Прејди на содржината

Јордан Митев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јордан Митев
Роден 13 август 1986(1986-08-13)(39 г.)
Радовиш, СР Македонија, СФРЈ
Родно место Подареш, Македонија
Националност Македонец
Занимање фолк пејач, кант автор и инструменталист, режисер

Јордан Митев (Радовиш, 13 август 1986 ) — македонски пејач на фолк музика.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Митев е роден на 13 август 1986 година во Радовиш. Потекнува и живее во Подареш. Основното образование го завршил во родното село, а подоцнежното образование го продолжил во Радовиш. Средното образование го продолжил во музичкото училиште во Штип. Свири на повеќе инструменти, како хармоника, пијано, кавал, гајда, а посетувал и часови за надградба и едукација на неговиот глас. Веднаш по своето средно образование продолжува на факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот, „Музичка теорија и педагогија со народни инструменти". Таму ги поминал  наредните четири години каде што имал прилика да учи, соработува и собира искуства од голем број познати професори и музичари. Еден од најзначајните меѓу нив бил Драган Даутовски, од којшто Митев собрал големо искуство. Уште како ученик и студент има патувано во голем број земји надвор од Македонија како на пр: Словачка, Франција, Турција, Бугарија, Србија, Швајцарија, Германија, Холандија, Шведска итн, каде што настапувал на голем број фестивали за етно музика и одржувал семинари за македонскиот фолклор. Во 2015 година направи голем солистички концерт по повод 10 години јубилеј, во придружба на Група Академци. Тој чест гостин е во "Мерак Меана" на Сител-телевизија, настапува и со Група Скопски Боеми. Како автор досега има напишано доста голем број композиции коишто некои од нив се наградувани во Македонија.[1][2][3]

СпотГодинаРежисер
Кога тргнав Цвето во туѓина2006
Македонско да заиграме2007
Срцево уште чува место за тебе2008
Домаќине добри гости ти дојдоа2008
Каменот си тежи на местото2009
Заљубив мале три моми 2009
Ајде сонце зајде2009
Каролинче каранфилче2009
Крушевска Република2010
Конче 2010
На Пирок ќе се соберат 2010
Полетај песно моја 2011
Ајде сите на нозе 2011
Голема звадба правиме 2011Јордан Митев
Зоре моја2012
Еднаш вака славам,еднаш вака правам2012Јордан Митев
Моја последна2013
Љубов голема2014
Љубовта и меракот се најскапите 2015
Моја кралице2015
Ти ќе си моја2016
Кажи да моја најмила2016
Ај што мерак имам бабо2016Јордан Митев
Само тебе јас те сакам 2016Јордан Митев
Наздрави за љубов,наздрави за среќа2019Јордан Митев
За тебе2019Јордан Митев
Роден крај 2019Јордан Митев
Жена за 100 години2020Јордан Митев
Татко 2021Јордан Митев
Да се живи здрави младоженците 2021Јордан Митев
Среќо моја, среќа си ми ти2023Јордан Митев
Денес ми е добро на душичката2023Јордан Митев
  1. август 04-00-41-33/26622-jordan-mitev-ovoj-vikend-vo-shvajcarija.html „Јордан Митев овој викенд во Швајцарија“ Проверете ја вредноста |url= (help). Информатор. 7 февруари 2012. Посетено на 15 април 2012.
  2. јуни 18-26-19&catid=1:2011 ноември 05-23-59-59&Itemid=11 „ЈОРДАН МИТЕВ ОД АВСТРАЛИЛИА НАЈАВУВА КОНЦЕРТИ НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА!“ Проверете ја вредноста |url= (help). Естрада Плус. 6 јануари 2012. Посетено на 15 април 2012.
  3. „ЈОРДАН МИТЕВ СНИМА СПОТ И АЛБУМ“. 10 без 10. 25 февруари 2011. Архивирано од изворникот на 2013-02-06. Посетено на 15 април 2012.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]