Прејди на содржината

Јордан Славковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јордан Славковски
Роден 1 септември 1925 година
Шопско Рударе, Кралство СХС
Починал 12 април 1945 година
Шид, Независна Држава Хрватска
Народност Македонец

Јордан Димитриев Славковски (1 септември 1925 во Шопско Рударе — 12 април 1945 во Шид) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОБ.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Израснал во семејство кое се занимавало со земјоделие и сточарство. Во родното место завршил основно четиригодишно училиште, но немал можност за понатамошно образование. Поголемиот дел од животот го поминал како овчар, ценуван во поимотните селски семејства. Важел за многу мирен и скромен младинец, а подоцна станал ѝ трудољубив земјоделец. На 9 септември 1944 година, со група младинци од своето село пристапил во редовите на Народноослободителната војска на Македонија, во состав на Треттатa македонска ударна бригада. Учествувал во многу борби што биле водени кај реката Треска. Бил пофален за успешно извршување на задачите во овие битки. Подоцна со Бригадата земал учество во борбите на Сремскиот фронт. Во близината на Шид, на 12 април 1945 година, загинал од непријателски митралезски истрел.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1 2 Нивната борба за слобода, наш патоказ за иднината. Кратово: Општински одбор на СЗБ НОВ Кратово. 1985. стр. 55.