Јосип Пугел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јосип Пугел
Роден 1928 година
Скопје, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 14 ноември, 1944 година
Сарај, Скопје, Македонија

Јосип Димитар Пугел ( 1928 во Скопје14 ноември 1944 во Сарај, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Завршил основно училиште. Војната и окупацијата на Македонија му го попречиле натамошното образование. Така станал општ работник. Во народноослободителното движење се приклучил и активно учествувал во подготовките за оружено востание. Учествувал во диверзантските акции против окупаторот. Во септември 1944 година стапил во Дванаесеттата македонска ударна бригада. Бил борец на  втората чета, на третиот баталјон. Во бригадата спаѓал меѓу најмладите нејзини борци. Бил учесник во борбите против балистите и Германците, во околината на Скопје. Посебно се истакнал во акциите и борбите против непријателот на железничката линија Зелениково - Драчево. Учествувал во борбите за ослободување на Велес, а потоа и на Скопје. На 14 ноември 1944 година, храбро загинал во една борба против балистичките банди кај Сарај.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 237. На |first= му недостасува |last= (help)