Јосип Филиповиќ
| Јосип Филиповиќ Јозеф фон Филипович | |
|---|---|
| {{{живеел}}} | |
| Роден во: | Госпиќ, Хрватска воена граница, Австриска империја |
| Роден на: | 28 април 1819 |
| Починал во: | Прага, Бохемија, Австро-Унгарија |
| Починал на: | 6 август 1889 (возр. 70) |
| Служба во: | |
| Период на служба: | 1836. – 1882. |
| Чин: | генерал, Гер.: Feldzeugmeister |
| Битки/војни: | Револуции од 1848 година Сардинска војна Австро-пруска војна |
| Одличја: | барон |
Јосип Филиповиќ, Фрајхер (Барон) фон Филипсберг уште познат како Јозеф фон Филипович или Јозеф Филипович (28 април 1819 - 6 август 1889 година) – хрватски благородник[1] и австриски генерал, еден од најголемите хрватски воени водачи и постар брат на хрватскиот генерал Фрањо Филиповиќ. Кој се искачил на чинот на австриско-унгарски генерал (Фелдцеугмајстер).
Живот и кариера
[уреди | уреди извор]Филиповиќ е роден во воениот граничен град Госпиќ во Австриското Царство (денешна Хрватска) и претставува еден од најголемите хрватски воени водачи воопшто, потекнувал од благородничкото семејство Лика Филиповиќ. Тој го добил епитетот „фон Филипсберг“ по Филиповац.
Во 1836 година се приклучил на австриската армија и станал мајор во 1848 година, а подоцна се борел под команда на Јосип Јелачиќ во Унгарија, помагајќи во задушувањето на револуциите од 1848 година.
Тој станал полковник и командант на 5 граничен полк во 1857 година и извојувал победи во Битката кај Солферино во 1859 година и во Австро-пруската војна во 1866 година. Во еден момент бил командант на виенска дивизија и за кратко време бил унапреден од генерал во генерал-полковник.
Во 1859 година станал генерал-мајор и се борел во 6 корпус во Италија, за што бил награден со наследната титула Фрајхер . Во 1866 година се борел во бохемската кампања во 2-риот корпус.
Филиповиќ се искачил повисоко во чиновите, стациониран во Виена, Тирол, Форарлберг и Брно, каде што бил назначен за фелдцеугмајстер во јануари 1874 година. Во јуни 1874 година, тој станал командант на војската во Бохемија, позиција што ќе ја држи до својата смрт.[2]
Во јули 1878 година, тој командувал со трупите што ја нападнале Босна и Херцеговина. По тримесечна битка, неговите трупи го освоиле Сараево на 19 август, кое потоа станало главен град.[2][3] Окупацијата на Херцеговина му била доделена на неговиот подреден фелдмаршалот Стјепан Јовановиќ.[2] Тој се вратил во Виена во 1880 година и во Прага во 1882 година.
Филиповиќ починал во Прага во Австроунгарија (денес Чешка Република).[2] За своите заслуги бил одликуван со Командантен крст на Редот на Марија Тереза во 1879 година.
Филиповиќ имал помлад брат Фрањо Филиповиќ кој исто така бил генерал.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Празен навод (help)
- 1 2 3 4 Oršolić, Tado (1999-12-01). „Sudjelovanje dalmatinskih postrojbi u zaposjedanju Bosne i Hercegovine 1878“ (PDF). Radovi / Institute for Historical Sciences in Zadar (Croatian). Croatian Academy of Sciences and Arts. ISSN 1330-0474. Посетено на 2011-01-13.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
- ↑ Friedman, Francine (1996). The Bosnian Muslims: denial of a nation. Westview Press, ISBN 978-0-8133-2096-0
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Биографија Архивирано на 4 јануари 2017 г.
|
