Јордан Мирчев
Јордан Мирчев | |
---|---|
![]() | |
Мирчев во 1886 година | |
Пратеник во бугарското собрание | |
На должноста 19 јуни, 1927 – 18 април, 1931 | |
Монарх | Цар Борис III |
Премиер | Андреј Љапчев Александар Малинов |
Лични податоци | |
Роден(а) | 15 септември, 1874 Прилеп, Отоманска Македонија |
Починал(а) | неизв. Царство Бугарија |
Установа | Софиски универзитет Солунска машка гимназија |
Јордан Мирчев (Прилеп, 15 септември 1874 — после 1931 г.) — македонски учител, политичар и пратеник во бугарското собрание како дел од Македонската парламентарна група. Дел од првата генерација на матуранти од Солунската машка гимназија и третата генерација на матуранти од педагошкиот курс на Солунската гимназија. Служел како директор на Струмичката машка гимназија меѓу 1915 и 1916 година.
Животопис
[уреди | уреди извор]Јордан Мирчев е роден во 1874 година во Прилеп, тогаш дел од Отоманското Царство. За неговото основно образование тој се школува во родниот град, во втората половина на 1880-тите се преселува во Солун за да учи во Солунската машка гимназија. Во 1886 година е дел од првата генерација на матуранти од Солунската машка гимназија но сепак продолжува да се образува и во 1891 година станува дел од третата генерација на матуранти од педагошкиот курс на Солунската гимназија.[1][2][3]
Се преселува во Софија и продолжува со неговото образование во Софискиот универзитет, завршува со неговото образование во 1895 година. Се враќа во Македонија и се вработува како учител во Бугарската егзархија, дејствува како професор во Скопје, Варна и Солун.[4]

За учебната 1915/1916 година Мирчев бил назначен за директор на Струмичката гимназија, но поради Првата светска војна и дезертирањето на жителите во околијата, во гимназијата немало учебна година.[5]
После Првата светска војна се преселува во Царството Бугарија за безбедност. Во Бугарија се приклучува во Внатрешната македонска револуционерна организација на Тодор Александров и на националниот комитет на Сојузот на македонските емигрантски организации. Учествува во нејзиното тајно заседание во 1920 година за одбирање нови раководители на организацијата.[6] Одбран е како пратеник во бугарското собрание во 1927 година и учествува во 22. состав на бугарското собрание. Одбран е како пратеник од Петричкиот изборен округ.
За време на неговиот мандат на 17 јули 1927 година заедно со претставителите од Горноџумајскиот изборен округ и Неврокопскиот изборен округ се делат од бугарската Радикална партија и ја формираат Македонската парламентарна група, со д-р. Иван Каранџулов како претседател и за секретар бил одбран Христо Узунов, истакнат деец во Задграничното претставништво на Македонската револуционерна организација.[7] После убиството на српскиот генерал Михајло Ковачевиќ во Штип по наредба на Тодор Александоров, тогашната југословенска власт почнала да води строги мерки против македонските револуционери. Јордан Мирчев протестирал за лошото третирање на неговиот народ пред бугарското собрание.[8]
На шестиот редовен конгрес на Сојузот на македонските емигрантски организации е одбран како член на националниот комитет на организацијата, заменувајќи го Борис Антонов.[9][10] Јордан Мирчев, Георги Кулишев и Константин Станишев во првата половина на 1928 година формирале комитет како компромис меѓу михајловистите и протогеровистите кои се бореле за контрола на централниот комитет на Внатрешната македонска револуционерна организација.[11] Евтим Спространов и Јордан Мирчев биле едиствените членови во Националниот комитет кои не побарале отставка на Георги Кулишев, главниот уредувач на весникот „Македонија“ меѓу 1926 и 1934 година, кои после атентатот на Александар Протогеров развил омраза кон Иван Михајлов и редовно го критикувал во неговиот весник.[12]
На седмиот редовен конрес на Сојузот на македонските емигрантски организации издржан во 1928 година Јордан Мирчев заедно со Евтим Спространов дале отстравка поради тоа што биле против раководната политика на организацијата.[13] Во 1931 година неговиот мандат како пратеник завршил. Не се знае кога починал.
Литературни дела
[уреди | уреди извор]- „Йордан Мирчев от Прилеп, Вардарска Македония - "Причините и последиците на македонските събития", публикувано във в-к "Македония", год. II, бр. 309, София, 21 октомври 1927 година“ (PDF). Посетено на 25.10.2021. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - „Йордан Мирчев от Прилеп, Вардарска Македония - "Реч от името на Македонската парламентарна група в Народното събрание", публикувано в "Стенографски дневници, 22 ОНС, II ИС", София, 20 октомври 1927 година“ (PDF). Посетено на 25.10.2021. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Тренчев, Георги. „Педагогическото отделение на Солунската гимназия (1887-1896 г.).“ Списание „Исторически преглед“, кн.1-2, София, 2004, стр. 59.
- ↑ Кандиларовъ, Георги Ст (1930). Българскитѣ гимназии и основни училища въ Солунъ (по случай на 50-годишнината на солунскитѣ български гимназии) (PDF). София: Македонски Наученъ Институтъ, печатница П. Глушковъ. стр. 88.
- ↑ Кандиларовъ, Георги Ст (1930). Българскитѣ гимназии и основни училища въ Солунъ (по случай на 50-годишнината на солунскитѣ български гимназии) (PDF). София: Македонски Наученъ Институтъ, печатница П. Глушковъ. стр. 110.
- ↑ Годишник на Варненската държавна мъжка гимназия Фердинанд I, бр.1, 1900 и 1904 година
- ↑ Александрова, Елена (2008). „Българската мъжка гимназия „Св. св. Кирил и Методий" в спомените на учителя Борис Янишлиев от гр. Дойран“. Македонски преглед. София: Македонски научен институт. XXXI (3): 128.
- ↑ Гребенаров, Александър (2006). Легални и тайни организации на македонските бежанци в България (1918 – 1947). София: Македонски научен институт. стр. 87. ISBN 9789548187732.
- ↑ Тюлеков, Димитър (2001). Обречено родолюбие. ВМРО в Пиринско 1919-1934. Благоевград: Университетско издателство „Неофит Рилски“. ISBN 954-81-87-56-6.
- ↑ Гребенаров, Александър (2006). Легални и тайни организации на македонските бежанци в България (1918 – 1947). София: Македонски научен институт. стр. 187–189. ISBN 9789548187732.
- ↑ Михайловъ, Иванъ (1973). Спомени, томъ IV. Освободителна борба 1924 – 1934 г. (продължение) (PDF). Indianapolis, IN, USA: Western Newspaper Publishing Co., Inc. стр. 469. no-break space character во
|title=
во положба 43 (help) - ↑ Гребенаров, Александър (2006). Легални и тайни организации на македонските бежанци в България (1918 – 1947). София: Македонски научен институт. стр. 194. ISBN 9789548187732.
- ↑ Македония - История и политическа съдба, Том II. София: ИК „Знание“. 1998. стр. 193.
- ↑ Гребенаров, Александър (2006). Легални и тайни организации на македонските бежанци в България (1918 – 1947). София: Македонски научен институт. стр. 209. ISBN 9789548187732.
- ↑ Гребенаров, Александър (2006). Легални и тайни организации на македонските бежанци в България (1918 – 1947). София: Македонски научен институт. стр. 220. ISBN 9789548187732.
|
- Луѓе од Прилеп
- Родени во 1874 година
- Прва генерација на матуранти од Солунската машка гимназија
- Македонски политичари
- Македонци во Бугарија
- Учители на Бугарската егзархија
- Македонски преселници во Бугарија
- Дејци на ВМРО
- Апсолвенти на Софискиот универзитет
- Учители во Скопското педагошко училиште
- Учители во Солунската бугарска машка гимназија
- Македонски просветители
- Македонски публицисти