Прејди на содржината

Јордан Трајаноски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јордан Трајаноски
Роден 1926 година
Кичево, Македонија под окупација на Кралство Југославија
Починал 2 октомври, 1943 година
Сеферов Бунар, Кичево, Македонија под фашистичка окупација
Националност Македонец

Јордан Ефтов Трајаноски ( 1926 во Кичево2 октомври 1943 во Славонска Пожега, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Потекнувал од занаетчиско семејство, во кое по завршувањето на основното училиште, го изучувал абаџискиот занает. Учел ѝ вечерна занаетчиска школа. Како младинец, во есента 1942 година бил прифатен од членовите на Партиската организација од градот. Определен за борба со окупаторот, во пролетта 1943 година заминал партизан во редовите на Кичевско-мавровскиот партизански одред. Со Одредот учествувал во повеќе вооружени акции низ Кичевско како пушкомитралезец. Кога балистите и германците го нападнале слободно Кичево на 1 октомври 1943 година, Јордан се упатил во борба за одбрана на градот со своите соборци ѝ кај месноста Сеферов Бунар, во близина на градот, паднал во непријателски раце по што бил стрелан од балистите на 2 октомври 1943 година во Кичево.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 137.