Јон Милош

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Јон Милош — српски поет, преведувач и есеист[1].

Животопис[уреди | уреди извор]

Милош е роден во 1930 година во Сутјеска крај Зрењанин, Југославија. Дипломирал филозофија на Универзитетот во Белград, а постдипломски студии завршил на Сорбона во Париз. Од 1964 година живее и работи во Малме, Шведска, како професор за странци предавајќи француски, српски, романски и шведски јазик. Почесен член на Друштвото на писателите на Македонија. Автор на книгите: „Пупки“ (Вршац 1953), „Од денес до утре“ (Крушевац 1986). Автор е на изборот од творештвото на шведскиот поет Артур Лундквист, добитник на наградата Златен венец на Струшките вечери на поезијата за 1977. Составувач е на Антологијата на современата шведска поезија објавена на македонски (Скопје, 1988) и на Антологијата на современата македонска поезија, објавена на шведски (Малме 1989). Во посебни книги објавил избор песни во негов препев од македонските поети Блаже Конески, Матеја Матевски, Гане Тодоровски и Радован Павловски, како и романот Вест Ауст од Божин Павловски. Добитник е на наградата „Артур Лунквист“ (1978)[2].

Наводи[уреди | уреди извор]