Јон Арне Рисе

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јон Арне Рисе
John Arne Riise
John Arne Riise.JPG
Лични податоци
Роден на 24 септември 1980 (1980-09-24) (33 г.)
Роден во Молде, Норвешка
Висина &100000000000001880000001,88 м
Положба лев бек
Клупски податоци
Сегашен клуб Фулам
Број 3
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1996–1998 Алесунд 25 (5)
1998-2001 Монако 44 (4)
2001–2008 Ливерпул 234 (21)
2008-2011 Рома 99 (7)
2011- Фулам 57 (0)
Репрезентација
2000- Норвешка 109 (16)
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Јон Арне Семундсет Рисе (роден на 24 септември, 1980 година во Молде, Норвешка) е норвешки фудбалер кој игра на позицијата лев бек. Во моментов тој игра за англискиот Фулам и норвешкиот национален тим, каде што со 109 настапи тој е рекордер по бројот на изиграни натпревари.

Рисе ја започнал својата професионална кариера во Алесунд, откаде потоа преминал во редовите на Монако. Во 2001 година се преселил во Премиер лигата, потпишувајќи за Ливерпул, за кој играл седум години и станал европски клубски првак, а во 2008 година направил трансфер во екипата на Рома.

Тој е постар брат на Бјерн Хелге Рисе, кој е истотака професионален фудбалер.

Почетокот на кариерата[уреди]

Рисе ја започнал својата кариера во неговата татковина со екипата на Алесунд. По една одиграна сезона за сениорите на клубот, тој се преселил во странство во 1998 година, потпишувајќи за Монако, каде поминал три години во кој се афирмирал како играч.

Тој бил редовен член во стартната постава на Монако во сезоната 1999-2000 во Лига 1, давајќи сериозен придонес во освојувањето на титулата за својот клуб. Сепак, тој паднал во немилост на тренерот Клод Пуел, откако признал дека сака да го напушти клубот. Рисе бил предмет на интерес на англиските клубови од Премиер лигата, особено на Фулам и Лидс Јунајтед па и двата клуба испратиле понуди вредни 4.000.000 £ во 2000 година, но и двете не довеле до ништо откако Монако објавил дека бара 6.000.000 £ за неговите услуги.

На крајот тој бил продаден на Ливерпул за сума од 4.000.000 £, наредното лето.[1]

Кариера[уреди]

Ливерпул[уреди]

Рисе во дресот на Ливерпул

Тој го направил своето деби за Ливерпул на 24 август 2001 во натпреварот од УЕФА Супер Купот против Баерн Минхен игран на Стад Луј Втори. Тој го постигнал првиот гол во натпреварот со кој му помогнал на Ливерпул да победи во натпреварот со 3-2[2]. Тој, исто така, постигнал многу важни голови во текот на сезоната и во натпреварите од Премиер лигата против тимови како Арсенал, Евертон, Њукасл и Манчестер Јунајтед. Рисе првично го носел дресот со бројот 18 на својот грб, но го променил со дресот со бр.6 во сезоната 2004-2005 сезона, кој бил испразнет по заминувањето на дефанзивецот Маркус Бабел. Тој постигнал десет гола во својата прва сезона со Ливерпул, што беше феноменално постигнување за играч кој игра во одбраната и притоа немал никакво искуство во Премиер лигата пред тоа.

Тој одиграл две сезони (2002-03 и 2003-04) кој стручњаците ги сметале за под-просечни, но повторно ја вратил својата најдобра форма во сезоната 2004-05 кога Рафаел Бенитез бил назначен за менаџер. Освоил победнички медал во Лигата на шампионите, кога во финалето асистирал за првиот гол на Ливерпул, со кој бил наговестен пресвртот во натпреварот против Милан. Иако Рисе бил единствениот играч на Ливерпул кој нереализирал во пенал-рулетот (неговиот удар бил одбранет), по завршувањето на натпреварот имал право да се радува и ужива во трофејот исто колку и неговите соиграчи заради големиот придонес кој го дал во кампањата на црвените. Во фианлето на Лига купот 2005 година тој постигнал погодок уште во првата минута од натпреварот, но сепак, Челзи на крајот победил со 3-2 по продолженијата.

Во јануари 2006 година, Рисе потпишал нов договор со клубот од Енфилд кој би требало да го задржи до 2009 година. Во февруари 2008 година, Рисе ја објавил својата желба да остане во Ливерпул до крајот на неговата кариера.

Тој му помогнал на клубот да го освои ФА Купот во сезоната 2005-06, постигнувајќи гол во полу-финалето против Челзи и успешно го извел неговиот удар од белата точка во пенали-серијата против Вест Хем во финалето.

По сиромашните перформанси и слабата формата на гостувачките натпревари на Ливерпул во есента 2006 година, Рисе реагирал на коментарите поставени од соиграчиите Пепе Реина и Џејми Карагер дека Ливерпул може да се отпише од трката за титулата во лигата, велејќи: "Ние никогаш нема да се откажеме. Кукавиците се откажуваат.".

Рисе во Мерсисајдското дерби против Евертон.

Рисе влегол во првите 50 на листата на играчи со најмногу настапи за Ливерпул на сите времиња, играјќи во нивната убедлива победа со 5-0 над Лутон Таун на 15 јануари 2008 година.

На 22 април 2008 година, Рисе доживеал еден од својте најлоши моменти за време на неговата кариера на Енфилд. Во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите против Челзи во Ливерпул, тој постигнал автогол во 95-тата минута од натпреварот со кој го изедначил резултатот. Ливерпул го загубил вториот натпревар нагости со 3-2 по продолженија и биле елиминирани од турнирот со вкупен резултат од 4-3.

Ромa[уреди]

Во текот на сезоната 2007-08, природната позиција на Рисе често била земена од страна на Фабио Аурелио, бразилецот се утврдил како прв избор за лев бек на клубот. Покрај тоа што бил поврзуван со трансфер во други англиски клубови, на 18 јуни 2008 година Рисе потпишал четири-годишен договор со Рома. Клубот платил 5.000.000 € вкупно (кои би можеле да одат до € 5.500.000), вклучувајќи 2.800.000 € годишно. Рисе наскоро станал омилен меѓу фановите со неговата напорна работа, упорност и дух со кој ги одвел Римјаните до неколку важни победи. Всушност, првиот гол на Рисе за клубот бил против лидерот во лигата Интер во клучен натпревар кој претставувал борба за врвот на табелата. Два месеци подоцна, тој постигнал погодок повторно на истиот стадион овојпат против Милано со прекрасно изведен слободен удар во горниот десен агол, а исто така, направил и асистенција при вториот гол на Рома во натпреварот. Рисе бил избран за играч на натпреварот, кој завршил со победа на Рома од 3-2.

Рисе во Рома.

Следната сезона (2009-10) била поуспешна како за него така и за клубот. Својот прв погодок во сезоната го постигнал на 13 септември 2009, против Сиена во 89-тата минута, носејќи и многу важна победа на Рома со 2-1 нагости. На 24 јануари 2010 година, Рисе постигнал уште еден доцен победнички погодок, стрелајќи прецизно со глава во третата минута од судиското продолжение за да и донесе пресврт-победа на Рома со 2-1 над Јувентус. Тој исто така бил одговорен за исклучувањето на голманот на Јувентус Џанлуиџи Буфон во истиот натпревар, кога Рисе излегол сам пред него на 20-тина метри од голот, а Буфон немал друг избор освен да го фаулира крилниот бек. Со оглед на природата на играта, тоа се гледа како еден од најнезаборавните моменти на Рисе дресот на Рома. До крајот на сезоната тој постигнал уште три првенствени гола против Палермо, Сиена повторно и Болоња, помагајќи му на својот тим да заврши на второто место на табелата со два бода помалку од шампионот Интер.

Во последната сезона (2010-2011) како играч на Рома, Рисе постигнал само еден погодок и тоа на стартот од сезоната во Суперкупот на Италија, каде Рома загубила со 3-1 од Интер. Тој бил стандарден и во оваа сезона одиграл 32 натпревари во Серија А, 4 во Купот на Италија и 5 во Лигата на шампионите, но во ниту едно од овие натпреварувања неуспеал да постигне погодок.

Фулам[уреди]

Рисе играјќи за Фулам во 2012 година

На 13 јули 2011 година, Фулам објавил дека Јон Арне Рисе потпишал три-годишен договор со клубот за необјавена сума. Со тоа Рисе му се придружил на својот брат, Бјерн Хелге Рисе во Фулам, кој пак потпишал за лондонскиот клуб во 2009 година. Јон Арне Рисе го направил своето деби за Фулам на 21 јули 2011, во натпревар од Лига Европа против северноирскиот тим Крусејдерс на Крејвен Котиџ. Неговиот прв лигашки натпревар за Фулам дошол на 13 август 2011, во рамките на првото коло за сезоната 2011-12, кога Фулам одиграл 0-0 со Астон Вила на свој терен. Од своето доаѓање, тој бил редовен стартер на позицијата лев бек во најголемиот дел од натпреварите во лигата, пропуштајќи само три. На 22 декември 2012 година, Рисе добил овации од трибината Коп за време на натпреварот против неговиот поранешен клуб Ливерпул. Од The Kop, трибината на која седат најверните навивачи на Ливерпул, исто така била пеена "Песна за Рисе" во текот на натпреварот како знак на почит кон нивниот поранешен играч.

Репрезентативна кариера[уреди]

Јон Арне Рисе го направил своето деби за националниот тим на Норвешка против Исланд на 31 јануари 2000 година. Неговиот прв репрезентативен гол дошол во пријателски натпревар одигран на 23 февруари 2000 против Турција, во кој Норвешка победила со 2-0. Во текот на следната деценија, Рисе бил постојано прв избор на позицијата лев бек во Норвешкиот репрезентативен состав. На 12 ноември 2011 година, тој го одиграл својот 100-ти јубилеен репрезентативен натпревар, кога Норвешка загубила со високи 4-1 од Велс. На 15 август 2012 година, Рисе го одиграл својот 104 натпревар за Норвешка и го израмнил рекордот за најмногу репрезентативни настапи на Торбјерн Свенсен. Во моментов тој е осамен на врвот на оваа листа со 109 настапи.

Репрезентативни настапи и голови[уреди]

Статистика на кариерата[уреди]

Клубови[уреди]

Клуб Лига Куп Лига куп Континентални Вкупно
Сезона Клуб Лига Натп Гол Натп Гол Натп Гол Натп Гол Натп Гол
Норвешка Лига Норвешки куп Лига куп Европа Вкупно
1997 Алесунд Премиер лига 8 1 8 1
1998 17 4 17 4
Франција Лига Куп на Франција Лига куп на Франција Европа Вкупно
1998–99 Монако Лига 1 7 0 0 0 0 0 1 0 8 0
1999–00 21 1 0 0 0 0 6 1 27 2
2000–01 16 3 0 0 2 0 2 0 20 3
Англија Лига ФА Куп Лига куп Европа Вкупно
2001–02 Ливерпул Премиер лига 38 7 2 0 0 0 15 1 55 8
2002–03 37 6 3 0 4 0 11 0 55 6
2003–04 28 0 1 0 2 0 4 0 35 0
2004–05 37 6 0 0 5 1 15 1 57 8
2005–06 32 1 6 3 0 0 12 0 50 4
2006–07 33 1 1 0 1 1 11 2 46 4
2007–08 29 0 2 0 2 0 8 0 41 0
Италија Лига Куп на Италија Лига Куп Европа Вкупно
2008–09 Рома Серија А 31 2 3 0 8 0 42 2
2009–10 36 5 3 0 11 2 49 8
2010–11 32 0 4 0 5 0 41 0
Англија Лига ФА Куп Лига куп Европа Вкупно
2011–12 Фулам Премиер лига 36 0 0 0 0 0 5 0 41 0
2012–13 21 0 1 0 0 0 0 0 22 0
Вкупно Норвешка 25 5 25 5
Франција 44 4 0 0 2 0 9 1 55 5
Англија 291 21 16 3 14 2 76 4 397 30
Италија 99 7 10 0 24 2 133 9
Вкупно во кариерата 459 37 26 3 16 2 109 7 610 49

Репрезентација[уреди]

Норвешка
Година Натп Гол
2000 7 1
2001 4 0
2002 9 2
2003 11 0
2004 10 0
2005 10 2
2006 6 0
2007 11 2
2008 8 1
2009 9 4
2010 7 1
2011 8 1
2012 8 2
2013 1 0
Вкупно 109 16

Приватен живот[уреди]

Рисе има помлад брат, Бјерн Хелге Рисе, кој бил негов тимски колега во Фулам.

Рисе бил во брак со неговата љубов од детството, норвешкиот модел Гури Хавневик, од 2003 [3] додека тие се развеле во 2004 година. Тој има една ќерка со Гури по име Аријана, родена во јануари 2001 година. Името на Аријана, тој го има истетовирано на десната рака, што е посебно лесно забележливо кога изведува аути.

Тој се верил со Марија Елвегард во 2007 година. Двојката требала да стапи во брак во текот на летото на 2008 година, но морале да го одложат денот откако Рисе се преселил во Рим. Тие се венчале на 21 јуни 2010 година во приватна церемонија во Њујорк, поканувајќи ги само семејството и блиските пријатели. Марија се одлучила да има двојно презиме, Елвегард Рисе.

Со Марија, тој има една ќерка по име Ема родена на 4 август 2009 година, и еден син по име Патрик роден во ноември 2011 година. За разлика од Аријана, имињата на Ема и Патрик тој ги има истетовирано на левата рака. Во февруари 2012 година, тие најавиле дека ќе се разведат.

Титули[уреди]

Франција Монако[уреди]

Англија Ливерпул[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]