Јордан Камчев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јордан Камчев

Јордан (Орце) Камчев (р. 24 јули 1970 во Скопје) — македонски стопанственик. Тој е претседател на одборот на директори на „Аџибадем Систина[1] и извршен директор на фирмата „Орка Холдинг“[2] чиј сопственик е неговата мајка.[3]

Биографија[уреди | уреди извор]

Син е на македонскиот стопанственик Илија Камчев кој во времето на СФРЈ бил директор на „Македонија Спорт“.[4]

Дипломирал на Економскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Во 1990 година ја основа фирмата „Орка“ која на почетокот ја води неговиот татко. Подоцна оваа фирма, која на почетокот се занимава само со трговија и спортска опрема прераснува во „Орка Холдинг“.

Во брак стапува два пати. Првиот пат со Олга Костовска (ќерка на Трифун Костовски - поранешен градоначалник на Скопје). Во 2007 година стапува во брак со Ана Ѓоргиева.[5]

Инвестиции на Камчев[уреди | уреди извор]

Камчев е сопственик и акционер во повеќе македонски претпријатија, меѓу кои:

  • Орка Холдинг а.д. Скопје
  • Орка Спорт
  • Интерспорт
  • КБ Аџибадем Систина
  • Систина Нефроплус
  • Монт
  • Хотел Мериот - Скопје[6]
  • Hotel ibis Skopje City Center
  • Sushico
  • Медиа Принт Македонија (МПМ)[7]
  • Графички Центар Скопје - Во сопственост на оваа фирма беше фирмата МПМ.[8] Весниците „Утрински весник“ и „Вест“ престануваат со излегување на 29 април 2017 година (два дена по настаните во Собранието кои се случија на 27 април 2018). Фирмата Графички центар е затворена во текот на следниот месец.[9]
  • ЗК Пелагонија
  • Стопанска Банка а.д. Битола
  • Здравје Радово - млекарница
  • Жито Полог а.д. Тетово
  • Бетон-Штип а.д. Штип

Контроверзи поврзани со инвестициите на Камчев[уреди | уреди извор]

Бетон - Штип — Според истражувањата на Брин Македонија оваа фирма, во рамките на поректот Скопје 2014, има изведено вкупно 7 објекти во вредност од 54,82 милиони евра.[10]

Офшор-фирми — Според истражувањата на БРИН Македонија во овие фирми („Стопанска банка АД – Битола“, Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“, млекарницата „Здравје Радово“ „Бетон“ АД – Штип) се наоѓа и капитал од офшор-компанијата „Ексико“.[11]

Графички центар — Според информациите пласирани од СДСМ во 2014 година фирмата „Графички центар“ во периодот од 2011 до 2014 година од државата има добиено тендери во вредност од околу 10 милиони евра.[12]

ЗК Пелагонија — Според информациите од СДСМ земјоделскиот комбнат Пелагонија е фирмата која има добиено најмногу субвенции, во висина од околу 2,5 милиони евра, од тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ.[12] Според понови информации, публикувани во 2016 година од страна на БРИН Македонија, за периодот од 2011 до 2014 година ЗК Пелагонија има добиено субвенции во висина од околу 6,4 милиони евра.[13] Според податоците кои ги има публикубано БРИН Македонија ЗК Пелагинија сѐ уште претставува најголем примател на субвенции од државата.[13]

Политички ангажмани и ставови[уреди | уреди извор]

Во деведесетите години Камчев е потпредседател на подмладокот на СДСМ кога председател е Радмила Шеќеринска.[14] На изборите во 1998 година тој е кандидат за пратеник на СДСМ во една од скопските изборни едеиници.[14] Изборите ги губи од Данило Глигоровски (ВМРО-ДПМНЕ). Потоа го напушта активниот ангажман за СДСМ. Во 2003 година излегува од партијата.

Во истиот период неговиот татко е високо позициониран во ВМРО-ДПМНЕ.[14]

Во периодот пред одржување на референдумот за Договорот со Грција тој се изјаснува дека ќе го поддржи.[3] Во истото интервју се вели дека тој повеќе не е пријател со Сашо Мијалков (кум од вториот брак) и дека по тоа прашање се разликуваат.[3][14]

Општествена активност[уреди | уреди извор]

Во 1998 година, на 28 годишна возраст, Камчев е избран за претседател на Кошаркарска Федерација на Македонија,[15] а бил најмладиот на таа функција.

Јордан Камчев е претседател на Фондацијата „Илија Камчев“.[16][17]

Во 2012 година „Орка Холдинг“ донира жирафа на Зоолошката градина во Скопје.[18]

Во декември 2016 избран е за потпретседател на Македонскиот олимписки комитет.[19]

Останато[уреди | уреди извор]

Угледниот магазин Forbes го прогласува за најбогат Македонец во 2016 година.[14][20]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Менаџмент“. Аџибадем Систина. конс. 2 февруари 2016. 
  2. „Корпоративна структура“. Орка Холдинг. конс. 2 февруари 2016. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „ОРЦЕ КАМЧЕВ: Да нема дилема, јас лично би потпишал ист договор со Грција“. Портал Фактор (Фактор Портал ДОО Скопје). конс. 10 ноември 2018. 
  4. 4,0 4,1 Ненадејно почина бизнисменот Илија Камчев, Вечер, 14 август 2009 година [1]
  5. 5,0 5,1 ОРЦЕ КАМЧЕВ НЕ Е ВЕЌЕ ПЛЕЈБОЈ. СЕ ОЖЕНИ., Вечер, 26 juli 2007 година [2]
  6. 6,0 6,1 „Камчев влезе во сопствеништвото на „Мериот““. БИРН Македонија.  Text "http://prizma.mk/kamchev-vleze-vo-sopstvenishtvoto-na-meriot/" ignored (помош); [3]
  7. 7,0 7,1 „Камчев ги купи весниците на МПМ“. mkd.mk. 09-01-2012.  Text "https://www.mkd.mk/5112/makedonija/kamcev-gi-kupi-dnevnik-vestutrinski-vesnik" ignored (помош); [4]
  8. 8,0 8,1 „„Утрински весник“ и „Вест“ излегоа за последен пат“. БИРН Македонија. конс. 10 ноември 2018. 
  9. 9,0 9,1 „„Графички центар“ оди во стечај“. Fokus.mk. конс. 10 ноември 2018. 
  10. 10,0 10,1 „Скопје 2014 под луп“. БИРН Македонија. конс. 10 ноември 2018. 
  11. 11,0 11,1 „Бизнис мрежата околу Коста Крпач е обвиена со офшор-мистерии“. БИРН Македонија. конс. 10 ноември 2018. 
  12. 12,0 12,1 12,2 „Мијалков или кој стои зад фамозната Ексико премиере Груевски?“ (Македонски). СДСМ. 18-03-2014. конс. 10 ноември 2018. 
  13. 13,0 13,1 13,2 „Топ 5 фирми што зеле најмногу земјоделски субвенции“.  Text "http://prizma.mk/top-5-firmi-shto-zele-najmnogu-zemjodelski-subventsii/" ignored (помош); [5]
  14. 14,0 14,1 14,2 14,3 14,4 14,5 Камчев се скара со Мијалков, ќе гласал со “за” на референдумот, Magazin.mk, 17 септември 2018 година [6]
  15. Наумоски: ќе работам во интерес на кошарката“, „Утрински Весник“, 28 април 2015 (посет. 2 февруари 2016 г).
  16. „Управен одбор“. Фондација „Илија Камчев“. конс. 2 февруари 2016. 
  17. „Управен одбор“. Фондација „Илија Камчев“. конс. 2 февруари 2016. 
  18. 18,0 18,1 „Жирафата-нов жител на Зоолошката градина во Скопје“. mkd.mk.  Text "https://www.mkd.mk/55480/makedonija/skopje/zirafata-nov-zitel-vo-zooloshka-gradina-vo-skopje" ignored (помош); [7]
  19. 19,0 19,1 „Орце Камчев, најбогат Македонец“. mkd.mk.  Text "https://www.mkd.mk/sport/drugi-sportovi/vasil-tupurkovski-ostanuva-na-chelo-na-mok/" ignored (помош); [8]
  20. 20,0 20,1 „Васил Тупурковски останува на чело на МОК, Камчев и Буштур потпретседатели“. mkd.mk.  Text "https://www.mkd.mk/makedonija/orce-kamchev-najbogat-makedonec/" ignored (помош); [9]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]