Јонче Снегар
| Јонче Снегар | |
|---|---|
| Роден(а) | Јонче Снегаров ок. 1840 Охрид, Отоманско Царство |
| Починал(а) | 1882
Охрид, Отоманско Царство |
| Народност | Македонец |
| Занимање | книжевник, преведувач |
| Значајни дела | во текстот |
| Деца | Иван Снегаров |
Јонче П. Снегар (Охрид, ок. 1840 – Охрид, 1882) — македонски книжевник и преведувач од Охрид.
Животопис
[уреди | уреди извор]Роден е околу 1840 г. во Охрид,[1] тогаш во Отоманското Царство, во маалото Пандонос. Мајка му, Кира, била потомка на Кузман Капидан.[2] Учел во грчко училиште, веројатно кај Димитар Миладинов. Работел како ќурчија (крзнар), а подоцна како бакал.[3]
Тој преведувал литургиски текстови и поучни зборови од грчки јазик во охридскиот дијалект. Во 1870 г. составил дамаскини и мал речник. Зачувани се три ракописни збирки кои се преводи на Јонче Снегар. Тие денес се чуваат во Научниот архив на БАН во Софија.[4] Првата збирка се состои од толкување на Божјите заповеди, маките во Адот, житието на Св. Антониј Велики, Оче наш, две молитви кон Св. Богородица, молитва пред причест, молитва за по причест, како и апокрифна поука на Исус Христос. Втората збирка се состои од грчки зборови и изрази, преводи на македонски народен јазик, лекарски совети, молитва кон Богородица и житие за Св. Никола, а третата збирка се состои од расказот за пренесување на моштите на Св. Никола, житието за Св. Еразмо и за Св. Јован Владимир.[5]
Починал во 1882 г. во несреќа со коњ.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Снегаров, Иван. Книжовни опити на охридско наречие с гръцко писмо, Македонски преглед, година I, 1925, кн. 4, с. 67. Д. Христов приема, че е роден около 1842-1845 г. - Христов, Димитър. Охридско утро, Софийска привечер. Градовете и годините на Иван Снегаров, София, Издателство на БАН „Проф. Марин Дринов“, 2021, с. 24.
- ↑ Снегаров, Иван. Жития на народни светии, писани на охридско наречие с гръцко писмо, Македонски преглед, година I, 1925, кн. 5 и 6, с. 24.
- ↑ Снегаров, Иван. Книжовни опити на охридско наречие с гръцко писмо, Македонски преглед, година I, 1925, кн. 4, с. 67.
- ↑ Научен архив на БАН, ф. 84, а.е. 617.
- ↑ „Како говореле и пишувале Македонците во 1870 година“. Нова Македонија (25802). 19 април 2023. Посетено на 29 ноември 2025.