тој постигнал уште еден хет-трик против нисколигашот Хавант енд Вотерлувил во победата со 5-2 на Анфилд во четвртото коло на ФА купот. Бенајун ја завршил успешната прва сезона во Ливерпул со 48 одиграни натпревари и 11 постигнати гола, вклучувајќи и четири гола во Премиер лигата против Виган Атлетик, Портсмут, Астон Вила и Бирмингем Сити.
Неговите настапи не биле доволни за да ги спречат гласините за трансфер во летото 2008 година. Ова довело до тоа израелецот отворено да ја објави својата намера да остане, велејќи: „Ливерпул е добар за мене и секогаш ми беше јасно дека сакам да останам и дека Ливерпул ме сака мене“.[26] Пред почетокот на неговата втора сезона, Бенајун го зел неговиот омилен број на дресот 15 (претходно носен од Питер Крауч во сезоната 2007-2008, но бил испразнет по неговиот трансфер во Портсмут), кој претходно го носел во Хапоел Бершева, Макаби Хаифа, Расинг Сантандер, Вест Хем Јунајтед и во израелската репрезентација.[27]
На 6 декември 2008 година, Бенајун го постигнал својот прв гол во сезоната 2008–2009 во победата на Ливерпул од 3–1 над Блекбурн Роверс. На 25 февруари 2009 година, Бенајун постигнал гол со глава по слободниот удар на Фабио Аурелио во 82-рата минута во натпреварот против Реал Мадрид на стадионот „Сантјаго Бернабеу“ во осминафиналето на Лигата на шампионите, во којшто Ливерпул победил со 1-0.[28] На 4 април 2009 година, Бенајун влегол како замена во натпреварот на Ливерпул против Фулам и го постигнал победничкиот гол во 94-тата минута.[29] На 21 април 2009 година, во домашниот натпревар против Арсенал, тој постигнал гол со глава и израмнил со волеј-удар во судиското надополнување за да го израмни резултатот на 4–4.[30] Својата втора сезона на Анфилд ја завршил на спектакуларен начин; постигнувајќи по еден гол во секој од последните три домашни натпревари на Ливерпул. Во сезоната 2008–2009, Бенајун одиграл 39 натпревари, постигнувајќи 9 гола, од кои осум биле во првенственото. Во втората половина од сезоната, тој ја зацврстил својата позиција во почетната постава на Ливерпул.
На 6 јули 2009 година, тој потпишал двегодишно продолжување на договорот со кое бил врзан за клубот до 2013 година.[31] На 12 септември 2009 година, тој го постигнал својот прв хет-трик во Премиер лигата за Ливерпул во победата од 4–0 против Барнли.[32] Со ова, тој станал првиот играч во историјата кој постигнал хет-трик во Премиер лигата, Лигата на шампионите и ФА купот, но подоцна му се придружиле Серхио Агуеро,Хари Кејн и Ерлинг Холанд, како единствени играчи на кои им успеал овој подвиг.[33][34] Тој го постигна првиот гол во победата на Ливерпул од 3–0 над неговиот поранешен клуб Вест Хем. Последниот гол на Бенајун за клубот дошол во полуфиналето на Лига Европа 2009-2010 против Атлетико Мадрид; Бенајун постигна гол во продолжението за да му даде на Ливерпул водство од 2–1, пред Диего Форлан да постигне гол за пласман на Атлетико во финалето.[35]
Челси
[уреди | уреди извор]
На 2 јули 2010 година, Бенајун потпишал за Челси, согласувајќи се на тригодишен договор во трајност до летото 2013 година.[36][37][38] Вредноста на трансферот изнесувала околу 5,5 милиони фунти за трансферот. Тој, во изјава за официјалната веб-страница на клубот, рекол: „Многу сум возбуден што дојдов во клуб како Челси, тоа е голем клуб и мислам дека е сон за секој играч. Се надевам дека ќе бидеме успешни.“
Своето деби за „сините“ го направил на 8 август во поразот од 3–1 од Манчестер Јунајтед во ФА Комјунити Шилд 2010, влегувајќи во игра наместото на Флорен Малуда во 72-рата минута. На 21 август, Бенајун го постигна својот прв гол за Челси, погодувајќи ја мрежата на Виган Атлетик во 93-тата минута од првенствената победата со 6–0 на стадионот Ди Даблју.[39] На 22 септември, Бенајун се здобил со повреда на Ахиловата тетива за време на поразот со 4–3 од Њукасл Јунајтед во Лига купот.
На 26 август 2011 година, Бенајун му го понудил на Хуан Мата својот дрес со број 10. Бенајун рекол: „Решив да му го дадам на Мата бројот 10 - неговиот омилен. За мене тоа е само број, а не е мојата среќна 15-ка.“ (Флорен Малуда го носел бројот 15 во тоа време). Мата, кој го носел бројот 10 за Валенсија и додека бил капитен на шпанската репрезентација под 21 година во летото, му ја изразил својата благодарност на Бенајун. „Тоа е многу важен број за мене, па затоа ми е драго што го носам. Сакам да му се заблагодарам на Јоси“, рекол тој.[40]
За време на Турнејата на Азија во 2011 година, во пријателскиот натпревар против тимот од играчи од малезиската лига, Бенајун постојано добивал исвиркувања од малезиската публика секој пат кога ќе ја допрел топката. Причината се претпоставува дека била таа што „Малезија, која е мнозинско муслиманско население, била цврст поддржувач на Палестинците и немала дипломатски односи со Израел. Играчот од средниот ред бил исмејуван во текот на целиот свој настап во првото полувреме од пријателскиот натпревар.“[41][42]
Арсенал
[уреди | уреди извор]
На 31 август 2011 година, Бенајун му се приклучил на Арсенал на едногодишна позајмица, бидејќи неговите можност за игра во Челси биле ограничени. Тој го имаше своето деби на 10 септември 2011 година, влегувајќи како замена во второто полувреме за Андреј Аршавин во натпреварот против Свонзи Сити. На 20 септември 2011 година, тој го постигнал својот прв гол за Арсенал во 78-мата минута од натпреварот од Лига Купот против Шрузбери Таун.[43]
Бенајун го постигнал својот прв гол во Лигата на шампионите за Арсенал во поразот од 3–1 од Олимпијакос. Својот прв гол во Премиер лигата за Арсенал го постигнал против Астон Вила, сместувајќи ја топката во мрежата со глава во 87-та минута во победата од 2–1 на 21 декември 2011 година.[44] Бенајун бил капитен на Арсенал во поразот со 1–0 во Лига купот од Манчестер Сити. Тој изјавил: „Вистината е дека не го очекував ова, но беше убав момент. Кога составот беше откриен во хотелот, ја видов буквата „C“ до моето име; мислев дека има некаква забуна. Но, генерално, тоа беше убаво искуство“.[45]
На 26 февруари 2012 година, тој го започнал Севернолондонското дерби против Тотенхем: во 88-мата минута бил заменет од Жервињо, добивајќи овации од верните навивачи на Арсенал, а „топџиите“ го добиле натпреварот со 5–2, откако губеле со 2–0. Потоа, го започнал и натпреварот против неговиот поранешен клуб Ливерпул, на 3 март 2012 година, пред да биде заменет во 74-тата минута повторно од Жервињо, додека Арсенал славеле победа со 2–1. На 11 април 2012 година, тој го постигна својот втор гол во лигата за сезоната во Премиер лигата, во победата од 3–0 на гости против Вулверхемптон Воиндерерс, резултат што го зацврстил третата позиција на Арсенал на табелата, зголемувајќи ја разликата од пет бода пред нивниот најголем ривал Тотенхем и Њукасл Јунајтед, на пет натпревари до крајот.[46] Потоа, тој го отворил резултатот против Норич Сити во последниот домашен натпревар на Арсенал за сезоната, кој завршил 3–3[47] и ја завршил сезоната со уште еден гол во последниот натпревар за сезоната на Арсенал против Вест Бромвич Албион на Хоторнс во натпреварот што завршил 3–2 за Арсенал. Своето искуство во Арсенал го завршил со 25 настапи и 6 гола во сите натпреварувања.
Вест Хем Јунајтед и враќање во Челси
[уреди | уреди извор]На 31 август 2012 година, Бенајун се вратил во Вест Хем Јунајтед на позајмица за сезоната 2012–2013, станувајќи нивното единаесетто засилување во преодниот рок.[48][49] Тој се повредил во натпреварот против Њукасл Јунајтед во ноември и ги истегнал лигаментите откако се вратил на тренинзите. Поради ова, тој не одиграл повеќе ниту еден натпревар за Вест Хем и се вратил во Челси во декември 2012 година, откако одигра само шест натпревари на позајмица во Вест Хем.[50]
По враќањето во Челси, тој играл повремено за „сините“, но без преголема минутажа. Исто така, имал неколку настапи во победничката кампања во Лигата на Европа, но двата натпревари од полуфиналето против Базел како и финалето против Бенфика ги преседел на клупата. На крајот од сезоната, договорот на Бенајун со Челси кој истекувал не му бил обновен и тој го напуштил клубот станувајќи слободен играч во летото 2013.[51]
Квинс Парк Ренџерс
[уреди | уреди извор]На 10 декември 2013 година, Бенајун се приклучил на Квинс Парк Ренџерс, со кој потпишал договор до крајот на сезоната 2013–2014.[52] Дебитирал во натпреварот од Чемпионип против Лестер Сити, загубен со 1–0, влегувајќи како замена во 69-тата минута за Том Керол.[53] Тој го постигнал својот прв гол за клубот на 22 март 2014 година на гостувањето кај Мидлсбро, со што моментално го израмнил резултатот во натпреварот кој КПР го добил со 1–3.[54]
Враќање во Израел и подоцнежните години
[уреди | уреди извор]На 6 јуни 2014 година, Бенајун се вратил во својата татковина потпишувајќи двегодишен договор со неговиот поранешен клуб, Макаби Хаифа.[55] Тој бил назначен за капитен на тимот, заменувајќи го ветеранот Јанив Катан кој се пензионирал од фудбалот. Во двете негови сезони, Бенајун постигнал пет и шест гола соодветно, но клубот играл под очекувањата освојувајќи ги петтото и четвртото место во првенството. Сепак, тие го освоиле Купот на Израел во 2016 година, по 18 години. Бенајун имал конфронтации и со навивачите, а откако тој и Хаифа го освоиле купот, тој објавил дека ја напушта Хаифа и ќе им се придружи на нивните лути ривали Макаби Тел Авив.
Во дресот на Макаби Тел Авив, Бенајун одиграл само една сезона, во која одиграл 27 натпревари и постигнал еден гол во првенството, кое тимот го завршил на второто место зад шампионот Хапоел Бершева. На почетокот на сезоната 2017-2018, тој потпишал за Беитар Ерусалим.[56] Тој започнал добро, постигнувајќи три гола во лигата, додека Беитар бил рангиран меѓу водечките тимови во лигата. Подоцна, тој го загубил местото во почетниот состав во јануари и играл многу малку. Како резултат на тоа, тој го напушти Беитар и потпишал за Макаби Петах Тиква. По краток период во Макаби Петах Тиква, тој се вратил во Беитар Ерусалим во јануари 2019 година,[57] а во април истата година го објавил своето пензионирање.[58]
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Бенајун бил член на израелската репрезентација под 16 години, која го освоила третото место на Европското првенство во категоријата во 1996.[9] Подоцна, тој настапувал и за репрезентациите под 18 и под 21 година.
Своето деби за сениорската репрезентација го направил во пријателски натпревар против Португалија на 18 ноември 1998 година, завршен со пораз од 2–0 во Сетубал. Својот прв гол за репрезентацијата го постигнал на 5 септември 1999 година, во поразот со 3-2 на гости од Кипар во квалификациите за Европското првенство 2000. Три дена подоцна, во следниот квалификациски натпревар тој постигнал хет-трик против Сан Марино во победата со 8–0.
За време на квалификациите за Светското првенство 2006, Бенајун станал водечка фигура на израелската репрезентација. Тој постигнал гол во победата на домашен терен над Кипар (2-1) и постигнал два гола против ремито 2-2 против Швајцарија. На гостувањето во Кипар, тој асистирал за победничкиот гол во успехот со 1-2. Неговите одлични игри му донеле шанса на Израел да се квалификува за Светското првенство, но на крајот тоа не било доволно ниту за баражот, откако завршиле на третото место со еднаков број на бодови како Швајцарија но со полоша гол-разлика од нив.
Непосредно пред квалификациите за Европското првенство 2008, Бенајун ја доби капитенската лента на израелската репрезентација. Во осум настапи во квалификациите постигнал два гола. На 2 септември 2010 година, во победата од 3–1 против Малта, тој го постигнал својот втор хет-трик во репрезентативниот дрес. На 28 мај 2014 година, со настапот во пријателскиот натпревар против Мексико загубен со 3-0, Бенајун станал играчот со најмногу настапи за Израел (95), надминувајќи го Арик Бенадо.
Тој се збогувал со репрезентацијата во 2017 година, после 102 одиграни натпревари и 23 постигнати гола.
Хронологија на репрезентативните настапи
[уреди | уреди извор]Статистика
[уреди | уреди извор]Хет-трикови
[уреди | уреди извор]| Хет-трикови | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Титули
[уреди | уреди извор]Клупски
[уреди | уреди извор]
Макаби Хаифа
[уреди | уреди извор]- 2000-2001, 2001-2002
- Куп на Израел : 1
- 2015-2016
Челси
[уреди | уреди извор]
УЕФА Лига Европа : 1
- 2012-2013
Индивидуални
[уреди | уреди извор]- Фудбалер на годината во Израел: 2000-2001[59]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „UEFA Europa League 2009/2010: Booking List Semi-Finals, Second Leg Match“ (PDF). UEFA. стр. 3. Посетено на 18 September 2024.
- ↑ „Јоси Бенајун“. Barry Hugman's Footballers.
- ↑ „Yossi Benayoun“. Maccabi Tel Aviv F.C. Архивирано од изворникот на 19 March 2017. Посетено на 29 August 2021.
- ↑ „Top Israelis to Play in Europe“. FootballExpress.co.uk. 24 May 2023. Архивирано од изворникот на 23 May 2023. Посетено на 23 May 2023.
- ↑ „The 12 Best Current Jewish AthletesYossi Benayoun“. Complex.
- ↑ Benayoun hopes to get Spanish nationality in August Ynet, 17:03:05
- ↑ נעמן, יונית (15 September 2014). „על ייצוג כפי שלימד אותי יוסי בניון – עמית בוטבול“. העוקץ. Посетено на 20 July 2016.
- ↑ igal. „הפועל דימונה אימפריה של פעם מסמך נוסטלגי מרגש“. Посетено на 20 July 2016.
- 1 2 „Benayoun the kid for Hammers“. UEFA. 22 July 2005. Архивирано од изворникот на 13 October 2007. Посетено на 11 July 2007.
- ↑ Burt, Jason (24 September 2005). „The Kid from the Negev Desert“. The Independent. UK. Архивирано од изворникот 7 May 2022. Посетено на 4 June 2014.
- ↑ Јоси Бенајун на Soccerbase
- ↑ „El Racing ficha al israelí Benayoun por cinco temporadas“ (шпански). 9 април 2002. Посетено на 5 мај 2026.
- ↑ „Recordando los últimos hat-tricks“ (шпански). racinguismo.com. 20 декември 2021. Посетено на 5 мај 2026.
- ↑ Kendall, Mark. „Agents buy Benayoun's rights“. Sky Sports. Посетено на 6 August 2008.
- ↑ "West Ham complete Benayoun swoop", BBC Sport, 19 July 2005. Retrieved 23 June 2007.
- ↑ „West Ham complete Benayoun swoop“. BBC Sport. 19 June 2005. Посетено на 30 November 2009.
- ↑ „West Ham 3–1 Blackburn“. BBC Sport. 13 August 2005. Посетено на 6 August 2008.
- ↑ „West ham 4–0 Aston Villa“. BBC Sport. 12 September 2005. Посетено на 6 August 2008.
- ↑ "Reds in seventh heaven", The Football Association, 13 May 2006. Retrieved 4 June 2014.
- ↑ „Manchester United 0-1 West Ham United“. BBC Sport. Посетено на 20 May 2015.
- ↑ „Welcome to the Wonderful World of West Ham United Statistics – Yossi Benayoun“. www.westhamstats.info. Посетено на 20 May 2015.
- ↑ O'Rourke, Peter. „Yossi agrees new hammers deal“. Sky Sports. Посетено на 6 August 2008.
- ↑ "Benayoun leaves West Ham for Liverpool", ynetnews.com, 10 July 2007. Retrieved 10 July 2007.
- ↑ "Benayoun signs for Liverpool" Архивирано на 6 јуни 2014 г., Liverpool F.C., 12 July 2007. Retrieved 4 June 2014.
- ↑ "Benayoun seals Liverpool transfer", BBC Sport, 12 July 2007. Retrieved 14 July 2007.
- ↑ „Benayoun staying with reds“. Sky Sports. 8 July 2008. Посетено на 6 August 2008.
- ↑ „Yossi switches numbers“. Liverpool F.C. Архивирано од изворникот на 22 August 2008. Посетено на 6 August 2008.
- ↑ „Real Madrid 0–1 Liverpool“. BBC Sport. 25 February 2009.
- ↑ Fifield, Dominic (6 April 2009). „Liverpool's late reward may mask prime form for Europe“. Guardian. Посетено на 4 May 2014.
- ↑ „English Soccer: Benayoun scores 2 but Arshavin dents Liverpool's title hopes“. The Jerusalem Post. 22 April 2009. Посетено на 4 June 2014.
- ↑ „Benayoun extends Liverpool deal“. BBC Sport. 5 July 2009. Посетено на 6 July 2009.
- ↑ Smith, Rory (12 September 2009). „Liverpool 4 Burnley 0“. The Daily Telegraph. London. Архивирано од изворникот на 15 September 2009. Посетено на 12 September 2009.
- ↑ „Who is the only player to have scored hat-tricks in the Premier League, FA Cup and Champions League?“. Sport.co.uk. 5 July 2009. Архивирано од изворникот на 5 October 2011. Посетено на 18 January 2011.
- ↑ 4 Players have scored a hattrick in the UEFA Champions League, Premier League and the FA Cup; Onside Footy on Facebook
- ↑ Ornstein, David (29 April 2010). „Liverpool 2 – 1 Atletico Madrid (agg 2 – 2)“. BBC Sport. Посетено на 4 July 2017.
- ↑ „Liverpool winger Yossi Benayoun to ink £6.5m deal at Chelsea today – report“. Goal.com. 2 July 2010. Посетено на 6 January 2011.
- ↑ „YOSSI BENAYOUN SIGNS“. Chelsea FC. 2 July 2010. Архивирано од изворникот на 5 August 2010. Посетено на 4 June 2014.
- ↑ „Yossi joins Chelsea“. Liverpool FC. 2 July 2010. Архивирано од изворникот на 26 July 2010. Посетено на 8 April 2011.
- ↑ „MATCH REPORT: WIGAN ATHLETIC 0 CHELSEA 6“. Chelsea FC. Архивирано од изворникот на 30 June 2014. Посетено на 4 June 2014.
- ↑ „Chelsea playmaker confirms new No.10“. GiveMeSport. Архивирано од изворникот на 1 October 2012. Посетено на 13 May 2012.
- ↑ „EPL giants Chelsea win friendly in Malaysia; Israeli midfielder Yossi Benayoun booed by large crowd“. Fox Sports. 22 July 2011. Посетено на 26 July 2011.
- ↑ Dalleres, Frank (22 July 2011). „Benayoun abused as Chelsea fail to shine under Villas-Boas“. City A.M. Посетено на 26 July 2011.
- ↑ „Arsenal 3 – 1 Shrewsbury“. BBC Sport. 20 September 2011. Посетено на 21 September 2011.
- ↑ „Report: Aston Villa v Arsenal – Barclays Premier League – ESPN Soccernet“. Архивирано од изворникот на 14 January 2012. Посетено на 12 April 2012.
- ↑ „Benayoun: 'When I saw the team-sheet I thought it was a mix-up!' – Gooner Talk“. goonertalk.com. December 2011.
- ↑ „Report: Wolverhampton Wanderers v Arsenal – Barclays Premier League – ESPN Soccernet“. Архивирано од изворникот на 14 April 2012. Посетено на 12 April 2012.
- ↑ Graham Chase (3 May 2012). „Arsenal 3–3 Norwich“. BBC Sport.
- ↑ Ornstein, David (31 August 2012). „Yossi Benayoun to join West Ham on loan from Chelsea“. BBC Sport. Посетено на 1 September 2012.
- ↑ „Benayoun returns“. whufc.com. Архивирано од изворникот на 3 September 2012. Посетено на 1 September 2012.
- ↑ Griver, Simon (21 December 2012). „D-day looms for injured Benayoun“. www.thejc.com. Посетено на 2 January 2013.
- ↑ „Yossi Benayoun set for Getafe move following Chelsea release“. Mirror. 9 септември 2013. Посетено на 8 мај 2026.
- ↑ „Yossi Benayoun: QPR sign ex-Chelsea and Liverpool midfielder“. BBC Sport. 10 December 2013. Посетено на 10 December 2013.
- ↑ „QPR vs Leicester City“. Soccerway. Посетено на 21 December 2013.
- ↑ „Middlesbrough 1–3 Queens Park Rangers“. BBC Sport. 21 March 2014.
- ↑ „BENAYOUN SIGNS ONE-YEAR-DEAL AT MACCABI – Maccabi Tel Aviv Football Club“. 13 June 2016. Посетено на 20 July 2016.
- ↑ „Benayoun bolts Maccabi Tel Aviv for Beitar Jerusalem“. The Jerusalem Post. 19 June 2017.
- ↑ „Benayoun finalizes deal with Maccabi Petah Tikvah“. The Jerusalem Post. 31 January 2018.
- ↑ „Yossi Benayoun announces retirement“. Liverpool FC. 11 April 2019.
- ↑ „Israel - Player of the Year“.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Израелски фудбалери
- Фудбалери на ФК Хапоел Бершева
- Фудбалери на ФК Расинг Сантандер
- Фудбалери на ФК Вест Хем Јунајтед
- Фудбалери на ФК Ливерпул
- Фудбалери на ФК Челзи
- Фудбалери на ФК Арсенал
- Фудбалери на ФК Квинс Парк Ренџерс
- Фудбалери на ФК Макаби Хаифа
- Фудбалери на ФК Макаби Тел Авив
- Фудбалери на ФК Беитар Ерусалим
- Фудбалери на ФК Макаби Петах Тиква
- Родени во 1970 година