Јордан Икономов
Изглед
Јордан Икономов | ||
Роден | 1896 Крива Паланка, Отоманско Царство | |
---|---|---|
Починал | 29 ноември 1956 Скопје, СФРЈ | |
Националност | Македонец | |
Занимање | градежен инженер |
Јордан Икономов (роден во 1896 година во Крива Паланка - починал на 29 ноември 1956 година во Скопје) — македонски градежен инженер, вонреден професор на Градежниот факултет во Скопје (1949 г.) по предмети од областа на комуналната хидротехника, хидрологијата и мелиорациите. Завршил Технички факултет во Виена. Напишал скрипти за предметите хидрологија и за Канализација.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Икономов“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 596. Text "series " ignored (help)