Јордан Богески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јордан Богески
Роден 1919 година
Ехлоец, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 2 октомври, 1943 година
Кичево, Македонија
Националност Македонец

Јордан Спиров Богески ( 1919 во Ехлоец, Кичевско2 октомври 1943 во Кичево) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Споменик од НОВ, во Ехлоец на кој е впишано и името на Јордан Богески

Животопис[уреди | уреди извор]

По завршувањето на основното училиште, поради тешките услови за живеење бил принуден да замине на печалба во Белград. По окупацијата се вратил во своето родно село откаде заминал на работа во еден рудник кај Катланово. Цврсто решен да се бори против фашистичкиот окупатор, повторно се вратил во својот крај и се приклучил во Кичевско мавровскиот партизански одред во летото 1943 година. Со одредот учествувал во повеќе акции. Во септември 1943 година бил во слободно Кичево, а на 1 октомври, по борбата на Буковиќ, учествувал во борбите за одбрана на слободната територија. На 2 октомври 1943 година, во близината на Кичево, балистите го фатиле и го стрелале.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 43.