Јон Ола Санд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јон Ола Санд
Роден(а)21 декември 1961 (1961-12-21) (57 г.)
Норвешка
НационалностНорвешка норвежанец
Занимањетелевизиски извршен директор
РодителиБјерн Санд
Уни Бернхофт
РодниниБјас Бернхофт (дедо)

Јон Ола Санд (роден на 21 декември 1961) е норвешки телевизиски извршен директор, кој работи за Норвешката радиодифузна корпорација (НРК).

Од 2010 година е познат како главен извршен супервизор на Изборот за песна на Евровизија, најстариот меѓународен музички фестивал во светот, а од 2016 година е супервизор, исто така, и на Детскиот избор за песна на Евровизија.

Евровизија[уреди | уреди извор]

Во 2010, Санд бил назначен за извршен продуцент на 55-тото издание на Евровизија, кое се одржало во Осло, во организација на НРК, и бил одговорен за организирацијата на настанот по победата (во 2009) со белорусинот (натурализиран норвежанец) Александар Рибак.

Подоцна, на 26 ноември 2010 година, Санд бил назначен за извршен супервизор на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) а со тоа и на Натпреварот за песна на Евровизија, откако Сванте Стокселиус поднесол оставка од функцијата.

Така тој го направил своето деби како извршен супервизор на Евровизија во Диселдорф во 2011 година.[1]

Во 2016 година тој бил назначен за извршен супервизор на Детскиот избор за песна на Евровизија, по отпуштањето на Владислав Јаковлев.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "ЕБУ", уред. (26 ноември 2010). „Jon Ola Sand new Executive Supervisor“ (англиски). конс. 24 мај 2016. 
  2. eurovision.tv (уред.). „Malta to host the 14th Junior Eurovision Song Contest!“ (англиски). конс. 24 мај 2016.  Unknown parameter |data= ignored (помош);

Поврзано[уреди | уреди извор]